Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    5.985
    Пол:
    Женски
    Исто еве и моето, јас ако малце кренам глас дома да го викнам мм од друга соба пример одма плаче панично.
    И тоа што викаш со сестрата еднаш на фри шоп позади нас дојде продавачка и изгледа не ја виде, и кога ја примети цела продавница во вис ја крена моравме да искочиме надвор.
    Ама и ние како @IRBBB дома сме само јас и мм и тивки сме по дома
     
    На tina2018, IRBBB и Mucika им се допаѓа ова.
  2. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам некоја мајка која го давала сирупот ferrum lek дали пазела пред и по давањето да 2 3 часа да не дава никакви млечни производи или тоа нема врска?
     
  3. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Има врска, општо за храна со железо и суплементи со железо. Најдобро е да да има разлика од 2ч меѓу нив. Можеш да даваш и витамин Ц со железото за поголема апсорпција.
     
    На IRBBB и Ketnis им се допаѓа ова.
  4. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Да заедно со витамин Ц давам. Фала ти.
     
    На Maca Macka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    3.662
    Пол:
    Женски
    Мама дали сте разговарале со педијатар? Мада мислам дека немаш простор за грижа можеби заби му растат, можеби скок во развој па заради тоа да е нервозен и да кемка. Синко исто 11 месеци кога не сака во количка пошто пото не можам да го седнам и едвај го додржувам. Тоа вриштење мислиш го колам.

    Сега сакаат да се исправаат, остави го во креветче да се исправа таму ти е и безбеден. Не знам каков ви е ставот за дубак, ама кратко можеш и во дубаче да потрча низ дома или џампер. Остави му на земја перници да се качува на нив. И менувај играчките, јас му ги кријам за да не му здосадуваат ако ги гледа цело време одма му здосадуваат така да со криење и вади повремено менувај. Во хранилка седни го на масичката малце вода истури му може ќе се заигра со рацете. Ова чисто идеи што ми доаѓаат на памет.
     
    На S.o.F.i, tina2018, TanyaClover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Iphone7

    Iphone7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2017
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    zdravo majki ako moze nekoj da mi objasne za shto sluzat maticnite kletki ?

    vi blagodaram odnapred
     
  7. Marsic

    Marsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    И моето дете е исто буквално не застанува сеуште не оди меѓутоа му е период на држење и одење (трчање) кичма ми падна сама го чувам до вечер додека не заспие за добра ноќ. Не гледам ништо чидно во тоа си имаат енерѓија гушкајте се брзо лета времето не викај така едвај чекам на работа знам дека е тешко меѓутоа се издржива брзо растат после ќе ти недостига времето поминато со него а најубави момемти се. И неможеме да споредуваме други деца секое си е рсзлично :)
     
    На TanyaClover и Сара Лав им се допаѓа ова.
  8. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Мајки што би можело да биде ова? Се појави на лиценцето на две места. До сега не сме имале никаков проблем
     

    Прикачени фајлови:

  9. mcluckie

    mcluckie Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, сакам да ве прашам бебето ми е 6 месеци и почна од носето како водичка да му тече, дали е настинат или нешто друго е во прашање? Пошто го изнесувам облечен убаво надвор па да не е од ладново време. Фала ви
     
  10. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Исто беше и кај нас. Само што еден ден и течеше па после и се затна носето. Влечи со пумпица, веројатно е настинка. Период на настинки е, и времево е катастрофа топло-ладно
     
  11. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.248
    Пол:
    Женски
    Поради воздухот топло ладни и нормално е.
    Се дур е воденест не е страшно.
    Влечи со аспираторче.
     
  12. sirenah

    sirenah Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    60
    Само што влезе во 9ти месец, и неколку дена уста не отвара, вчера почна одвај со кисело млеко и јадеше малце од малце.
    Заби нема уште, се исправа стои, пушта чекори со проодувалка, се движи по мебел.

    Дремки има 2 некогаш 3, ама овие неколку дена се по еден сат едвај, треба на трепки да стапнеш да призаспие.

    Навечер лесно заспива, мн размак ми е од последната дремка до спиење, 3 до 4,5 часа некогаш. Независно кога заспала се буди скоро на секој саат и се смирува само кога ќе влезам во соба и со цицање, спиеме заедно. Си спие од 10 до 12, 5 часа навечер со повремено цицање, деновиве ме сотре, цело време е на цицка.

    Мислев гладна, мислев заби, ама многу ми смени. Си јадеше супер, си спиеше 5 - 6 часа пред да се разбуди за цице, дремките и беа мин. 1 саат најчесто 1,5ч до 2ч.

    Болна беше малце, мислев и од тоа да не не. Некој објективно да каже мислење, дали доволно спие, и слично.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.802
    Допаѓања:
    17.805
    Здраво мајки.
    На моево бебе најверојатно му раснат заби, веќе една недела да преспиеме ноќ е невозможно. Од бебе бајче што од 3 месеци некаде по цела ноќ скоро преспиваше, стана бебе што цела ноќ треба да го думкам во раце шетајќи низ соба. Се буди со пискање, не сака да цица, не сака во раце легната само исправена а главата и паѓа за спиење. Нишкајќи ќе заспие, не дај Боже да ја оставам, тоа плачење невидено. Дали јас не сум навикната така да плаче и ноќе да не спие, ама ова е премногу.
    Пробав се`, да не и е ладно, топло, да не и е страв во темно во светло ама ништо не помага, па заттоа препишувам на забите. Ја мачкам со фрезидерм гел и давам осанит гранули, од гелчето ќе се подсмири ама на кратко. Мм сака да земеме килибарно ѓерданче да пробаме, но мене ми е страв од задушување и да не го скине па да голтне од тие.
    Ве молам за совет како да и помогнам и нејзе и на мене.
    Да напоменам само дека денски не е вака, си спие 2 пати по околу 2 часа.
    Инаку утре прави 7 месеци.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Mom's
    Втора дремка бојкот ден втор:wasntme:
    10,5 месеци, да не претерува малава?
    Ај денес ок сабајле спиеше два саати ама вчера беше само пола саат и беше супер свежа цел ден. Некој скок ли е или крати веќе?
    Не знам дали јас сум спремна :?:
     
