Majki jas zemav boleduvanje 10 rabotni dena, i mi odzimaa mnogu od firmata pa mi rekoa DEKA ke odnesat narednata nedela vo FZO i deka ke dobijam od niv pari zaradi nega na dete... samo neznam koga bi dobila? Ima li nekoja iskustvo??
Некој со искуство да ми каже кој пробиотик да го земам за на одмор во случај на дијареја? Провен, Пролајф или Нормиа? Плус замена за Камагел што може да се земе? Не можам да најдам Камагел.
Дали некоја мајка се соочила со дијагностициран страбизам кај бебе? Да ми сподели искуство ако не е проблем
Мајки ние сме скоро 11 месеци , си лази наназад и лежи на стомак , си станува сам да седи од стомак на газ Ама сеуште не се исправува а има обиди за тоа , дали има простор за паника или да не го форсирам?
Да не паничиш, да не форсираш, преку ноќ ќе смени. Обезбеди му простор и вежби. Лази пред него за да те гледа и тој да пробува да те имитира. Исто истегнувај се, исправај се со придружување, реди му играчки на кревет, маса, друга безбедна површина за да пробува да ги фаќа. Важно е да ја зајакне мускулатурата, па да вежба рамнотежа.
Мајки дали некоја користите Infacalm, Colief капки или Nurse Harvey's сирупче да ми кажите искуство. Мака мачиме со грчевите, па овие ми ги препорача д-р, не знам кој да ги пробам.
Ќерка ми втор пат ја мачкам со белка, втор пат јавува реакција. Педијатарот ми.рече дека ако јави реакција ќе ја одложуваме МРП, а закажана ни е точно на година. Ај јајца нека не јаде ама многу ми е страв да не не може вакцинава да ја прими, а почнува во градинка. Има некој вакво искуство бебе да јави реакција, па подоцна да не јави, да може да јаде белка?
Остави го. Мојата на година почна да лази, на година и 4 месеци почна да оди сама. Штом има обиди да се исправа сам не е страшно
Знам дека имаш безрезервна доверба во педијатарот, ама јас мислам да побараш уште едно мислење. Баш со нашиот матичен педијатар кога разговарав на темава (нели син ми на млечни производи реагираше, а ммр во состав има лактоза) ми рече дека порано одложувале ммр и кај деца алергични на млечни и кај алергични на јајца, ама сега се поинакви препораките.
Ние...првично на 9 месеци даде реакција на жолчка, па одложив до 11 месеци, па ја воведов тогаш без проблем...за белката чекав доста време...исто на мачкање некаде на година и некој месец одма лактот жар црвен...и ништо ја баталив белката реков не ја воведувам, ќе пробаме пак кога е голем..иначе претходно матичната ми рече дека нема врска, порано се мислело дека протеините кои се во белката се слични со протеините во МРП, ама дека одамна е докажано спротивното...ама пошто не одеше во градинка ај реков ќе му ја одложам МРП, па и се разболе еднаш два пати и останавме и без белка и без МРП се дури една другарка ми вика ме вратија од диспанзер, ако немало бебето пробано белка не му давале МРП...аааа си велам тие ќе ми кажат дали да давам белка што се замислуваат, и дури се токмев да одам кај матичната да ми даде потврда дека не смее да јаде јајце ајде реков ќе пробам ќе сварам ќе му дадам...а еднаш му направив проја со цело јајце и немаше реакција...еден ден дадов ама неколку трошки, немаше реакција..ајде реков храбра биди, следниот пат цела белка во каша..исто без реакција...следно цело јајце во каша пак без реакција...премногу ми олесна да ти кажам зошто од кога почнавме со дохрана на секоја втора храна беше со реакција..и МРП ја примивме, веќе повеќе од две недели поминаа, без проблем Мој совет да дадеш прво цело јајце во нешто готвено..палачинка, мафина, проја и слично..ако веќе си на став да не прима вакцина дури не проба белка...
Имаше една мајка во диспанзер прашуваше која вакцина од кој производител ја имаат затоа што детето и било алергично на јајце. Претпоставувам и кажале од кој производител да бара, ваљда педијатарот.
И со други разговарав. Колешка докторка стои на истото, да не и ја брзам ако јавува реакција. Дека сакав јас точно на година. Двајцата викаат после 13 мес обавезно. Еден на милион е реакцијата ама па сепак ги растат во клетки од пилешки ембриони вирусиве...ме замислија ептен....