Е како себеси да се слушам, мајка ми исто, ама за внесување на цврста храна Малово за некој ден полни 5м., она со муабетите : "Ја вас на 3 месеци морков ви давав, како тоа нема сокче да му даваш на детето?! А колку кила има сега? Ќе изгуглам колку треба да има. Да знаеш, кога ќе порасне малото ќе му кажам мама ти не сакаше да ти даде морковче на 3м.". Он "сирот" роден 2.8kg, сега скоро 8kg на 4+++, "неухранет", замисли.
Од коментари ќе го издвојам оној на свекрвата “ Не ме препознава, не ме прифаќа бебето”, 8 месеци имаше тогаш ќерка ми. Ај да е поголемо дете да разберам ама бебе од 8 месеци шо само на камера те гледа како да реагира
Е како 'како да реагира'? Ќе се стрча кон неа и на цел глас ќе вика 'бабооооооо!'. Ти па ништо не знаеш.
8 meseci sme, od koga fati toplivo pocna pod vratceto da bide Kako na slikava. Ve molam kazete mi so sto da mackam.
Со што да го мачкам малово, партал ми е направен од комарци? Само да напоменам дека раце и нозе му се постојано во уста. Имам купено mousti care ама се плашам да не лижне
Ако не се чеша, не реди ништо...и моево викендов го имаа најдено, лом, раце, позади...ама ништо не го чешаа, не ни ги чепкаше, го остадов и за два дена му се смирија...ако го чешаат консултирај педијатар да смееш синопен или нешто за алергија
А безбеден спреј против комарци за бебе? Од кој сте задоволни? Ми е страв да не го внесе преку лижење раце/нозе 7+ сме Иначе да, викендов инвазија од комарци
Не знам и јас се мислам не знам што да купам...го читам Mousticare по темиве, го гледав баш вчера во зегин ама не го купив..знам дека тој е безбеден и за трудници, кога бев трудна го користев, значи може и за бебиња
Вчера бев во Зегин со намера да го купам. Баш пташав за истово, бутање во уста. Аптекарката ми рече од тој аспект подобро Чико рол он и тој го земав.
Здраво мајки Денес на педијатар ми кажаа да избегнувам млеко и млечни производи поради сомнеж дека малата можеби има интолеранција на лактоза. Има 4 и пол месеци, по 5-6 пати кака денот, често е како проливче, се случува еднаш денот да е и зелено, да има слуз.. Грчеви еден период немаше воопшто и исчезнаа па сега веќе скоро месец дена пак има после секое цицање по некое време има грчеви и денски и поручек и навечер. Многу се мачи и ми е многу жал. Дали некој се соочил со интолеранција на лактоза, кои симптоми ги имавте и што предзедовте, како да и помогнам? Речиси постојано има болки во стомачето. И дали сите млечни производи да ги избегнувам или кефир и јогурт можи? Не ми кажа педијатарот ништо подегално
Има јогурт и млеко без лактоза на Алпско. Обичниот јогурт содржи лактоза, најверојатно и тој ќе треба да го избегнуваш.
Јас поради крвави столици на малиот извегнував само кравјо млеко, јогурт, кисело млеко, кашкавал не по совет од 3 ца педијатр Инаку и мојот имаше по 7 столици на ден, течни, експлозивни и чат пат крвави до 4м, откако почнавме со дохрана нема проблем. На крај испадна дека се му е од ротата, и не ги примивме 2 и 3 доза. Ако се сигурни дека е интолеранција е друга приказна, ама кај нас и при избегнување не се смени ситуацијата.
И ние со рота многу тешко поминавме но поминаа два месеци од тогаш, а другите две дози и во диспанзер ни рекоа да не ги клаваме. Можно е после два месеци уште да има последици ? Ја спомна педијатарот и вакцината но не го разбрав каква поврзаност има, мислев дека поминаа два месеци и не може да има уште последици..
А се среди самото после кога почнавте со дохрана ? Не е сигурно дали е тоа, зато ми рекоа да избегнувам млеко и млечни производи па да видиме дали ќе има подобрување
Епа изгледа тоа е јас си мислам, оти после вакцината глава не кренавме еден период малку беше подобро и ди реков толку помина вакцината, а кога пак почна мислев сега нешто друго е..
Да, откако почнавме со дохрана кака еднаш на ден нормално и нема до сега 6++ ниту една крвава столица.