Станува во 7 што е оптимално, легнува во 9. Цица во 8:30 за прва дремка, доручек во 10, цица во 12, дреме, ручек во 3, цица во 6, дреме, вечера во 8, цица во 9. Што да скратам? Скратив прво цицање кога ќе стане.
Горе доле и кај нас е исто, цица па има дремка, кога ќе стане од дремка доручек/ручек. Вечера немаме воведено. @TeddyGrey веројатно мисли кога ќе стане од дремка одма да понудиме да цица, ама мојава одма е расонета, освен после последна дремка кога не се расонува ама нејќе да цица, нејќе ништо, нервозна е. @DejziSk мислиш да скратам дремка и наредните да бидат подолги?
Хммм.. Малце да ги смениш дремките понапред за да исфрлиш последната дремка. Јас имам 6 месечно сега ама со големата на 9ипол месеци имав две дремки и ги памтам дека нели тогаш тргнав на работа. Првата дремка ти е многу рано. Дади прво доручек па дремка. Не го исфрлај тоа цицање туку смени го. Пробај така. И поуморно ќе е и може ќе спие повеќе. @Mrs.Sofija да, за дремките мислев.
За Тина пишав погоре. Моето е 6 ипол месеци и ваков ми е фатен редот ако ти е од помош: Се буди околу 7,7и15, му давам одма да цица со надеж да допризаспие зашто мене ми се спие. Некогаш ми успева бар уште пола саат да дремнеме. Околу 8 веќе менувам пелени, капки пие, соблакам пижами, си гугаме, највесел е одсабајле. Дур правам кафе, спремам и каша, јас пијам кафе и го ранам околу 9. Поигруваме на земја после појадок, фаќа веќе 10, и дури тогаш давам да цица за да заспие. Спие до 11, 11и 15 Искачаме да шетаме, пазариме, некогаш и пред искачање нудам да цица, ако брзо заспал на претходното цицање. Следно заспивање му е околу 13, е тука некогаш спие до 3, ако успее да продужи, ама генерално почесто станува во 14. Третата дремка е околу 17, 17и30 до 6, 6и 20. Легнуваме околу 8ипол - 9ипол, искрено чекам да даде знаци дека е изморен. Не ми е идеално ама начелно тој ми е редот. Отстапки има, да се зашетам, па заспива во количка сам некогаш, знае и со татко му да заспие некогаш. Кога беше потопло, уште и првата дремка ја шетав, заспиваше сам.
Фала многу Кај нас многу се кратки дневните дремки, ќе морам на тоа да поработам. Станува од спиење, зева и не успева да презаспие. Знае некогаш и во количка кога се шетаме да заспие ама па не можам на секоја дремка да шетам а и пак за исто време се буди. Се ќе пробам, немам друга опција
Мајки доколку некоја давала од Авил сирупот да ми каже колку мл може за 7 месечно бебе на упатството не пишува и за инхалиција колко мл Дексазон а колку физиолошки раствор?
Мами мислам дека и е период , и мојата беше такс баш на 6-7 месеци спиеше ко зајче и наеднаш ми отфрли 2 дремки и почна да има 2 по сат ипол …сега имаме 11 мес и уште сме така мн ретко знае да има една дремкс ама да и трае 3 сати ( ова 2 пати и се има десено само ) така да само трпение ,знам напорно е и мене ми беше ама ке се издржи
Мојата е иста , 7++ е има само две дремки некогаш 15 минути некогаш 30 ретко да поспие 1 час ама побитно ми е навечер да спие убаво заспива у 22:00 и се буду у 10:00.
Нејќе да доручкувам, пробано поише пати. Сабајле презаспа во 7, еве сега легна во 20:30. Ќе чекам само да прекине зашто немам срце да го одбијам, ама ќе скратувам постепено. Има ли некоја студија до кога цицаат ради храна? Или тешко да се докаже. Не знам што ми е, ем сакам да си биде посамостален, ем нејќам да го одбијам, жал ми е. Ај сеа нзс.
Исто,не сака да доручкува пред прва дремка само со цицање заспива. Е сега ние сме 11++ а цица повеќе пати и преку ден и преку ноќ а ако не сум дома и не ме гледа не бара да цица цел ден,спие по два а некогаш и три пати дневно и тоа нема дремка испод еден час. Секое бебе различно така да гледај како вас ви одговара така прави си. Верувам дека не е гладно туку си сака цице пробај остави го некој ден ќе видиш дали ќе бара.
Здраво. Малово ми е 11++. Два дена е со затнато носе. Кс добра, брисеви чекаме резултати. Совет само инхалации и солен раствор и чистење на носе. Али ноќе е хорор му се затнува ептен и плаче неможе да спие. Кажете некој совет како да му помогнам
Освен шмукање на мрсулите пред спиење нас ни помогна легнување на перница, малце на повисоко. Пробај.
И мене ме интересира баш искуства,денес на педијатар на 7м ми вели да почнам со глутен,месо и млечни.А јас тек со месо ќе почнувам.На првото се сеќавам дека на 8ипол месеци му дадов млечни
Мајки, на бебе му излегоа ситни брунчиња низ целото грбче, ептен му е рапаво а онака не се ни гледаат дека ги има. Не знам од што би можеле да се. Да ми кажете некоја крема за да ги мачкам?
@nestorovskaa Јас од 6ипол, 7 веќе почнав се да давам и месо и глутен и млечни. Мене лично здравје радово ми е уште нај блиску до домашни, ама ако му е многу кисело пробај со други, битолско, алпско, гледај со помалку сол да е и со голема масленост, тоа е важно. Инаку пошто појави реакција на кравјо, сега си давам козјо од трница.
На која температура ги бањате бебињата? До сега беше потопло, температурата во бања скоро иста како во дневна и спална, а живееме во куќа и потешко се одржува иста температура во сите соби, посебно на два ката. Првото дете пред 5 години го капев во дневна, но беше помал и не толку активен. Може е глупаво прашањето, ама мислам дека ќе ме сфатат оние во куќа што живеат. Во бања една температура, па ходник ладен, па дневна или спална топли....Значи го капам во топло па го минувам низ ладен ходник, па го носам пак во топло....