Прашање до мајките со поголеми бебиња Дали ако земам вреќа без ногавици би му сметало да се качува на кревечето? Некако немам многу избор за вреќи со ногавици...
На мојава не и смета тоа а искрено се надевав дека ќе и смета зашо ми е страв дека ќе се фрли преку креветче како што тргнала
Овој само со рацете се подига како атлетичар некој и се превртува од креветчето. Веќе никогаш не го оставам во креветче без да сум до него.
Мајки , да ве прашам и вас Што е ова? Вчера на ручекот му се појави и дур го викнав маж од работа да дојде за 8 мин го снема скроз. Јадеше риба , не му е прв пат да јаде ципура. Маж вели пак да му дадеме денес исти ручек, ама мене ми прпа.
Личи на реакција од храна, нас исто вака ни се направи од модар и исто го снема за 5мин. Модар и црвен домат обично знаат често ваква реакција да направат.
И модар имаше во ручекот. Значи од него може да е , а? Минатиот пат рибата ја јадеше без модар , сега Со. Ќе дадам денес све исто само без модар. Ти како продолжи да му даваш домат и модар после ваквата реакција?
Се согласувам со членката горе, нешто како интолеранција на храна е, не е класична алергија. Мене вака на праска со влакненца (кога не ја излупив), диња и грчки јогурт ми појави, исто за помалку од 5 минути снемува. Примети баш дали ќе има и поразлична столица, ако да, тоа е. А иначе можеби е и од комбинацијата на состојки во јадењето што му предизвикало реакција, не мора да значи конкретно од рибата дека е само.
Од обичен домат немаше ништо. Од модриот прв ден ништо, вториот ден ставив малце повеќе во ручекот и вака се вцрвени. Еве 13 месеци е и од тогаш не и ставам во манџи, само ајварче некогаш и давам (од тоа нема реакција, а има модар во него).
Баш сега какаше и мааалкуу потечничка му беше столицата од вообичаеното. Како се постапува во ваквите случаи? Да престанам да давам комбинација на ципура и модар ?! Пошто модар јаде веќе подолго време, не е имал вакво нешто. Ципура исто така јаде 4ти пат
Направи малку пауза и ќе пробаш пак едно па друго па заедно. Јас не би дала веднаш, организмот е сега поосетлив. Ама да, и мене не ми личи на класична алергиска реакција, може да е само и од контакт ако е вака локално, ама не знаеме. За секој случај јас би ја паузирала таа комбинација 2 недели бар.
И кај моето модар патлиџан даде ваква реакција. Го измив со вода, веднаш се повлече. Првиот ден кога му давав немаше ништо, вториот појави. Матичната рече не е страшно, по некое време пак да дадам. Од тогаш помина долг период, дадов немаше ништо. Може да реагира од комбинацијата. Паузирај ја некое време па пробај да дадеш пак.
@Bubce38 имам пишувано за модар патлиџан, информацијава ја прочитав од solid starts, дека многу често модат патлиџан дава било каква краткотрајна реакција зошто содржи хистамин како состојка, а хистаминот е тој што е одговорен за реакција на организмот при алергија...значи највероватно е тоа, на solid starts пишуваше да очекуваат мајките таква реакција од модар патлиџан и да не се плашат дека не е алергија...сепак можеш да паузираш некоја недела па пак да дадеш
На ќерка ми ич не и беше проблем си падна поштено два три пати и тоа не беше некоја нинџа да речиш, за разлика од второво што е нинџа и пол, не знам со него што ќе се прави Се додека не решив да ја отстранам страната од кај спалната и го приближив креветчето за да може да излегува не се откажуваше. Ма да јас барајќи решение тогаш наидов на 'креативно решение' да ги 'зашијам' ногавиците за да не може да ја крева ногата на оградата. Размислував за тоа ама отстранувањето на едната страна од креветчето доколку имаш можност да го поставиш до спалната испадна како подобро и побрзо решение. Се надевам ќе ти помогне
Od modarot ti e niso ne mu e...toa e contact rash....modar i obicen patlidzan taka praat i po nekoe vreme se gubi. I nie da se usljakame pri jadenje ko niv isto ke bide. Ne e alergija nek si jade. Mojata se davi u modriot i cela e.vakva duri grev da te fati deka sama jade mnogu pousljakana e
Здраво. Ми треба помош околу исхранава на синко. До пред 20 дена бевме на каши, почна да ми одбива, па преминавме на пасирано, а сега сме на парчиња. Несака ништо со лажичка, само со прсти сам или јас да му давам. Сега ми се појави проблем, немам претстава колку јаде. Кажете ми како да знам колку му е доволно? И друго жолчката како да му ја давам, со што? Месото претходно блендирано го јадеше 50гр, сега нема шанси, се заситува од малку, плус и зеленчук што ќе касне и толку. Збунета сум целата, скроз ми е непознат овој начин на исхрана, а воедно и се радувам.
Кога ќе дава знаци дека е сит (кај син ми тоа беше со вртење на дланките во рачниот зглоб), понуди го вода. Потоа понуди го од другата храна што му е сервирана, па и од вашата. Ако одбива значи е сит. Сервирај му 2-3 храни и ако изеде една (да речиме ги изеде брокулите, а месото и портокалот не ги допира) дај му малку време за да ги проба и другите храни пред да му даваш само од таа за која што веќе покажал интерес. И пробај во секоја храна шо ти дозволува да додаваш висококалорични и енергетски здрави намирници, како што се путерите од јатки, чиа семе, лен, семки од сончоглед, тиква, сусам... Ќе знаеш дека му е доволно со тоа што ќе му дозволиш сам да престане тогаш кога ќе се чувствува дека е сит. Не сакам да навредам некоја мајка, ама понекогаш хранењето со каши (особено со занимации, циркузи, цртани итн) е како во празна вреќа со лопатка да фрлаш песок. Не му даваш можност на желудникот да испрати сигнал во мозокот дека е полн и готово. Знам дека е тешко и ти изгледа дека јади премалку, ама пробај да му ја почитуваш желбата.
Не сум прашала, а сега ми текна . Се доевте мислам или на ад беше? Намалуваше подои, кога почна да намалуваш или остави да диктира беба сам?
Се доевме, доиме. Сега цица повеќе отколку како новороденче. Поарно ич не прашувај. 16м е уште давам да цица кога сака. Не знам точно да ти кажам, ама од 6ти месец почнав да ги давам сите јаки алергени. Можеби на 6 и пол, можеби на 7 месеци почнав да давам сусам, путер од кикирики и лешник, кон 10 месеци ореви и бадеми, така некако. Освен јаките алергени, другата храна не ја воведував по 3 дена и мешав од почеток. Ама ти терај си така како што се чувствуваш посигурно.