7.5м и го прави сето ова, ама викаш ова се тантруми, некако полоши си ги замислував. До 1г нели има скокови а потоа тантруми.
Тој период почна и мојава така, па прејде да се мава по глава ако нешто не и е по мерак. Јас и на педијатар ја однесов...потврдено, тантуми Нормално било, не можеле да ги искажат емоциите па затоа така правеле.
Тогаш може да се јават првите тантруми, но ретки се и не се многу интензивни. Скоковите се до година и пол, потоа почнува хистеричното трескање од земја што станува секојдневие кога не знаат да искажат чувства. Во апликацијата за осмиот скок temper tantrum стои и во листата сигнали.
Истоо. Па тоа се кара, па тоа гризе, се влече. Пелена немам сменето раат кој знае од кога. Обавезно бега или вришти и се врти како рингишпил. Знак прашалник е кога ќе дојде денот кога ќе се пошљакаме во каки. Во количка ако му текне дека сака да излегува обавезно фрла сѐ што има до него и демек се пружа да ги земе. После земе си излегува од каишите и кога ќе виде дека не му дозволувам да се шета сам или да ја бутка количката, е тогаш цел град го слуша. Абе вришти мислеш ќе го кољам. Па и сега се научи да отвара шкафови, комоди и по цел ден треска вратничките... И чека да добие реакција од моја страна. Ако му одговарам со збор ми се смее. Ако го оттргнам од таму обавезно следува вриштење, влечење, легнување на земја....
Јас појма немам што е, ми изгледа како почеток на тие, стварно не знам што е ама страшно е Епа и мм ме убедува на педијатар да сме го носеле да не не било нормално ова. Знае и така од страна да се мава ако се изнервира Не сум погледнала во 8ми, он сега искочи од 7ми. Ако ова е само preview, тешко нас. Ќути моево уште не оди па тој дел не ми е почнат. Почна да лази и ко струја е па ако земам да го преусмерам да не оди накај вц пример оооо па тоа е вриштење Горе доле значи сите проаѓаме низ истото И нас ни се деси, обавезно рацете таму сака да ги пика, ако не му дадам да држи нешто да си игра, отиде све лом насекаде
Ние сме 11++месеци, 8500, 78цм висок, 3530 роден. До кај 8месеци се јадеше по цели оброци, после затвори уста нема шанси да го нараниш. Не мрдаме со килажа, педијатар вика се е во ред
Уф, мојата зверКа ништо не јаде а е 300 на саат. Не мрда со килажа. Еден месец ќе стави 250 грама, п нареден ќе намали 100, па следен оста килажа ќе остане и така во круг. По мене не е нормЛно, совет добивам ..... дај и да јаде, а она само тиквица и брокула јаде
Колку вода пие? Стави Хип сокче од Јаболко во водата, малку,пример 10мл сок и 50мл вода, ќе ја испие цела, мора повеќе вода да пиете за да се искака, бататот исто протерува,блитва,брокула,кајсија,крушка, не и давај 2 оброка, пробај само со 1 дур не се искака, уште не е научено мешето на храна
Здраво мајки, моево бебе (9месеци) е неподносливо! Од мал е таков, плачко. Мислев дека со тек на време ќе се смирува но не. Сам несака да поседи ни 5 минути. Ги имаме сите можни реквизити, ништо не му е интересно. Буквално ништо неможам да завршам, нити во тоалет како човек да отидам. Периодов почна да лази, постојано сака да е на земја. Борба водам да најдам време за изџогирам за да можам да го пуштам долу. Во раце се бори со мене, рацеве ми се издолжија веќе. Порано во хранилка ќе го седнев, ќе му пуштев песнички и знаеше да седи повеќе од 10 мин. Сега почна да ми станува иако е врзан. Ноќе се буди по 5 пати… Раат немам веќе. Сопругот ми помага кога е дома секако ама пак воглавном се од мене зависи… Не е скок, не се заби, не е гладен, не е жеден… Толку ме нервира веќе немам живци! Со ќерка ми не сум имала никаков проблем од овој тип. Како е кај вас со бебиња на таа возраст? Како преживувате? Давајте некој совет зошто очајна сум веќе
Не. Или треба да го измиеш у неколку води и да го цедиш. Замарање е многу така А зошто е прашањето во оваа тема?
