Ние сме 11месеци, во дубак кога го ставам сеуште не знае да оди напред, само наназад и на страна ретко. Има ли простор за паника или ќе се научи пополека?
Кога почнавте да им давате парчиња храна? Ние сме 10м и немаме уште забчиња па мислам дека уште долго ќе блендираме...
Ако чекаш да никнат заби за џвакање, треба да му никнат 5ки, 6ки, 7ки Не џвакаат бебињата со заби, туку со непцата, имаат одличен притисок, нема потреба да чекаш да пораснат запчиња за да даваш неблендирана храна.
Јас блендер не ни имам. Заб извади на 7 мес, јаде од 5. Прво пасирано јадеше, сега на 10+++ се јаде и пасирано, и парчиња и бисквити и шпагети и патлиџани и таратор . Давај парчиња мама, големи сте. Вчера една позната ми кажува на внукот му блендирале уште, прво одд е, се шокирав. Едит: 2 заба има сега да не мислиш нешто многу дека има
Значи јас каснам од пусти страв. Имам дадено средичка, лубеница, диња, т.е помеки работи и ситни како за врапче Фала ви мами, да се престрашам тогаш..
Симни ја апликацијата Solid starts. Има примери која храна како се служи соодветно за возраста. Не значи дека мало ситно парче е и безбедно.
Не е дека касниш, ама не чекај заби тоа е муабетот. Мојава мислам со смоки , оние пченкарните на Лино научи да џвака и сите џвакајте дома со отворена уста да разбере што треба
Ќе биди интересно ајде здравје утре почнуваме секако. Ќе џвакаме секако само да се научиме и ние фала многу за советите
Ќе научи. Мојава на 14 месеци научи да оди. Од 9 по намештај одеше, мислев на 10 ќе почне сама ама не беше така. Ич не се секирај , дубак не ти треба.
Јас рачен блендер купив кога направи 9 месеци, кога сите почнуваат со парчиња. Од старт почнавме со пасирано и форсирав да јаде така, сервирав и парчиња според солид стартс, детево упорно одбиваше. Категорична бев дека нема да блендирам, па после си легнав на брашно кога сватив дека прошле 3 месеци, а никаков оброк не ми јаде. Не е се така црно и бело во животов, има и малце нијанси .
Нема врска, ќерка ми е скоро 12 месеци, стои со држење но не сака да се движи ако ја држиш или паткаш иако тоа јас воопшто не го сакам, туку сака самата да се движи додека се држи за оградата од игралната, и тоа е многу ретко. Не се грижам воопшто, се зацврстува и сака да биде сигурна во себе кога ќе се пушти Секое дете приказна за себе, нема простор за грижи
Девојки здраво сакам нешто да прашам.Бевме денес на советувалиште за вакцина и преглед,е сега малото има 8 и пол месеци и од мало е некако со вратчето де поќе на левио де на десно.Денес ми кажаа нови вежби да му правам и му било повеќе на лево така го држи повеќе на таа страна.Е сега за месец дена треба да видиме од вежбите дали ќе е подобро ако не ќе треба на физикална.Некако се плашам јас незнам што и како. Имало некој ваков случај? Позз
Женски какво е ова лазење ли не знам како да го наречам, на грб со нозете нанапред се одбива, леле не знам како да опишам, ми бега на пресоблекување А и сега и на стомаче се пушта малце ама ова е стварно крипи