Мајкички што ќе им облакате на нозе на бебињата сега кога ќе залади за шетање надвор во количка? Прашувам за малите од 8,9,10 месеци
Најчесто чорапи. Ама јас и зимоска и купив патичиња и и ги облекував . Не се за одење тие. Сега тие се кнап па може пак ќе и земам некои такви ако најдам.
Мами колку мл пијат млекце вашите бебушки на 9м? Нас ни кажаа да го ограничиме на 500мл дневно, само незнам како. Си бара млеко и на заспивање и ноќе ми се буди за млеко. До пред скоро се будеше еднаш, сега во 6ти скок двапати
Нашиов педијатар вели 700мл оптимално, со што ќе се намали на 500 на годинка. Така читам и по хрватскиве групи. Мојов на 9м пие 600мл, не сака повеќе и нема кога и како бидејќи веќе не пие во текот на ноќта. Има два оброка, кај и да е ќе воведиме и трет.
Нас ни рекоа заради хемоглобинот и ниски гранулоцити. Стварно незнам како ќе успеам да го намалам. Навечер не презаспива додека млеко не му се даде. Мпрам да најдам начин да го одвикнам
Постепено намалувај го млекото навечер и пробај да презаспиеш без да дадеш млеко. Ќе има плачки 2-3 дена, ќе се навикне дека нема млекце.
Јас колку што знам тоа е заради апсорбирање на железото, а гранулоцитите се врзани со б9(фолна) и б12. Се претпоставува дека ја има мојата генетска мутација мтхфр и не ја апсорбира фолната туку ми се таложи само, ја имаме во високи вредности во крв. А за производство на грануловити потребно е фолна и б12. Е сега ни забранија готови инстант каши и се што содржи фолна, потпомагаме само со б комплекс и исхрана. Иначе таман убаво ги качивме, ковидот си го направи своето, треба време да помине
Незнам во која тема да пишам ако има друга преместете го мислењето Луѓе овие 3 дена ми се кошмар. Од градинка 3 дена ми кажуваат дека каснува дете. Некни и вчера заради играчка а денес ОНАКА. Значи стварно незнам што да правам и објаснував убаво па после карав епа стварно незнам што да правам Денес ми се јавија да ја земам. И за нас е ново никогаш не реагира така. совет искуство кало да постапам што да правам 1г и 4м
Ние кога бевме на ортопед ни вика вакво чувствително дете како вашето сите ќе го тепаат во градинка, и оттогаш мм влезе во офанзива да го учи да куби и гризе, сега само сака да каса и куби. Болје да знае и да се одбрани, отколку се да ми идеше тепано дома. Може и др деца се закачуваат...
Help додека не сум резервирала во Бардовци. Бебе 9 месеци. И онака не е некоја јадачка, ама овие 3 дена маста ми ја вади. Значи нема шо не пробав, различна текстура, надвор од хранилка, и дадов сама да јаде не сака ама апсолутно ништо. Завчера ништо не јадеше цел ден. Вчера јадеше со плачење. Денес со вриштење уста не отвара. Заби не гледам. Скокови не пратам оти до сега ми се нема понашано вака. Освен јадењето, ок е. Си игра, весела е, активна..
Мама а има ли омилено јадење, да пробаш само едно овошје без мешање, пример варено блендано јаболко или банана да пробаш да и дадеш едно парче сама да јаде или блендано, млекце пие ли или цица барем? Пробај бисквитчиња со млекце и бананче, нешто што ќе ја држи барем сита
Мојава е јадачка ама кога се инати нешто на хранилката и истурам водичка и она шлапка со рачињата и ја залажуваме. Пробај може ќе упали
Пробав вчера, прво само јаболче дадов не сакаше, дадов банана ми ја фрли Блендирано одамна одбива, почнавме со пасирано и парчиња, еве и тоа не сака. Млеко не сакам ни да спомнувам колку малку пие. Еве сега за пред спиење и направив 210мл+7 дозерки, 120мл остави.. И на бајач ќе одам ако упали. Фала мама
Ако најдеш бајач да ми кажеш прво мене одма одам. Мама мојата повеќе од 135мл нема испиено а е скоро 14м. Да си частиш штом правиш по 210.