Ич не ја користев подлогата. На спална ми е најсигурно, не може да ми избега и да тресне надоле.. Нема да ја скрше фонтанелата бе луѓе. Син ми паѓа како крушка некоја. На плочки (на глава се има удрено), на ламинат, на улица, се лупа во маси, па жив и здрав е, максимум со две гребаници има поминато.
14м и уште ја користам и подлогата за пресоблекување и постојлето за кадичка. Не се откажувам од нив никако. Отворање очи само, инаку за паѓање има да паѓа ехееее. Баш затоа не се затворени фонтанелите и зацврстени коските, за да се амортизира евентуален пад. Не велам да не се внимава и да оставиш бебе необезбедено, ама цел стан нареди го со подлоги, во тоа едно ќоше од 10цм ќе се акни.
Јас уште го користам, ние сме 6+++, 73см е долго бебе, се превртува и моево, амо го држам со едната рака и брзински го пресоблекуваме. Јас уште ќе го користам, ептен ми е практично, спушти му ја главата малку подоле на подлогата за поголема сигурност
I toa drzi voda, a za fontanelata ne sum znaela deka bas zatoa e taka otvorenko, mene mi stoi kako tikva napuknata pa si vikam uste koga ke padne na toa ke se rascveta skroz...nemozam ni so zborovi da vi opisham kako toa jas si go imam zamisleno nejzinoto pagjanje, neka se podzabavi oti mislam deka ke se prepariram od strav.
Epa togas i jas ke go ostavam oti site shto pisavte seuste go koristite jas mislev da ne sum zabegala nesto jas so skoro 9mesecno bebe uste na podloga ama ok e.
Само не го оставај бебето без надзор на подлогата, ние така правиме, мора некој да стои до него, после тоа го спуштамна земја и си играме. И коритцето уште ни служи иако веќе ни е мало хах
напишав цела порака и ми се избриша истоооо значи се исто...пред некој ден беше врзан во хранилка и излезе и од каиши и стана и седи исправен и се кези...беше дојдена една другарка, јас бев во кујна, само 30 сек го отргна погледот како успеал да излезе од каишите појма неам...кога скокна таа, а тој стои и паѓа од смеење, таа трча да го фати...иначе дома кога имам вака другарки кафињата им стојат на шанк иначе нема шанси да пиеш било што..досега има три чаши фатено и со сета сила фрлање и чашите сол цртаните заминаа во историја, ни тоа веќе не го занимава, почна поп музика да бара, има една песна од Jonas Brothers значи 3 мин дури трае песната не диши и мама тогаш трча да испие кафе дури трае песната
Прашање до поискусните мајки, бебето ми почнува да лази, 7+ е, до сега си беше цело време на земја, ама во последно време ја наоѓам насекаде, не е веќе само на подлогата.. е сега се мислев дали да земам вакво нешто како подоле на сликава, ми требаат совети дали стварно ми е потребно , бидејќи сме кнап со простор дома...
Ахахах. Мојата многу сака да ги гледа Боби и Биби и тоа само таа епизода со жирафата, други не. Носе ми го далинското и вика Боби Боби.. Исто и а рам зам зам сака да ја слуша и да игра. Многу е интересна, ама и кратко трае тоа. Имам една голема клизача врата во дневна и комарник и кога е подотворена вратата се вовлекува меѓу неа и комарникот 10 сантима место е,ама таму оде. Микрото ми е ставено на пониско место и за малку ќе го обрнеше. На вратата од шпорето се обесува. Позади каминот има празно место колку буријата и она таму оде. Бељаџика голема е. Па и се смее кога ја карам. Абе од такт да те изваде.
Не ти е потребно. И јас тој период се мислев да земам ама се предомислив. Растргај небезбедни работи, напрај чајлд пруф на се и остај нека си шета бебе кај сака. Ќерка ми од 3 месеци е на земја, од 6 ипол лази, сега веќе на 11 мес, нема кај нема пролазено по станон уште на таван да се качи.
Blagodaram majka, ne nikako ne ja ostavam sama na podligata epten e visoka a i vo koritceto uste se banja ama premalo e veke, sega zemavme edno bazentce kako i za vo tush kabina e pa ke vidime kako ke bide
Јас земав огромна, ја монтирав и ја демонтирав, уште не ми личи неопходна. Бебка сабајле ја најдовме на другиот крај од дневната, а не лази. Ама тука сме цело време, а и така цела дневна е нејзина. И јас немам место, ама освен каучов друго све тргнав, маса, фотељи, табуретка. Почекај ако ти затреба ќе купуваш, јас мислам дека ќе ми се најде понатака. Индивидуално е, другарка со првото се крстеше во неа, второто нема шанси да го остави.
