Не се замарај ич. Една година ќе направи освен кај баби и дедовци што ги гледа најмалку 2 пати секоја недела од раѓање кај друг шанса нема да отиде. Дури и ако биле на одмор и ги подзаборавил не се пушта првиот пола саат Се закача со други луѓе им се смее ама во раце кај нив тешка работа. Мене ми е нормално, нема сигурно цел живот асоцијално да биде, бебе е си бара сигурна зона
Прифати Ние знаеме и по цел ден да сме сами, па мојава ако татко и ја земе рипа кај мене. Значи бетер. А истите коментари ги добивам
секое бебе е приказна за себе, мојата е исто сама со мене или до 17h или цел ден, мм често работи и две смени, ама ич не е мамина, така да не се замарај не е до тоа, буквално секој може да ја земе во раце и било каде да ја оставам, обожава луѓе, на сите им се смее, кој и да и прозбори се топи, кој и да ја земе кај сите подава раце дури вака кога ве читам колку се врзани бебињава за вас, се прашувам дали моево ме сака и зошто не?! секој со своите маки
Хахаха и ја се прашувам за моите исто. Немаат некој проблем да отидат кај друг во раце, ретки ситуации се тоа кога не сакаат.
Леле иста е мојава, некогаш ми е криво и цело време му тупам на маж ми исто и е дали е со мене дали е со баба и или некој друг. На улица на луѓе им се смее не ги ни знае... Си мислев дали е норамлно.. Викендов бевме кај баба и, таму имаше уште една баба, блиска ни е, знам дека знае како со деца и сега веќе не ми е ни проблем да ја земе некој како на почетокот. Ама, кога влеговме внатре јас ја држев во раце и бабава некако одма тргна да ја земе, да се погушка, и не ни очекував дека ќе изреагира бебево, леле кога ја зема кога врисна ама едно плачење и почна да се подава накај мене. Така убаво ми дојде некако во моментот дека сепак може ме сака . Инаку после се пушти и си седеше со нејзе, после си викам па било кој да ја држеше онака без најава да ја земе веројатно по тој што ја држел ќе се свртеше, а не по мајка и. @LazaLaza мислам дека е сосем нормално, а мислам дека и има еден период од кај 7-8 месеци кога баш сфаќаат дека може да се разделат од мајката и таткото и им делува страшно. Коментари ќе си има за се и сешто постојано, прифати и игнорирај.
И мојата беше иста. Скоро исти околности, сами сме до 17 часот после тоа доаѓа мм, плус и во странство сме. Ама сега ако не грешам тој период е баш околу црвената зона, тогаш учат за дистанца и близина и дека мама може да ги напушти ( да оди до вц де). Мојата и од татко и плачеше во него седеше само јас ако сум тука, од другите сите плачеше не сакаше ни да ја земаат, ни да ја допираат или закачкаат. Како расти и јас не периметив кога ама по социјална стана, сега е скоро 11 месеци и си седи и кај други. Со татко и проблем нема, п почнав и на работа да одам по 6 часа неделно што ми беше незамисливо.
Јас на пример нејќам кога некој многу ми се пика у личен простор и ми нарушува граници. Зошто да очекувам бебево (мое или било кое) да сака да го држи рандом особа? Пошто е бебе и тоа се очекува, да оди од еден на друг ко штафета? Истите коментари и јас ги добивав тој период, имаше денови кога не сакаше ни кај татко му иако се нон стоп заедно. Најверојатно беше пик на сепарациска анксиозност во прашње, период кој помина и сега нема проблем оди кај сите, ама и да беше обратно немаше ама ич да ме секира, јер тргнувам од мене.
Абе знаеш скроз си во право. И јас и татко сме така дивтари по убедување Ама јас на пример и други бебиња ако видам дека не сакаат да ги земам или општо да се закачаат ги оставам. Има луѓе бреее од раце ми ја земаат без да види како реагира. Вујна ми пред некој ден буквално ми ја измкна дури да и кажам немој и мојава зајде. А прв пат ја гледа. Јас реално немам проблем со тоа ни со тоа да оди во луѓе ама коментарите ме курчат што доаѓаат од веќе тазе мајка или мајки што веќе изгледале деца па се понашаат како да не знаат ништо за деца.
Ама на некои луѓе вродено им е да мрчат без разлика на ситуација. И од најубавото нешто ќе изедат трици за да се докажат. Батали ги.
