Ѕвонев на матичниот, едвај го добив. Во меѓувреме се исповраќа. Ми рече само блокмакс да земам, и тоа... Ако се влоши утре пак да ѕвонам. @Pacient srna Се тестирав, негативна сум.
Сега спушти температурата, ама страв ми е за ноќеска. Минаа 4 саати од парацетамолот, не знам кога и дали вооошто да дадам. Да ставам аларм на секој саат да пратам ситуација, па ако има потреба да дадам блокмакс?
Навиј аларм на секој час. Не те следам зошто блокмакс,инаку најрано после 4 часа можеш парацетамол да дадеш. Можеш да го разладуваш со раствор алкохол (70%) 50мл и вода 50мл. Со туферче по тело. Да го истушираш кога не му се ладни рачиња и ноџиња со малку поладна вода од што е тт на бебето. Нуди да цица и нека спие во покомотна облека,со тенко чаршавче покриено. Проветри во собата кај што спие.
Матичниот ми рече блокмакс. Во 11 пак качи, дадов блокмакс ама гледам на нив пишува после 8 саати пак да се даде. Сѐ можно направив, не се спушта. Дали да го носам во итната, (во ковид делот ли?)?? Целата сум прашалници
Колку има мама температура? Тој како е? Поспан, весел, кенкав, жеден, одбива сѐ..? Освен температура има нешто друго? Кога даде блокмакс, колку имаше тогаш температура, колку има сега?
Не можам да му измерам температура, не дозволува. На неизмерено му давам, ама се осеќа дека гори. Во рок од 15 мин стана од свеж до врел како печка. Го разбудив, сега е малку повесел, си игра. Одби цице. Вода 5 голтки се напи.
Не се секирај, бебето не ти е толку мало, отпорно е. Ќе крева температура дури трае настинката и ќе помине. Алкохол немој да користиш за мачкање по тело, алкохолот се впива во кожата и особено кај толку мали бебиња може да дојде до труење. Значи само лекови, разладувај го со вода и нека пие вода или млекце да не дехидрира.
Не сум го мачкала со алкохол, со оцет му ги натопив ноџињата. И крпа истрлана со сапун му ставив. Ме чуди зошто одбива млеко, до сега се нема случено ова, дури и сам си бара некогаш.
Штом повраќал може мачно му е на стомачето за да пие и да јаде, ништо страшно. Ти понудувај му цело време. Утре прашај го матичниот за електролити, има посебни бебешки.
@nevermet18 провери кај ушињата, случајно да не го болат. Од таму може да е температурата и повраќањето. Ќерка ми околу нејзиниот родендем имаше висока темп, со Далерон ѝ поминуваше и таман отидовме на одмор таму пак крена темп и почна да се држи за ушињата, сфативме колку е саат.. Провери, пипни го и види како ќе реагира. Полека, нека поминува побрзо
Спушти качи цел ден... Таман мислев иде на подобро, сега пак качи. Премрзнал, се тресе целиот. Давам наизменично на 4 саати блокмакс и парацетомол... Ставив сенф на чорапчињата, преска се спушти, не знам дали од тоа. Сега пак го истуширав и ставив сенф, па ќе видеме...
Meri mu so digitalen koa spie inace mrdaat. Zabi da ne iskacaat neso pa ste zakacile virusce? Ti praese brz od apteka ili pcr?
Бебе има 11 месеци и уште го бањам во коритце во спална, сакам да почнам во туш кабината, немам када згора на тоа и коритото не го собира таму. Tips & tricks како ги бањате на оваа возраст? Вчера влеговме заедно под тушот се плашеше па мораше да седи во мене, се укочив целата плус со една рака него го држам, со друга тушот за шампон едвај ја управив