Шушкај му со марамици, дај му да проба и он да шушка. Давај му различни предмети, сликовници, маркери, хартиена ќеса, мали кутивчиња (од чепкалки за уши, од крем, итн). Има и од тие бебешките книги, побарај во продавница за играчки. Прајте вежби. Покажувај му по дома кое кај е, збори му шо и да е.
Малце сте поголеми, ама кај мене уште пали да ја легнам на под и во круг да и ги наредам играчките, прво оди до една па ќе и здосади се пребацува на друга. Имам една мини корпа со играчки и таа ја истура вади од нејзе, можеш да ставиш и предмети од домот, некој сунгер, дрвена лажица, маталка, нешто што не може да се повреди, ова е добра сензорна активност на таа возраст баш со секојдневни предмети што ги употребуваме. Мемо ливчиња/селотејп шарен на ѕид залепени седнато или станато да ги одлепува. Или со двострано леплива трака да се залепат играчки да ги одлепува. Ова на врата лепев јас за да не го оштетам ѕидот Во проѕирна папка/фолија и имам ставено хартија со бааги темперна боја истурено и да ги шљака, за ова не беше нешто многу заинтересирана, ама почна мама да лепи цртежи на ѕид Провери на гоогле вакви има многу. Ако ти се чисти во леген некој со вода да брцка по играчиња внатре.
На селотејп трака залепи топчиња и седни го да ги одлепува и лепи одново. За стимулација за лазење јас му лепев предмети од секојдневието шо му провлекуваат внимание, а ги нема допрено (сунѓер, дрвена лажица, футрола од наочари..) на различни делови од мебелот околу него, ќе го легнев на средина и одев лазејќи од еден на друг предмет и ги допира. Така почна и да лази синко. Можеш на еден картон да излепиш ткаенина од различни материјали и да му дадеш да допира. Во садови за урина можеш да му наполниш леќа/просо/грав... И да му бидат нови тропалки шо прават различен звук или пак да купиш монистри во боја и да ги селектираш по боја во едно црвени, друго сини, трето зелени... Можеш во сад да ставиш играчки и да ги заробиш со ластици, да протнува раче и да ги "ослободува"..
Со бебе шо постојано бара да е во раце и ништо не му држи внимание повеќе од 5 минути, морав/м да барам активности за да се занимава. Интернет изобилува со идеи за активности за бебиња и деца со едноставни предмети во домот шо сите ги имаме и од искуството со моето бебе, предметите од секојдневието му се поинтересни отколку било која играчка. На инстаграм профилот на Елена Гагич има мноооооогу идеи за вакви активности, селектирани според возраст. Често прави и групи за учество со активности и размена на идеи.
Леле мајка го опиша моето бебе, ќе седне 5 мин и толку после се треска од земја ако не го кренеме во раце. Ако седи кај мене во скут си игра цело време без проблем а јас станам за да се напијам вода или до тоалет одма настанува викање. Фала многу за идеите мами! Бравос ......сега разбирам и колку досадна мајка сум јас уствари
Некои бебиња се посамостојни и понезависни од други. Не правиш ништо погрешно, само не очекувај промени преку ноќ. Нивната возраст не дозволува концентрацијата да ја држат повеќе од 5 минути, само ете некои бебиња сакаат да истражуваат повеќе и не им се интересни истите работи да им ги понудиш и мора да вртиш идеи. Ако имате куп играчки, за почеток собери ги сите и остави му само 2 играчки, помалку омилени. Следен ден собери ги тие две, извади нови две. Да видиш како и тие што не обрнувал внимание, ќе го заинтересираат ако не е хиперстимулиран од мнооогу играчки. Секој ден постепено, ама многу постепено додека играте заедно ќе се оддалечуваш од него по неколку цм. Денес 2цм, утре ќе го заиграш па 5 итн, додека почне да игра сам во твое присуство ама на пр на 2м растојание, за да можеш да сработиш нешто низ дома додека ги игра и тие 5 минути. Супер интересна сензорна игра е павлака, грчки јогурт, шлаг (под услов да имате воведено млечни) обоени со прехрамбени бои да се шлака. Не мора 10 бои, доволни се 2 за почеток. Сега е топло времето, па тоа може да се направи и во двор, на балкон за да не мораш многу да чистиш. Ако не ти е изводливо така, во хранилка, само под хранилката ќе постелиш нешто пошто обавезно ќе ти го извалка.
Не. Бабите имаа обид да го паткаат, иако 17373 пати им кажав да не го прават тоа. Обидите завршуваа неуспешно бидејќи не сакаше да биде паткан, паѓаше на колена и продолжуваше да лази. Ни второто не планирам да го паткам.
Не. Не ни сака. А бабите среќни леле види ја не оди туку трча....па им викам ќе трча кога е на прсти. Не ја осеќа тежината. А таман ќе ја ставам на цело стапало си седнува. Не е спремна Како дежурен кривац сум им.
Не знаев кај да го сместам прашањево, ваљда тука. Какви едукативни/интересни играчки би можела да купам од џамбо за бебе 7++?
Земи едукативна коцка и сортер, има баш сестра ми ми ги сликаше пред некој ден, коцката околу 1.200 беше можеш и чашки за редење. Ама јас се одлучив за дрвени, разлика во цена е 200,300 плус.
Овие нели се за после година? Ја земав такво коцка сортер и поголеми кутии за редење, и на двете пишува после година.
Чисто ради претпазливост производителите ги ставаат границите за употреба. Се изначитав и изнагледав за саглам играчки Девојкава имаше објаснување за границите некаде може и во ова видео беше.
Баш го изгледав видеото. Уствари не кажа дека ќе си игра со нив, на таа возраст можеш било какви предмети да му даваш за да ги држи во раче или да удара со нив. А и на 7 мес тешко дека ќе седи самостојно или дека ќе сака да седи за да може да си игра. Според мене за таа возраст пак се најдобри тие музичките играчки што имаат конче за влечење, да се учи само да го тегне кончето за да ја пушта музиката, или најекономчино и најисплатливо, пакетче марамици/било какво пакетче, мече/патка што пишти за да си ја става во уста (син ми повеќе ги сака овие отколку глодалките).
Јас колку што разбрав од форумов паткање е со сила да го тераш бебе да оди. Ќерка ми сама подава раче да ја држам да оди. Не знам дали тоа е паткање ама она така си оди на цело стапало. Исто ми е дал јас ја држам дал она си се држи по мебел и оди. Живи радости беше по плажа да ја држам да трча накај вода. Јас мислам дека не е проблем да му даваш раче на бебе и покај ставовите на Антоније.