Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Hellokitty93

    Hellokitty93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Извини, каде го најде текстот? Има за сите скокови посебно?
     
  2. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    На Hellokitty93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    3.166
    Пол:
    Женски
    Метиленско плаво нам ни даде педијатар за кашлица, на чепкалка за уши и мачкам во уста, или две капки на цуцлата на шишето кога пие млеко. Нам ни помогна.
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Мајки совет, 7м ми е малата вчера кашлање со шлајм друго ништо. На лекар ни рекоа кс ок грло црвено ни дадоа антибиотик амоксицилин ако и се влоши да давам вирус било ако не само инхалации. Денес кашла полошо и нос тече очиња и солзат само кива и керка незнам дали да и го дадам антибиотикот нели за вирус не се дава...
     
  5. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.015
    Пол:
    Женски
    A brisevi pravevte?
     
  6. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Ме ми рекоа немало потреба по крвната слика се гледало дека е висока а и од брат и прифати а тој имаше чисти брисеви
     
  7. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.015
    Пол:
    Женски
    Jas ne sum davala ako kasla slajm ama nema spusteno na gradi. Odam ja slusaat i sme proagale so sprej za nos i tapkanje. Eventualno sabutamol sirup ili inhalacii za iskasluvanje. Ama se ova na bebe od 11mes pa nagore
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.549
    Пол:
    Женски
    Извини ама се изнасмеав на ова што е пишано во скриншот. Особено за тоа што прогнозира сон на бебе и тоа ден за ден.

    Единствено добар совет во споделеново е дека ако детето не сака да спие денски да му овозможиш извесен период да си полнежи во потемно и потивко.

    Го разгледав она што го пишува и објаснува за скоковите на Инстаграм. Како психолог најодговорно ви тврдам дека теоријава не држи вода за многу тврдења, иако тврди дека е научно поткрепена. Се знае што е научно поткрепено, треба да ги наведе истражувачките студии кои тоа го докажуваат. Нигде ги нема!
    Скоковите во развој се однесуваат на развој во когнитивните, перцептивните, моторните, говорните способности на детето. Се нарекуваат скокови но реално процесот на развојот на когнитивните и моторичките способности само привидно изгледа како дека е скалест, односно дека еден период детето стагнира (плато), па наеднаш преку ноќ стекнало некоја нова способност (скок на нова скала), а уствари развојот е континуиран процес. Само што некои промени се прво внатрешни а дури потоа надворешни и манифестирани во однесувањето на детето. Детето нон стоп се развива, секој ден вежба нова способност и вештина дури и кога тоа не е толку видливо однадвор за возрасните.

    Второ, секое дете е различно во однос на напредокот во развојот. Не е можно до ден или недела да кажеш кога и како ќе е расположено, колку и да сакаш. Тоа е исто толку точно за сите деца од една возраст колку и еден хороскоп за сите родени во еден ист период.
    Трето, пишала дека се почнува да се рачуна од термин кога требало да се роди а не од кога се родило? И не објаснува зошто? Колку да сте информирани развојот на бебето започнува уште интраутерино. Уште во вашата матка учи со условување. Тоа е понизок облик на учење (истражете го ова на интернет). Докажано е ова.
    Секако раѓањето не е занемарлива промена за развојот на бебето за да го скокнеш..нема да објаснувам од кои причини, стварно..зошто со тоа би требало да ви ја потценам интелегенцијата...
    Плус, пишала дека има 10 скока (зошто се толку?) во две години, а самите скокови не се јасно дефинирани, не постојат точно одредени критериуми по кои е направена поделбата и карактеристиките на скоковите и се преклопуваат, не се суштински односно не се однесуваат на конкретни психички (пред се мислам на когнитивни и моторни) способности и вештини туку на психички процеси како што се расположението и емотивната состојба на бебето.
    На едно прашање од мајка за причините зошто дете од 4 години и спие немирно и пишала дека после 24 месеци нема скокови, причината била нешто друго а не скок во развој. Цепки! Па и кај дете под две години може да е нешто друго причина..

    Многу лошо разбрале што се случува на две години. Поточно не е ни битно да е точно две години, она што е битно е појавата на говорот кај детето. И говорот се јавува ОКОЛУ две години, но тоа е индивидуално за секое дете. Кога ќе почне да зборува детето развојот на моториката и когнитивните способности се одвива паралелно и заедно. Пред појава на говорот се развива малку едното, па малку другото. Односно ако детето во даден период напреднало когнитивно, моториката малку стагнирала во тој период. Па во наредниот период обратно, ќе направи малку поголем напредок во моториката (на пример во седење, одење, лазење, фаќање) ама ќе стагнира со развојот на говорот. Тоа е затоа што когнитивниот и моторниот развој на детето до појава на говорот се влечат еден со друг. И тоа личи на скокови на график ако се претстави. На две линии со скалеста прогресија. А кога ќе се појави говор психомоторниот развој на график личи на нагорна линија со падови и успони ама сепак со тенденција да оди нагоре.