јас одамна немам дневна , ептен сме кнап , се извадив и маса и фотеља ништо немаме буквално, сега кога ни доаѓа некој седиме на тераса, си викам од зима веќе не примаме гости , затоа прашував дали е неопходно за да му барам место, иначе не знам тетка ми е ептен запната да земам пошо вика она ептен ги користела за двете деца и сака да и купи сеа на мојава, тоа ми вика она дека и понатаму ќе ми користи... иначе ти од кај ја зема твојата?
Моите во вакво не седеа повеќе од 2 минути, а мислев дека ќе ми биде од помош. Им беше интересно првите неколку пати кога ги седнував, заради играчките, но потоа веќе не сакаа во ваква оградичка да седат. Без разлика дали внатре има нова играчка или не. На крај се претвори во склад за играчки и го собрав. Веројатно секое дете е различно, ама да бидам искрена јас не сум сретнала детенце ни од други пријатели и роднини, што не го изживеало брзо овој простор. Еве ако и решиш да пробаш, најдобро е да не купуваш ново туку да позајмиш од некој што не го користи. И моето беше позајмено од внуците.
Не бе какви гости, исклучиво пред зграда луксуз е тоа. Од пи ки бебе ја земав, таа најголемата, ко цела детска соба е ама намерно земав голема за да може да игра внатре, да лази, да оди. Уште таа ни фалеше ама тоа е. Е сега за подолго се наоѓа ваљда за да оставиш дете до тоалет да отидеш, или да го прибереш негде во момент кога не можеш да го пазиш, ама за тоа брка работа и помала, а од друга страна па во помала пократко ќе седи нема да му е интересно. Те испоизмешав Ми личи дека набрзо јас ќе ја ставам пак, па ќе споделам како е задоволна малата
Некои деца проодуват порано, пред годината, не значи дека сите деца треба да проодат пред година да наполнат. Не треба ниту со сила да се тера детето да стои на нозе ако не е спремно. Битно е во овој период да си ги правите вежбите што ви ги препорачал ортопедот. Во овој период на пример, јас при секое преслекување пелена, користев да ги направам и вежбите. Една од вежбите, таа последната во низата што ја правевме беше од лежечка положба на грб да му ги фатиш дланките и полека да му помогнеш да се исправи во седечка положба. На почетокот, нормално не го седнуваш одма на 90 степени туку малку да се подигне од подлогата и да ги вежба мускулите на вратот за да не му паѓа главата наназад. Потоа како ќе се научи и зајакне ќе стигнеш и до 90 степени и ќе се нурка, па ќе го придржуваш. Кога ќе биде спремно, после подолг период вежбање, самото при оваа вежба штом го повлечеш за рачињата, наместо да се исправи во седечка положба, директно може да застане на стапалата, т.е. ќе се стегне во карлицата и во нозете и колената и ќе се исправи на стапала. Самото дете ќе ти покаже до кај е спремно и не треба да се форсира. Конечно, за сите дилеми околу развојот на детето најдобронамерно те советувам да си консултираш стручни лица. Не мора ни приватно да плаќаш за тоа. Во центарот за деца родени со ризик на поликлиника бит пазар има тим на педијатар, дефектолог и психолог кои работат со деца од раѓање до школска возраст. Работат не само со деца родени со ризик, туку и со секое дете што ќе го донесат кај нив. Одат и родители на совршено здрави и напредни дечиња, со цел да го проверат нивниот развој, да се консултираат, да добијат совет како да постапуваат во склад со индивидуалниот развој на своето дете. Со закажување работеа порано, веројатно и сега е така. Веројатно матичната ќе знае да ви каже околу упатот. И ти ќе си мирна и сигурна дека не правиш нешто погрешно и мајка ти ќе ја смириш и ќе и докажеш дека си одговорен родител.
Абе јас му велам не, тој ме пули во очи, се смее и фрла се долу, јас не долу, тој фрла, мижи бидејќи знае дека ќе тропне и ми се смее во очи..да го земиш да го изедиш е стварно беше многу мирно бебе, само имаше многу проблеми со грчеви, ама во друг поглед не можам да се пожалам, кога стана ваков белаџија не знам...мојата рерна е крената горе па не може да ја фати, ама на плотната пробува да стигне и дури знае каде треба да стегни за да се уклучи...и по бокалот за вода се пушта, некогаш заборавам да го поттурнам и одма се пушта по него...отвара по шкафчиња, морав да ставам од тие пластичните за да не може да ми отвара две шкафчиња каде ми е болјерчето и тука ги чувам и средствата за чистење зошто се пикаше тука и лижеше по дезенталот