Пробај мести му го ку*ето нагоре во памперсот и почесто менувајте на топлото и ако можеш оставај го 5-10 минути без памперс да се луфтира
Не сум ставала спреј. Да прашаш во аптека. Јас премирам од главоболки 6ти ден веќе. Малку грлото ми е фатено, али среќа не кашлам.
Некогаш од каката знае да се вцрви вака, одма менување памперс штом се искака и намачкај ги со истата крема што го мачкаш газето. На моето му се вцрвуваат тестисите од каката кога ќе јаде нешто со поостри киселини,ама не е страшно до наредното менување памперс или две се смирува.
Мами денес станавме со ова , нз дали е осип или пполазана е ,што мислите ? на двете ноѓиња има вака ,на другите делови од телото нема ништоо
Од кога почнаа вашите бебиња да стават телефон на уво или да пробуват да облакаат патики. Моево е уште малку 11 месеци и уште не
Година и три месеци сега од скоро почна да брбла на тел да го става во уво А патики само ми ги носи мене вика папо апа за да му ги облечам да шета Рано е многу незнам зошто брзаш се ќе прави релакс
Полазено ми изгледа мене Однеси го на кожно ќе ти дадат кремче нешто да мачкаш брзо ќе му помине На моите некогаш така му се правело и кога ги носев белогент ми даваа и брзо поминуваше
Гледав на една апликација за развој на деца и пишува дека треба овие работи овој период ги прави, па затоа да си прашам и мене ми изгледа рано
Батали апликации. Мојава прооди на 14 месеци до тогаш патика не видела во животот, па не да ги облекува, прв пат и купив кога прооди, па уште користам прилики боса да оди. Во однос на телефон гледам што е можно помалку нас дома да не гледа кога користиме телефон, а не па на 11 месеци да ја учам. Бриши апликација.
Извинете однапред за детали. Пред 2 дена пошто не смееше да цица некои 18 саати, грото беше на каши. Шише не сака, вода минимално пие после оброк и тоа е тоа, некако преживеавме. Денеска 6 пати кака по малкуцка, ама се стиска едвај да искака и гомцето е ко од возрасен . 8 месеци е. Ова можно е да и е од пред 2 дена или почнува да менува? Пошто после тоа си се вративме на стандард цицање. Претходно бил потечен измет и не се напнувала вака.
Не внесувало доволно течност и затоа така какало. Штом сте продолжиле со доење ќе се врати во нормала.
Ние имавме проблем со такво често какање а тврдо. Педијатарот ни кажа да зголемиме со овошје потточно: Круши, праски, кајсии, сливи. Давав и за доручек и за ручек нешто од ова и се среди за некој ден. А и да, внесот на течности многу влијае, мене исто бебе ми е 8месеци и кога ми одбива вода цел ден му нудам чај... колку да внесува течности ама штом е на доење може и само зголемени подои да има.. уште подобро
Мајки да прашам ги пуштате бебињата да гледаат цртани или општо телевизија? Или со мобилниве телефони како постапувате? Често му замерувам на мм дека кога е со бебето, чепка во тел. му покажува клипчиња итн. Знам не може скроз да се избегне, ама ми делува скроз погрешно и затупувачки
Откако се роди бебе 6+ сме тв дали сум пуштила 5 пати ама затоа песнички на телефон цел ден ни пеат ама строго слушање без гледање ама се дешава 1-2 пати неделно кога е многу кинкав да му го свртам телефонот и да гледа( не трепнува хахах) ама ако мора да завршам нешто итно и тоа на 5 минути а инаку и јас сум против тв и телефон и додека можам нема да давам
Не сака, ни чај, ни млеко, ваљда знае дека во тоа шише или чашка има вода и се трга кога ќе вкуси друго. Вода бар да пиеше саглам. И давам и вчера и денес кајсии, сливи ама ми е жал да ја терам со сила па си цицкаме, таман да ми помине стресот ај ваљда ќе се среди до утре.
Не сум пуштила ни цртан ни клипче. ТВ ни работи кога ќе заспие навечер. Преку ден музика на звучници. По телефони се џапа пошто не гледа ама и ги тргаме, е видео повици се дозволени, таму има интеракција, ама ни тоа пречесто не се случува.
Ја до скоро му пуштав само музика, и тоа со свртен телефон, да не го гледа екранот. Почнаа кога го чуваат да му пуштаат по една две песнички да ги гледа, дури и го беа научиле да си стиска со прстето, т. Е. Пробувва да ги пушти сам. Сега додека бевме болни бидејќи немав сила да го бркам по цела куќа неколку дена му пуштав на тв, 2 3 песни ги изгледа и гасам тв. Сега има 11+ мес иначе. Едит: на камера се гледа некојпат, тоа не му бранам, ама сметам дека не е исто да зборува со некого на камера и да зјапа во тв. Додуша и кога гледа тв овие денови не зјапа, скока, пее, пробува да игра, итн...