Јас да ти кажам од моја гледна точка, најголеми проблеми си правиме самите оти самите си имаме некои замислени сценарија и како треба да се чувствуваме во однос на бебето па ако тоа не ни се исполни тогаш доаѓа до вакви непријатни чувства барем кај мене беше така а и да не зборувам за околината и кои очекувања може да постави. Јас би ти рекла само уживај од ден за ден и биди си вклучена целосно во моментите со твоето бебе оти не се враќат и многу брзо поминуваат. Се надевам дека убаво кажав што мислев за да ме разбереш. И моето бебенце е многу посакувано и очекувано и јас на почеток си се најдов во ситуација да имам некое чувство како да не правам доволно или како да не сум доволно благодарна за овој благослов. Поздрав и секое добро.
Денес направивме 6 мес, само да си кажам и јас дека сум преморена и затоа и не можам да уживам ко што треба. Од умор, за членката погоре, толку се внесуваме во новата улога да сме преморени секој ден. И јас треба нешто Кс да правам ама ете време немам, а бебо сака цело време со мене да е. Супер ми е, ќе пукнам од среќа, срцето ќе ми излета од радост. Ај сега отидов да спијам.
За TSH (тирео-стимулирачки хормон) упат ми има дадено и матичниот гинеколог, испитувањето го правев преку крвна слика. Исто ми направи и ехо на тироидната жлезда, така да можеш да се обратиш и таму. А за детално испитување на жлездата обрати се кај матичниот лекар, треба да те упати каде понатака.
Прво ако си била во депресија и не се осеќаш целосно подобрена врати се на сеанси, психијатар, психолог, што и да ти годело. Менталното здравје во ваква ситуација е најважно. Ова е огромна промена во животот, па и хормонски дисбаланс се прави во телото, очекувано е да има секакви промени. Ама фати си го со време. За спиењето направи крвна слика, збори со матичен и нека ти даде дополнителни испитувања што треба. Ама па некои луѓе си се едноставно спијачи, не значи дека си немајка или дека не го сакаш детето. Како тоа ако таткото спие и не се буди кога бебево плаче не е проблем, ама мајката ако спие е најстрашно на свет. Си се преморила, си си дала преголеми очекувања, зошто мора се да е како на инстаграм нашминкано. Се менуваат чувства де. Еве лето е, едвај чекав пред 3 месеци да дојде летово и цело време сум сонувала колку ли ќе биде убаво и совршено со бебенце кога ќе си одиме на одмор, преморена сум и не ми се оди нигде. И да не уживаш не е крај на светот, за 3 години ако ти е мерак пак направи забава тогаш ќе уживаш и готово.
Не можам да најдам соодветна тема, па да прашам тука: 10++ е бебе, викендов ја носиме до Охрид, колку е океј да ја пробањам во езеро? На што да обрнам внимание околу водата и сонцето?
Мама јас сум Охрид водата е камен ладна извини што ќе те разочарам. Цела недела дуваше северен ветер доста е оладена, потопло беше во јуни. Е сега денес утре ќе е топло па може ќе се подстопли. Ако не во базенче на сонце да и се стопли малку водата јас така синко го капам 8месеци е.
Ќерка ми од пред една недела почна многу често да се мава со рачињата по глава. И претходно се имаше случено препишувавме на заби. Моментално го вади вториот кец горе ама па не зачуди што кога ја оставал маж на адаптација денес почнала да се мава по глава. Како да го прави тоа кога ќе се изнервира. Прееска почнува да се мава ни почнавме да и викаме не не се мавај, бебе почна да се смее, како игра да и беше. Има некој вакво искуство? Следна недела сме на педијатар ќе му спомнам. Искрено страв ме фаќа, не ми се допаѓа однесувањево. Кај тантруми има од сега, уште ова.
Isto i kerkami praj taka.. 1 godina e, i nie se uplasivme, zaprimetiv deka se mava koga ke ja fati inaet za nesto ako recime Ne ili se udri.
Женски завчера дадов за вечера јогурт и овес, и вчера на секој саат какаше, и тоа обилно. Претходно исто млечни кога му давав имаше зачестена столица ама ајде се погоди со стомачен вирус па мислев од тоа е.. Дали е интолеранција на лактоза ова? Ама па АД си пие без проблем. Има ли некои без лактоза млечни производи што се сигурни за бебе да пробам да му дадам такви?
Со цевче од babylove, некапечко е, мојов многу лесно се научи и имаме сега 3 дома такви, неќе за друго да чуе.
Да се надоврзам само на муабетот за Антоније колку е против ние да ги седнуваме. Ко бевме последно на контрола, синко имаше негде 8,5 месеци. И пошто многу плачеше легнат дури го спремав за преглед, ај го седнав дури го чекавме докторот. Кога влезе ме искара зошто сум го оставила да седи, зошто да му се криви кичмата ми вика, иако синко си седеше скроз под 90 степени, исправен.
Моево девојче денес од лежење седна и се подига со газот да стане,мама е пресреќна ама и исплашена. Како да ја заградувам на спална,се умот ми е таму дека ќе почне да паѓа. Еднаш падна срцево ми застана. Ве молам за совет вас што ви спијат бебињата на спална со што ги заградувате? Кај мене се ставени перниците од гарнитурата ама сега се исправа на нив... Некои оградици ли да купам ама нема ли и на нив да се исправа не знам. Фала
Мене спалната ми е пикната скроз в ѕид, од друга страна сум јас и така. Оградици се мислев еден период и подобро што не зедов јер ќе ги скока секако ако науми.
И мене ми е така пикната,ама не можам цело време да сум до неа нели. И ја сум на тој ум ако реши дека нема да ја спречи ништо да рипне
Или камерче за надзор или ние си ѕвониме на Вибер со мм (кога сме дома двајцата) на видео кол. За 4 секунди од цврсто заспан станува и тргнува да лази. Толку ми е времето да дотрчам до соба. Среќа у хациенда не живееме