Син ми е ист. Мислев ќе смени, ќе се опушти, ама не. Скоро 14м е и не се дели од раце од кај мене и татко му. Особено во нова средина и нови луѓе, му треба време да ја запознае од страна околината пред да се опушти. И ретко кликнува со други луѓе, не е баш friendly. На почетокот ме замислуваа такви коментари, особено од млади луѓе исто со мали деца, пријатели, ама сега ич не ми чуе. Детето ми е такво и го почитувам тоа. Се чувствува безбедно кај мене/татко му в раце и нема да му нарушам комфорт зона за на кеиф од Трајанка и Петко. Како ќе биде за во градинка или општо понатаму, ќе биде. Тие се поадаптабилни од нас. Ама тоа не значи фрли го в оган нека се снајди. Епа да се гушнеме. И @Tiny Love има искуство. Драма, драма...
@IRBBB тешка драма е од сега, не знам што ќе се прави само кога ќе потпорасне. Најново кога ќе и здосади да се вози во количка се зафрла со главата наопачки накај предниот дел од количката, така се вози обратно извртена и пискаааа...не знаат сите на потег Карпош
Барем седнува в количка. Каков отпор дава синче за в количка Само ако му е време за дремка, прифаќа да се вози. Ама штом се разбуди, пробува да откопча каиши и да го тргни оној делот пред него (поим немам како се вика) и пошто нормално не можи, следен чекор е пробување да се качи на седиште за да излези и крајно е врескање и пиштење како сирена. А по дома ако не му е нешто по мерак, седнува на земја, се витка, ја копа главата во подот како ној и плачи драматично со солзи. Ако за скоро попуштам, се сменува во дел од стотинката ко ништо да не било. Ако помине време, после се лути и ме игнорира и ако му давам нешто, па дури и нешто шо најмногу го сака, ми го турка.
Луѓе без осет. Ај нив нека ги земе во раце некој што прв пат го гледаат . Јас, ако некој побара да го земе во раце, прво си го прашувам бебето - “сакаш да одиш кај тој и тој?”. Доколку не се пика назад во мене и не негодува океј, ако почне да кенка откако ќе го земат си го враќам назад и ич не ме интересира дали се работи за баба, дедо, тетка, вујна или рандом пријатели. Тоа што не знае да збори и не може да избега, не треба да значи дека може да го гњави кој стигне, а тој да е должен да се смешка. Си има и тој свои преференции и жути минути и достоен е за почит како и секоја друга личност.
Не се должи на тоа што е само со тебе. Таква ти е беба. Ние живееме сами, може со денови да не се видиме со никој друг човек освен ние тројца па бебава кога ќе види друг некој да може ќе скокне одма само нас да не не гледа веќе И ич да не се замараш што како ќе кажеле. Кажи може сите имаат мајки ама како мене има само моето бебе и готово
Сосема се согласувам. Една другарка за бацувањето и гњавењето на бебињата со сила за да се запознаеле демек, ѝм вика "ај ако не и цицка дајте му за да се здушите побрзо" и нормално одма штама и никој не се напиња да го земе детето у раце
Сериозна ли си со муабетов? Сама сум со бебево по цел ден маж ми се прибира во 20,21ч. Кога некој доаѓа уште од врата им викам пред да покушаат да ја земат : не оди кај непознати ! Исто ако одиме некаде или по улица уште не сум им рекла здраво прво тоа им викам не ја чепкај. Мене не ми коментираат зошто вака зошто така, а и да ми рече некој ко демек на шала како сум ја разгалила или сум ја научила...им одговарам такви сме ние разгалени. Или недомаќинка мајкава е, одма заќутуваат. А да ти кажам право и ич не им се замарам се на мајтап им го вртам муабетот кога пробуваат да ме "советуваат" нешто па знам да им речам : "така ли треба?" Или "ај кажи ми ти како треба" мммм како требало ... И се смеам па се смеат и они кисело сваќаат дека не ме занима.
Моево бебе кај никој нејќе у раце, ни кај мене ни мм. Одма прета кенка, си сака слобода. И кој и да има мерак да го држи одма кажувам дека нејќе. Нека си седи у количка слободно збори му, занимавај го, ќе ти се смее ама нејќе гњавење и јбг тоа е тоа. Почитувај му ги границите. Мајка ми на пример ме напиња зошто не подавал раце кога ќе му подала она, требало да го учам. Или како ќе станува, треба кога ќе го кренам да дава знаци дека сака да оди и цитирам "вие на 10м сте прооделе, ете затоа ви каснат бебињата, ни дубак нејќете ни го форсирате да се исправа". Дафак, 9 месеци ќе пуни за 1 недела, секое бебе е различно.