не си клавај секирации мила непотребни. Моето не седеше воопшто до 10 месеци, единствено в хранилка седеше дури јади иначе др време се на под беше лазеше војнички. Многу бев загрижена и на полни 9 месеци го однесов пак на ехо на колкчиња и ми рекоја се е во ред и со јадра и со агли само мускулно кога ќе се зацврсти ќе почни да седи самостојно и да не го форсирам. На скоро 10 месеци почна мн убаво да седи самостојно, да лази на 4 и да се исправа на ноџиња.
Мамички ако може совет Бебе за некој ден прави 7 месеци Прво запче ни изби пред 3 недели и од тогаш бебе секој ден еднаш до двапати качува температура 37.4 до 37.6 Еден ден има еден ден нема или пак два дена нема па пак почнува да качува Второто запче пробива и дури денес се гледа дека е излезено малку Вакцини требаше да примаме пред една недела ама во консултација со доктор одложивме една недела и вчера отидовме да правиме крвна слика за да видиме дали да прима вакцина Крвната слика е ок отприлика Се е на горна граница ама по прегледот докторката виде дека грлото му е црвено и ни рече дека сме за антибиотик ама бидејќи не качува тт јас инсистирав да не му давам и сега за сега е без сируп Сабајле имаше 37.4 па после му падна за преске да ми качи 37.6 ама после туширање пак падна Дали некоја имала слично искуство и дали е можно да помине после некое време За ротата ни рекоа имаме време уште еден месец ама незнам до кога може да се развлече ова а несакам да пие антибиотик Веќе пиеше 3 пати ради црвено грло На контрола сме во понеделник ама ако некој има слично искуство ви ви била благодарна да споделите Извинете на долгиот пост
Мајки дали вашите бебиња пискаа? Мојата е 9++ кога ќе почне да писка најчесто кога е нервозна па ќе се стегне цела и вцрви страв ме фаќа.
Да. Пискаат, ржат, се фрлаат. Нервозни се додека да прозборат, односно додека не можат да кажат што сакаат, па кога не се сфатени се такви. Што повеќе почнувате да се разбирате, така и нервозата се намалува. Затоа викам додека не прозборат.
Здраво мајки, усната гледам и е пукната или се има пресечено бидејќи се пика в уста, ама дури и крв на 2 пати приметив. Бебе ми е 7 месеци, ја мачкав со маслиново масло, што можам друго да и ставам?
Ne tit reba nisto da stavas samo ke se sredi. Mojata padna ja grizna zabite gi podkrsi ustata krv tecese pa za necela nedela si se sredi sama po sebe. Kaj bebe se brzo se regenerira
Макки моево е речиси 1 година. Нешто ми текна да се секирам околу 9 месеци почна сама да си седнува, но само седнува од стомак, а никако од грб. А онака си е нормано си лази сака да стои , да оди фатена по гарнитура и по малку почна и стои сама без да се држи. Ме скира тоа што не седнува од грб
И моето така прво од стомак си седнуваше па после некое време ептен кога зацврсти почна од грб да седнува. Сега не можеш да го легнеш пелена да му смениш. Не му се секирај непотребно
Женски бебчо е 9++ и денес скоро цееел ден го плази и го витка јазикот. Си викам си го откри или? Помислив нешто да не се изгорел... или...
Исто прави и мојов со јазикот, 8++ е, дури почна и кога јаде каши така да ми прави. Сигурно е некоја фаза