Фала мајки за инфо. Значи синко под вратот многу му се иритира кожата од што е буцко, плус поти, се лигави. И мачкав афлодерм за 3-4 дена ќе се смири, ама штом ќе престанам пак се воспалува. Подобра реакција имав од товравис комбо маст, таа има многу малку кортико исто додека мачкам му се смирува за еден ден, и после 2-3 дена пак воспален. Денски го мачкам со вазелин, користам биодермата за атопична кожа ама еве месеци мака мачиме. А го чеша и нон стоп со раката е таму се чеша. Па да пробам да видам со оваа крема.
@Knizhevnik11 @sani99 Прочитајте на страната на Зегин има опис. И кремот и спрејот имаат слично дејство според описот. И двете би требало да помогнат. Штом на промена на време се влошуваат веројатно се работи за атописки дерматит.
Не мачкај со кортико зошто ете така ќе поминува и потоа може да се врати во полоша форма. За вратчето постојано да пазиш да го одржуваш суво, особено после капење и не мачкај таму ни биодерма ни вазелин, ништо само да е суво. Евентуално ако некогаш мачкаш нешто тоа да биде крем со цинк кој го користиш за пеленската регија. Ако сепак трае подолго време проблемот и ако се чеша на местото, не знам ни колкаво е бебето ама добро е да се земе и брис од местото па ако има потреба да се мачка со антибиотска маст.
9+ е, го виде педијатар рече засега нема потреба за брис. Ама тогаш не беше вака воспалено следна недела сакам да го носам на контрола ќе прашам. Инаку внимавам многу за да му е суво ама летно време и поти и му се слева од што се лигави, лигавчиња не поднесува, гледам бодиња и маички отворени да се на тој дел за да не го иритира дополнително. Вазелинот мачкам за да не му се трие кожата пошто буцко е хаха. Фала мама многу за советите.
Дали некој од вас спремал дома кашички за на одмор? Имам поголема количина на овошје и не ми се фрла се мислам дали може да спремам кашички и да си понесам со мене. Како одеште тоа ако врело се затвори нема да има проблем ?
На групата на фб домашни кашички за бебе на латиница што е има цел фајл како да пастеризираш кашички.
Мами ај некоја да ме просветли што може да и е на беба што веќе втори ден секое јадење е со плачки? Значи си јаде она ама плаче. Од страна изгледа ко на сила да ја хранам Заби не се, барем така мислам. Скокови не пратам, не сум имала потреба. Скоро 9 месеци е. Здрава е, весела е, си игра ама кога ќе дојде време за јадење си вришти.
Исто. Се мршти, кенка, прави некои фаци само а ако прекинам па плаче за јадење Мене до сега ова ми помогнало: Пуштам музика во позадина и пеам и изигравам кловн играм го занимавам Ако тоа не пали пред некој ден пробав на тацната напред на хранилката му ставив вода и плискаше се занимаваше шлапаше, пробуваше да пие и јадеше во мир
Јас си викам дека не и се свиѓа како готвам... Мислам не сум Џејми Оливер ама не е до толку лошо Јас пробав со се и сешто, и со татко и да седи и со песни и со игри и со играчки. Не упали ништо. Ај тоа па и што јаде минимално и почна да прибира. Престана да јаде телешко. Не сака ни да мирисне
Пробај ја кремата Filaggrin protect, преубава за АД. За кратко време кај мојата малечка која имаше 11м го исчисти дерматитот на рачето, градите и вратот. Претходно мачкав Афлоферм но постојано пак се иритираше и чешаше. Сега е со мазна кожа. Ептен задоволна.
Јас готвам по бебе готвач, да не беше тоа ич немаше да знам што да готвам. Најди некои интересни рецепти, може и се здосадило.
Ако седи стабилно, пробај на земја рани ја, види дали ќе плаче така. Ја периодов 3-4 пати во тоа "кафезот" му давам да јаде пошто премногу збеснува во хранилката, се треска со сета сила
Апдејт: и двата оброци денес почна да ги јаде без плачки, и на пола фати да протестира и да пробува да ми земе лажицата, па чинијата па лигавчето да си го извади
Мамички знам дека некоја членка купуваше проодувалка за бебе, па да прашам како сте задоволни и дали се добри за таа намена, дали се подесува тежина и ниво на тркалање? Еве пример за што мислам