да се надоврзам и кај нас истото се случо откако воведов вечера на 8 месеци,еве втора трета недела и полека почнува да се нормализира, давав почесто сливи , кајсии , крушка и варев сливи водата да ја пие, пробиотик давав и ништо не помагаше, еве сеа само од себе се нормализира
Па незнам де надевам ќе се смират. Освен шетање со количката не сме биле некаде каде што има животни. Благодарам на одговорот
И син ми во тој период имаше тврда столица, буквално како камен и секој ден стенкаше, се грчеше од болки, се мачеше, а какаше на неколку дена, некогаш и еднаш неделно. На два пати дадов чепче колку да го помогни празнењето. Да скратам, кај нас се реши со пиење повеќе вода. Го форсирав да пие почесто по голтка-две, од чаша, цевка, шише со цуцла или како и да се вика додатокот на водата јана. Го оставав и да се шлака и само за мерак за шлакањето во вода, пивнуваше по некоја голтка и му се среди столицата.
Mom's Пред некое време го поставив прашањето во први запчиња ама утнав пошто не и се први. Овие горе не се кецови дефинитивно, мајка ми ми вика дека се тројки, веќе деновиве и изби и кец (барем мислам дека е) Што викаат поискусните мами за мојава вампирка?
Душле бе, преслатка е. Мене на двојки ми личат, обично тројките растат после кецови, двојки и четворки, макар што нема некое правило.
И мене на двојки ми личат и нас како вас прво ни излегоа долу кецови па горе двојки…како што рече членката над мене тројките се шпицасти затоа и ги викаат кучешки а овие не ми личат на шпицасти
Го земал маж ми, и да така му рекле може... А се мислев за Панда што ми кажа. Па ќе го земам и тој, ова нека стои за понатака. Давав до 6 месеци пробиотик сега веќе не, ама ќе и дадам да пробам. Со вода од сливи не сум пробала ќе воведам и тоа, ма да не пие количински. Можно е периодов од 3тиот оброк да се изреметило.
Здраво малата од 5 месеци има интолеранција на лактоза пие Аптамил без лактоза сега ќе прави годинка сеуште го пија Пред некое време пробано производи со лактоза немаше реакција Ме интересира дали има некоја мајка чие дете било интолерантно на лактоза, а потоа ја надминало интолеранцијата и јадело производи со лактоза и друго млеко
Мајки на деца што се во процес на породување или веќе одат да ме советувате. Малиот има 8м, од 4м сака да седи, на 7 седеше веќе стабилно, сега е во фаза на постојано стоење, а го земе некој одма застанува на нозе, не дава уште чекори, правилно ли е да го држиме да стои , сам се уште не се исправил држејќи се за нешто да застане. И она што е тоа паткање, може појаснување?
Јас не ја држев додека не почна сама да се исправува. Сега се исправа и пробува да оди ако и дадеш раче. Иначе паткање мислам дека е ако го држиш детето под мишки и да прави чекори. Ама мислам
Паткање е тоа ти што викаш да дава чекори. Значи некој го држи за рачиња, а тој прави чекори. Мислам сепак треба да почекате да почни да се исправува само.
не ја паткам ама ја држам да стои пресреќна е иначе оваа недела почна да лази нанапред и сеа се фаќа и пробува да се исправи на се ногарки од маса и сл, има треснато 50 пати во три дена
Исто, веќе не му е интересно да лази, сака да стои и крај. И многу паѓа одошто се влече за ногавици кога седи и ќе тресне назад со глава на пархет. Ме умре деновиве од секирации
нас кујната и дневната ни се заедно и упорно и уппрно иде на плочки во кујна, денес падна 10 пати, да ти кажам искрено едвај чекам да тргне во градинка, а најверојатно ќе купам и мрежа, се мислев дали ми треба, ама не можам ни секунда се свртам иде насекаде вади се фрла
Цело време го даваш пробиотиков или со паузи и како го даваш? Јас мислев Омнибиотик 6 е скап 1800, ова Омнибиотик Панда 2350 е
Да те посоветувам неповикана. Не купувај. Јас се мислев и кога бевме на одмор ни дадоа да користиме.Не знам колку ти е активен бебуш ама ќерка ми ги пикаше ноџињата во мрежата и се пентареше до горе. Да не бевме до нејзе ќе се плрскаше на мермер.
Паткање е да го држиш за раце или под мишки па детето да пушта чекори. Тоа мислам дека не го препорачуваат ортопеди. Остави го сам да си се учи да се исправа тоа е најубаво. Сепак сами си учат како баланс на телото да си направат Моето е у фаза пред породување и не давам да го паткаат, ко ќе му дојде сам се ќе си направи, дека кичма ќе ми паѓа за да форсираме нешто, не фала
Да, скапички се, ама па тие се најдобри за таа намена. Цело време го давам и не треба да се прекинува, односно нема потреба. Јас на поголемата до 2 години и давав, сега пак планирам така. Може евентуално да ротираш месец овај, месец Ваја пример ако ти е многу пари некогаш. Кесичката со лажица вода ја растварам во чаша за ракија, треба 10 минути да стои за да се активира и со лажица и давам сега, ко беше помала со шприц.
Многу се каам во бременост овие што не ги знаев да ги пијам. Матичниот гинеколог со доза цинизам ме правеше будала што ќе ми е уште и пробиотик капак на сите витамини и терапии кога му викав дека сум читала дека за време бременост се зема како превенција за дерматит кај бебето. Ај се надевам само дека нема да и се појави како кај мене.