Нема шанси сам да се смири. Знае по 15 мин без престан. Ако не го разбудам нема да се смири никако. Во последно време често се случуваат.
Како му е спиењето преку ден? Да не се преморува многу? Најчесто се појавувале при недоволен сон, промена на нова средина, стресни ситуации.
Почна да си дремнува во последно време по двапати. Станува во 8, околе 12 му е прва дремка, втора во 5-6. Доволно спие, отприлика во истото време си легнува секогаш. Освен можда заби што вади сега, па заради тоа.. Не знам.
Ondak moze da ti se zabi ne terori. Probaj sleden pat gelce dur place butni mu prst vo usta i ke viids dali ke se smiri. Jas se mislam deka moeto nemasr terori nego zabi vadese. Taka vika zaspana ja mackam i se smiruvase
Тогаш големи се шансите дека е плачење од заби. И моето така се будеше и плачеше кога му растеа заби, мачкав гелче и се смируваше. Ноќен терор еднаш или два пати се случи. Не се будеше ниту смируваше. Страшно беше, не се додржуваше од што врескаше и се тегнеше. По некое време сам од себе почна да се смирува и продолжи да спие, воопшто не се разбуди.
Какви креми користите за секојдневна употреба на пеленска регија? Сеуште користам оригинална павлиќева ама некако многу брзо ја трошам 100мл е, а ставам на секое менување пелена
Јас ја користам павловиќева и ми се има покажано како најдобра. Користев уријаж и веледа ама додека користев веледа на препонот кожата му се смени стана рапава ама не црвена го носев и кај станка и кај дерматолог ми рекоа ништо не му е, а само се ширеше. На своја рака се вратив на павловиќева за 2 дена се повлече. Не знам дали ти помогнав само споделив искуство. Инаку веледа баш подолго трае од павловиќева.
Мами,имате ли искуство со нејадење,детево наполни годинка и последно време се чудам како ли живее.. Се одбива,едвај две три лажички од доручекот па од ручекот и толку.. Си пие млеко и вода,стварно не знам ,пробав да искулирам ама почнува и по малце да ме загрижува,мислам дека вади горе 3ки истовремено двете,па може ли да да биде тоа? Поздрав и добра ноќ.
Павловичева оригинална за газето ама не многу, еве ме тера 7 мес. Уријаж млеко за тело, исто го трошам уште првото шише, уријаж шампонче за миење. Одлично до сега.
Може да споделите искуство и како и за колку време сте решиле потврда столица кај 8м бебе. До пред некоја недела беше по кашеста и бебе ако не заплаче не ни знаевме дека какала. Сега се напнува, ржи, некогаш ќе искака, некогаш не и не ни плаче ако е какана, и навечер се буди напнува и некогаш ќе искака некогаш не, што одамна не и се случило навечер да е какана. Не е премногу тврда, но е концентрирана во топчиња, не е кашеста. Ова почна пред некоја недела кога не можев да дојам 1 ден и за жива глава не сакаше да пие млеко/вода и остана на каши дента. После си продолжи со цицање регулар на 3-4 саати, пошто блв се храниме, и за 2-3 дена се среди. Од тогаш, на ден-два сме дале максимум 90 гр кашичка, другото и е цицање и блв и вода што и тоа не е мн. количински, ама столицата пак е потврда. Кака 2-3 пати на ден ама ја гледам дека и е тешко. Давам сливи, круши, кајсии, цица на максимум 4 саати, блв јадеме 2-3 пати на ден тоа она што јаде не е голема количина, вода до 90мл пие, сега ќе форсирам повеќе, добро напредува во кг. Ова што се напнува за какање ми е жал, скоро месец помина, а тек тук на 4-5 дена и едно проливче ќе појави и после пак на старо. Педијатаров ми предложи чај плантекс ако најдам од надвор и сируп омнибиотик 6 ако има запек да не кака 2-3 дена. Искуство со овие? Има врска вриени суви сливи течноста дали е таа најдобра или исто е како и свежите во каша или течност од свежи варени?
Не се става крема на секое менување пелена, туку само ако има црвенило. Кога се роди купив и судокрем и павловичева, уште ниедна немаме потрошено, а годинка ќе прави.
Мојата е поголема,21 месец од пред месец дена ѝ искачаат тројките буквално ништо не јадеше 10 дена додека избија врвчињата. После си се врати на старо.
Не давај ориз и морков често, дај му на бебе банана зрела никако зелена, таа прави запек, дај му просо,компот од суви сливи а и нив во каша стај ги, батат одлично протерува,блитва,брокула, стави сок од хип јаболче во вода за повеќе да ти пие вода, потечни каши и ќе се реши
@Mucika Околу храната не знам што би те советувала затоа што викаш дека е на блв, покрај тоа што наброја и просо и палента помагаат, не знам дали можеш да ги дадеш. Пробај барем наутро да дадеш кашичка потечна ако можеш. За сливите мислам дека е најдобро да ги изеде и нив и уште побитно течноста во која се вареле. Јас колку што знам тој Омнибиотик 6 е за над 1 година. Омнибиотик Панда е за бебиња до 1 година. Е сега тој 6 е попогоден за запек, ама сепак убаво прочитај ја декларацијата ако се решиш да го земаш зошто околу 2.000 денари е. Во аптека ако прашаш секако ќе ти речат дека може да дадеш, јас кога и да купувам Панда во различни аптеки ми даваат таков 6 или има и 10 и ме убедуваат дека тој е Панда . Затоа сама прочитај најдобро. Јас Омнибиотик Панда го користам ради алергијата која ја има. Има 30 кесички во него, се продава и на парче 80 денари е една кесичка. Не знам дали користиш некаков друг пробиотик ама може да земиш некој друг колку да пробаш дали ќе се регулира столицата Биогаја, Ваја.. Мојата воопшто не пие вода, ја плука, не знам дали 5 мл внесува воопшто, па ако прескокнам некогаш пробиотик исти проблеми има со столицата.
Е исти сме со капките откако јаде каши, се набројани од горе јаде, вода пиел и по 200мл, и пробиотик и пак суво си кака, вашно секој ден кака, дури се случувало и огромен напор да дава. Не знам педијатар вели со време ќе се реши, нема што друго да се дава.
Здраво мајки. Ве молам доколку некој имал искуство со нешто вакво. На бебуш му се појавија црвени точки на лицето и глуждовите. Незнам дали го каснало нешто(на комарец ме ми личи). Речиси два дена ги има. Благодарам.
Да не е болва? Така некако ми стои. Да не сте биле некаде каде што има животинки денот кога се појавија. Ако се од болва брзо ќе се смират
Ќе се среди период на адаптација кон цврста храна е мислам поготово ако сте вовеле оброк плус. И кај нас беше така баш тој период од 8 до кај 8+++ сега е нормална столицата. Освен да продолжиш да даваш се тоа што спомена плус да додаваш м.масло во кашички и да бидеш поупорна со водата друго не би те советувала да даваш.