Ама самото преминало од една во друга фаза. Тоа е битно кај развојот. Како што ја цитирав членката, битно е детето само да премине од една во друга фаза. Кога возрасен го седнува детето без тоа само да укапира како да седне е против природата и развојот. И да, децата треба да се остават да лежат и да се стимулираат соодветно. Кога ке дојде времето секое дете ке направи што може според возраста и развојот.
Мене ортопедот ми рече да ја ставам да седи, така го вежба балансот, а зајакнува и мускулатура. Неопходно е за да се рани. Како би било не стабилно да е во седење и да јаде. Мене ми беше огромен стрес да ја ставам во хранилка расклацкана цела, јадење полулегната па уште повеќе. Се согласувам дека подот им е најдобар терен, ама тоа не значи дека ако го седнуваш му одиш против природниот развој, и тоа се стимулативни вежби да одржи рамнотежа и полесно да се крене самостојно понатака.
Не знам дали лошо ти објаснил ортопед или не си разбрала. Од хранилка до под има огромна разлика. Хранилка спуштена на најниско ниво т.е. во најлежечка позиција со дел напред (послужовник) за кој може да се фати да се крева и да ги вежба мускулите. А потоа кога ке се умори брзо да се врати назад да прилегне. Има агол 90 и 60 степени кој за децата не е ист. На под ако го ставиш вештачки под 90 правиш лош притисок на коски и мускули. Ако се умори и падне нема на што да биде тоа безболно. Кога ке ја усоврши фазата, од лежење на под на стомак ке седне. Магично така ке се случи таа развојна фаза кога ке е спремно детето.
Затоа е и прегледот на 6 месеци, да се види дали може и смее да се седнува под 90 степени, било во хранилка или на под. На под секако е помеѓу нозе или го придржуваме, ама не чекаме само да седне, туку го седнуваме ние и го стимулираме седењето и балансот со поставување играчки пред него. Хранилката ја дадов како пример зошто е неопходно ние да ги вежбаме стабилно седење, а не да чекаме сами да седнат. Јас на 6 месеци кога ја ставив во хранилка цела се лулаше, имаше некој пишано баш како пијаница и ми беше страв да и дадам да јаде. Еве сега е 7+ не седнува сама, ама седи стабилно и веќе дава знаци и на лазење и обиди сама да седне. Ама тоа е затоа што сме вежбале седење.
Кој ортопед ти кажал на 6 м да почнеш да го седнуваш под 90? Нека си на скине дипломата. Имаш многу нејасни работи поврзани со седење и развој.
не знам зошто се расправаш во секоја тема... иако се согласувам со тебе и мене ортопедот (кај Антоније ја носам) ми рече да не ја седнувам освен во хранилка под агол и да и ставам играчки да вежба да се крева и во количка под агол, со врзани само долни каиши и во скут да ја држиме така и она сама да се исправа, во сите овие веќе седи сама, на пр. на почетокот кога ја ставав во хранилката седеше така под 45 и јадеше, сега веќе се фаќа со рачињата за ппслужавникот и седи убаво , исто и во количка џабе ја ставам под 45 она се држи со рацете за тоа напред и седи убаво, ама уште не знае од под сама да стане и да седне, Антоније ми рече кога ќе биде спремна ќе седне сама... не е дека немам пробано да ја седнам, имаме пробано, не е спремна, имам куп другарки околу мене што ги седнуваа уште од 4-5 месеци и на 6 веќе бебињата им седеа сами, не се согласувам со нив, но не се ни расправам, секој си знае за своето дете и на мои другарки оттопеди им викаат да ги ставаат во дубак и они ги ставаат, на крај краева нивна работа кој како мисли нека си прави
Кога некој дава погрешни совети реагирам. Не знам зошто мислиш дека се карам. Таков ми е тонот на изразување. Овде секој чита и си одлучува што ке прави. Ние треба да дадеме правилни совети.
Еве сум. Попрво он ќе стане неголи јас. Пред некој ден влегувала мајка ми да земе нешто од соба, ми вика дете си седнало до тебе, а ти како во кома да си. Некој ако ми го украде нема ни да приметам.
Мајки незнам искрено што се случува со мене Навечер ништо не ме буди ни плач на бебушот ни ништо , мора некако да се освестам па да знам дека плаче... во првите месеци добро беше додека спиев ама сега катастрофа, ништо не ми функционира мозокот... искрено не би сакала да е така за не дај боже да падне моето па да не го слушнам.. Што треба да испитам или да пијам витамини да ме поттикне малку ?? Исто така и незнам зашто немам баш душа према моето , го гледам и го гушкам најсилно колку можам ама не осеќам нешто баш како што треба мајчинска љубов .. Каде грешам и зашто немам душа ??? а колку го посакував бебето ... п.с многу години бев во тешка депресија па излегов од тоа ама не скроз целосно... само ме плаши тоа што не осеќам навечер и кога е болно детето.. Што треба да превземам попрво ?
Пред сѐ, прво би те советувала убаво да се одмориш, па да се консултираш со стручно лице, психолог и слично. Побарај помош од домашните за бебето и одмарај колку можеш повеќе. Во однос на уморот може да ти влијае и тироидната жлезда и нивото на хемоглобин во крвта, па би ти препорачала да си испиташ тироидни хормони и комплетна крвна слика. Со лесно мајка и позивитна мисла, сѐ се решава
Попрво крвна слика - уморот може да ти е од намалено железо или хгб. Потоа разговор со психолог за мислите што ги имаш и одмор. Одмарај колку можеш повеќе, играј си со бебето гушкај се, шетај се, сликај го, пеј, читај. Мал милион работи што ќе ти ја исполнат душата Со лесно
Фала ви на поддршката, 11 месеци сме веќе а за 2 недели правиме свадба , роденден и крштевка.. Замислете не сум баш многу возбудена иако спремам све пополека на време.. Незнам што ме смени скроз а колку го чекав денот да си прославиме све комплетно.. може препорака каде да испитам тироидни хормони ? буквално на моето му треба жива, здрава и среќна мајка!