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.130
    Допаѓања:
    5.020
    Леле дојдов истово да си кажам. Додуша ние сме 10+, во 7ми скок. 3 дена прва дремка во 11 до кај 13, вторава на сила, вообичаено макс 9 е легната за прва дремка. Вчера со една остана и заспа во 20ч и покрај тоа што се мачев од 18ч да ја заспијам пошто сметав дека не е доволно спиена.
    На 6 месеци ми скрати на 2, прерано ми е пак да скрати на 1 :worried:. Се надевам скокот е крив.
     
    На Speechless и LazaLaza им се допаѓа ова.
  16. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    И јас бев вчера спремна да ја легнам порано ама видов дека си функционираше нормално па си ја заспав во 8. Не знам дали е скок. Обично навечер сме имале проблем со спиење во скокови сега нема. Еве ја пак свежа. Ќе видам и утре па ако не ќе се преорганизирам
     
    На Speechless и Mucika им се допаѓа ова.
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    5.985
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас, еве сме скоро 11 месеци.
    И јас мислев скокот е крив, еве според апликација и однесување веќе не сме во скок, а секој ден борби водиме за втората дремка.
    Ај остај што одвај го заспиваме ама после ќе си ја затера па навречер журки до 9-10..:(
    Сум земала деновиве и во количка да го заспивам..:drunk:
    Некако имам страв на една да го оставам :D
    А и ич немам идеа како да го организирам, дадете идеа :$
     
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.549
    Пол:
    Женски
    Баталете скокови и табели. Не се лажете дека однесувањето на детето е заради тоа.
    Тие скокови што ги зборувате не се баш такви како ви се претставени и во никој случај не следат прецизни временски рокови. Нема такво нешто еј утре е нов скок и детето да се однесува поинаку наеднаш од кога ќе стане утре.
    Многу е нормално детето од 6-12 месеци да менува навика во спиење преку ден а и преку ноќ.
    Потребата за сон ќе се намалува како што ќе расте. Ќе спие се помалку часови вкупно во денот. Ако спиело двапати ќе спие еднаш. Ако спиело еднаш ќе престане да спие преку ден.

    Тоа се должи и на тоа што децата физички созреваат ама и психички.
    Физичкото созревање значи дека детето на оваа возраст има стекнато нови моторни способности кои му ја зголемуваат подвижноста и му ја менуваат перспективата. Јаде појака храна и таа му дава повеќе енергија што трае подолго.
    Новите моторни и физички вештини повлекуваат можност да се развијат нови психички способности. Се развива перцепцијата, вниманието. Ако научило да седи и добило слобода рацете во таа положба да почнат да фаќаат наоколу на детето му се отворил пат за истражување и учење нови работи. Светот му станува многу поинтересен и поголем. Желбата за игра и за истражување на тој нов свет ќе го тера да го игнорира заморот и да седи подолго будно детето. Се е ова многу нормално и во склад со развојните задачи што треба да ги оствари детето во овој период.
    Додека се помали им треба сон за да растат но кај поголемите им треба сензорна стимулација, активности и игра за да созреваат.

    Следете го детето и прилагодувајте се вие кон него. Бидете флексибилни и спремни дека се поретко ќе спие денски и дека времето за легнување и станување може да се смени зошто и саатите од ноќното спиење може да се поднамалат.
    Ок е да се прават здрави навики за спиење. Тоа ќе го научи како да си заспива полесно и како да има квалитетен сон понатаму во животот. На пример, после времето за кое сметате дека е соодветно за одење во кревет да направите порелаксирано атмосфера дома. Да се намалат звуците, да се исклучи телевизорот, да се намали светлината или да се исклучи некоја сијалица, да се успори темпото во домот. Да се намали користењето телефони да се избегнува примање гости после тој период или активности кои ги расонуваат. Да си практикувате некои ритуали кои доследно ќе си ги следите секоја вечер. На пример хигиена да се направи секогаш пред спиење, па после пресоблекување, читање приказна или приспивна песничка и сл. На тој начин уште кога ќе почне ритуалот на подготовка на детето тоа ќе му биде сигнал дека е време за спиење и побрзо ќе дојде до доволно опуштена состојба за да заспие.
    Моите две деца инаку на 9-10 месеци престанаа да преспиваат денски. Некогаш само си се излежуваа, па и тоа е одмор. Ноќе пак си легнуваа најнормално.
    Се случуваше кога беа поголеми на 4-5 години или на школска возраст да си дремнат ако се уморни после ручек. Не им сметало на ноќното спиење. Пак навечер си легнувале.
     
    На marta993, viniMini, bubabuba и 9 други им се допаѓа ова.
  19. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    698
    За кашлање што може да се даде? Педијатрија вика само ќе помине дека нема спуштено ништо
     
  20. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Ќе да е скокот:D
    Ај ќе продолжи чекаме некој ден па после ќе му ја мислиме
    IMG_20221015_062645.jpg
     
    На Speechless и Mucika им се допаѓа ова.