    Многу стручњаци со завршени курсеви излегоа кај нас. Наплаќаат дебело, си ставаат називи и звања, а немаат ниту соодветно образование ниту формални дипломи за да работат во одредени области.
    Ако сакате да добиете најверодостојни совети одете на психолог, дефектолог или педијатар. За развојот на детето таму треба да се информирате.
     
    На Ema_10, Ani93, marta993 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Немаш што да ми се извинуваш не сум јас dr.goodnigh :)
    Фала за деталното објаснување(y)
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    6.277
    Не ги измисли она тие скокови. Тука е само нешто нафрлено од информации. Инаку се според книгата Wonder weeks
    Тука поише детали
     
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.549
    Пол:
    Женски
    Па конкретнава жена самата кажува дека научила и земала сертификат, не ни реков дека таа ги измислила, :D. Таа само завршила обука. А теоријата не е нешто што еден човек може да го смисли. Но правете разлика помеѓу теории кои сеуште треба да бидат потврдени и потврдени научни сознанија. Ова се само теории кои сеуште се проверуваат.
    Пак ќе повторам, теоријата треба да се поткрепи со научни студии а ако стигне до таму треба да се поткрепи дури потоа и во праксата односно при апликацијата врз луѓето и работа со децата. За ова треба многу многу студии и време и многу потврдени случаи.
    Во овој линк од Википедија што ми го сподели само ми го потврди тоа дека теоријава уште е дискутабилна. Има студии кои не ја потврдуваат.
    Тие што ја развиле теоријата пошле од некои добро познати сознанија (најчесто новите теории тргаат од претходните и искуството со нив) од развојната психологија и се обиделе да ја развијат во одреден правец. А тоа е таа конкретна теорија со скокови. Значи точно е и дека има моменти на регресија во развојот кои претходат на успешното совладување на една вештина (тоа е тоа сознание од развојната психологија) и на т.н скок во развојот. Но сосема друго е од тоа појдеш и да го растегнеш до таму да дојдеш до една универзална шема која треба да важи за секое дете, во секоја ситуација насекаде низ светов. И до одиш уште понатаму, и таа шема да ја користиш како средство за предвидување на идно однесување на едно конкретно дете. И да одиш уште понатаму и да отвориш фирма и да работиш практично со деца со помош на методот чија теоретска основа уште е во фаза на истражување.
    Дури и во текстот што го сподели се спомнува дека нема многу студии, и дека има една студија во која се обиделе да проверат дали е апликативна теоријата и дошле до заклучок дека има големи варијации т.е. разлики меѓу испитуваните деца во однос на периодите на регресија (те периодот кога детето е фрустрирано и нерасположено): "They concluded that age-related regression periods do not exist and that infant development is chaotic, with wide individual variation.[28]"
    Па после и овие наоди се проверувани од поддржувачите на територијата и се доведени во прашање. Се проверувало дали е методот и контролата на клучните фактори ок. И тоа е во ред. Така се работи во психолошките истражувања. Затоа некои теории од пред 50, 100 години и до ден денес се предмет на истражување. Оние по кои денес се работи во психолошката пракса и во образованите установи се добро проверени и потврдени теории, методи и се прифатени како исправни. Има разлика!
    Во психологијата секогаш така се доаѓа до сознанија - едни студии нешто од теоријата ќе потврдат, некои други нешто од неа ќе оспорат.
    Овде имате само теорија која е релативно нова и не е докажана низ многу студии, сеуште многу е дискутабилна за да можеме да ја примениме во пракса врз дете.
    Нејзините приврзаници ви велат да следите некои показатели како мерка само со обсервација на детето и календарска возраст (не е ни календарска, незнам што е) за да одредите степен на развој на детето и за да предвидите идно однесување на детето и тоа хируршка прецизност изразена во денови. Премногу farfetched!
    Процесот до кој психолозите доаѓаат до мерен инструмент или тест за мерење на одредени психолошки карактеристики, кои ќе служат и за нивно следење кај реални испитаници од најшироката популација (читај да се применува врз сите деца од целиот свет) е процес кој е многу долг, бара сериозни студии и статистички анализи и е многу скап. И дури и кога ќе се дојде до конечниот инструмент и ќе дојде до една конкретна земја за примена се прави стандардизација за секоја посебна популација (читај за испитување на луѓето во таа конкретна држава) за да може тој тест да се прилагоди на факторите кои би влијаеле врз до добиените резултати од неговата примена или накратко за да биде ТОЧЕН резултатот што ќе го добиеш. Дали е такво нешто направено овде?
    Што да ви кажам мајки? Знам дека е многу популарна теоријава, се турка на медиумите и социјалните мрежи ама ако е популарна не значи дека е точна.
    Секој си знае најдобро за своето дете, кај да го носи и како да го воспитува и каде да бара чаре за проблемите што ги има. Имаме конечно луѓе што им прават "третмани" на бајачки на децата, и убедени се дека помагаат, така да во споредба со нив ова е бар нешто што пошло од некои психолошки теории.
    Мада јас би рекла и дека бајачките работат или користат еден добро познат поим во психологијата што се вика автосугестија.
     