На 9 месеци нормално е да се однесува вака! Не му фали ништо, не се плаши. Се работи за период кога бебето почнува да користи нови моторички и когнитивни вештини, кои претходно (1-2 мес. порано) не му биле развиени. Тие треба да се стимулираат дополнително со тоа што ќе му се дозволи да ги користи и вежба од ваша страна, ама и истовремено треба многу пазење за да не се повреди. Ова е многу напорна работа за родителот ама мора да имаш трпение и да крепиш физичка сила. Во секој случај не очекувај дека ќе седи долго на едно место, дека ќе гледа нешто подолго од две минути или дека ќе се заигра. Не ни треба да го тераш да го прави тоа, треба да вежба движење и да истражува... Не се работи за немирно или палаво дете, туку за тоа дека детето добило нови вештини. И кои може многу брзо и многу вешто да ги користи. Ќе стори се само да се добере до она што сака да го фати. Ако не му успее или е спречено, ќе се потруди ти да му го обезбедиш. Плачењето му е само уште еден начин да го добие тоа што сака од тебе. Исто и правењето гримаси, мрчењето, покажувањето со прсти или што и веќе да му текне да направи.. Во овој период не би ти препорачала да се зафаќаш со домашни работи додека го пазиш детето. Ако ги правиш двете нешта истовремено или ќе остане незавршена работата или недај Боже детето може да направи некоја беља. Јас во тој период практикував домашните работи да ги правам кога некој ми го причувува детето или кога тоа спие. Или едноставно чувај го детето а делегирај ги работите низ дома на друг да ти ги заврши. Тоа значи дека некогаш ќе сум гледала неред додека не дојде маж ми од работа. Тоа значело некогаш да ангажирам чистачка. Со првото дете се притресував се да ми е средено за наредниот ден, па почесто работев до подоцна навечер додека спие. Си кратев од сонот. Потоа научив (на потешкиот начин) дека е побитно ЈАС да бидам „средена„ нареден ден, а не домот. Односно, јас морам да одморам за да бидам способна нареден ден да чувам бебе и тоа на начин кој е смирен и трпелив кон детето. Зошто детето не ми е ништо криво што сум уморна или исфрустрирана. Тоа си живее во склад со неговата возраст и природа. Така што престанав да кратам сон кога ми треба, за да дозавршам нешто низ дома. Ако баш сум морала да го оставам детето без надзор на кратко, на пр. за да одам до вц, тогаш сум гледала тоа да биде оставено во оградичка (која реално само за тоа служеше и во неа не седеше подолго од неколку минути) или на подот (просторијата секако ми била прилагодена и некои безбедносни мерки веќе сум поставила). Никогаш не сум оставала дете само во дубак, столче за седење/хранење или на кревет! Лошо искуство сум имала во сите овие ситуации, дури и кога сум била веднаш до него. Уствари само тоа што сум била на штрек и блиску веројатно ги спасувало од повреда... Обезбеди го просторот согласно новите вештини на детето. Ќе ти биде полесно ако не мораш да трчаш нон стоп и во последен момент да тргаш опасности од пред него. И никогаш не носете дете во една рака, за да работите со друга! Тоа е терет за рамењата, рацете и рбетот. Кога ќе си зафркнете здравје за цел живот и ќе си направите некој хроничен проблем, доцна ќе ви биде да сфатите. Наместо во раце да го носите, оставете го на под, на некоја подлога и направето го набрзинка тоа што морате. Надвор исто. Не во раце, туку во количка. Со малку постаро дете од вашето, со дете што оди само, сум користела мали столчиња и скаличка за да му помогнам да влезе во када, да седне на шоља, да види во кујна како готвам, да се измие на чешма.
И ова ми е битно да ви кажам мајки: Кога сте нервозни, бесни, исфрустрирани, кога се осеќате дека ќе пукнете и не можете да издржите повеќе ОБАВЕЗНО да направите пауза од чувањето на детето. ОБАВЕЗЕН ТАЈМ АУТ! Детето ако имате кому оставете му го и одете настрана да се смирите самите. Не се враќајте пред да сте сосема смирени, колку ви треба време толку земете. Дали тоа значи дека ќе се извикате некаде, ќе лупате во перница, ќе правите вежби за дишење, ќе направите мала прошетка сами или само ќе се истуширате или ќе се измочате небитно. Битно е да се смирите.