    На Ema_10, marta993, bubabuba и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.140
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам, само ова ме потсети на неодамнешната случка со Жан Митрев. Можело, и те како можело :(
     
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.549
    Пол:
    Женски
    Да ама во Жан Митрев барем работат дипломирани доктори, со специјализации и со добиени дозволи за работа.
    Мора да имаш диплома по психологија за да работиш психолошко советување, да користиш психолошки тестови итн. За да работиш на психолошки проблеми со деца мора да имаш положено се што се учи на психологија вклучувајќи и развојна психологија, детска и младинска психопатологија, педагогија..и мора да стекнеш малку искуство низ пракса. Неможе некој што нема соодветно образование да работи во оваа област. Курс не е доволен. Обука не е доволна.
     
    На tina2018, bubabuba, Knizhevnik11 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Sonchulka

    Sonchulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2021
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Мајки да ми предложите вреќички за спиење? Многу немирно почна на спие малата и све ми е откриена..
    Јас би сакала со ногавички, ама немма искуство со вреќа. Иначе полни годинка на 27ми.
     
  15. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.248
    Пол:
    Женски
    Нанам на фб.
    Јас земав од таму.
    Ги има 2 дебелини.
    Две вечери ќерче спие во неа и е топ..
    Имам погоре објавено и слика.
    Зависи колку висина има малото ќе си одбереш големина.
    Мојата е 74 цм и ја земав најмалата величина (0-6м)

    Прво ја нарачав 6-18 но пливаше во неа. Па ја заменив.
     
    На Sonchulka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WindyWind

    WindyWind Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    120
    Здраво мајки бебчо е 8 м денес бевме за вакцина и контрола докторката кажа приметила дека левото око на некои движења бега на внатре, јас тоа досега не сум го забележала и баш се гледав стварно не гледам како бега, рече не е ништо ќе пратиме како ќе биди, имам простор за паника, и се случило на некоја вака да и кажат, дали да одам на друг доктор? Да напоменам денешната докторка прв пат го гледа бебето обично друга ни се годи а таа од предходните пати до сега ништо не спомна за ова со окцето
     
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.130
    Допаѓања:
    5.020
    Нас матичниот ништо не ни кажа, а во Ремедика на педијатар ги приметија. И јас едвај го приметувам, т.е. да не ми кажеа немаше да приметам. До 1 година се чека, ако нема подобрување после се оди на очно.
     
  18. Sonchulka

    Sonchulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2021
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Ко за инат не можам да ја најдам сликата. Ако сакаш пушти ми во порака.
     
  19. Anculce

    Anculce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Majki ve molam za mislenja .. Malata ima 8 meseci nasabajle stanuva nekade 7-8h si pie mleko okolu 190 nekogas ostava po malce po 2-3 h ima kasicka ovosna ili nesto drugo potoa zaspiva posle sat sat i nesto spie okolu 1 do 3hmax ama toa ne e sekoj den taka, potoa koga ke stane i davam pak mlekce 190 si go pie po 3h imame rucek i posle toa pak dremka pa koga jademe nie i taa pak jade muabetot mi e ovie dva tri dena taa prv pat i vcera i zavcera malce povrati od kasickata ama malce ii nekako ne go pie mlekoto ostava po 90-80 ml inace ne e nisto nastinata veselo bebence si igra se najnormalno. Muabetot mi e taa i da se ima sega napieno mlekce svekrvami i dava po malce sredicka lepce, dali taa ne pie mlekce deka izmejgu si kasnuva po nest? i dali vie mu davate na malite dusi vodicka uz jadenjeto ili cekate barem malce da mu spadne
     
  20. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    3.166
    Пол:
    Женски
    Мојов има сличен распоред само пие помалку млеко
    7 30 ч 170 млеко
    10 30ч овошна каша
    13ч 170 млеко
    16ч зеленчукова каша со месо или риба
    18 30ч млечна каша
    20 30 170 млеко
    Вода пие по доручекот и по ручекот обавезно ама после 1ч не сака одма околу 150мл дневно пие
     
    На Anculce му/ѝ се допаѓа ова.