Не ми даде инхалации..ќе почекам уште некој ден па пак ќе одам. Страв ме фаќа, на нецели два месеци лежевме на болница за бронхиолит.
Да. И уши кога ќе ги докачи. Мислев дека се заби, му избија два, ама уште прави вака. Леле, се сум заборавила од првото. Наново паники сум со второво.
Како да го научам да не ме каса додека цица? Постои ли воопшто такво нешто? Почнаа да му раснат и горните кецови изгледа и партал ме прави. Гледам да изреагирам најсмирено што можам и веднаш му ја тргам брадавицата, па по минута две пак му давам да цица. Му зборам дека не треба да ме каса, дека ме боли. Вчера вечерта како ми заспиваше така посилно ме касаше, дека му се стега вилицата. Ми идеше да му вриснам Мачкам ланолин за секој случај, а за учењево (одучувањево) чаре има ли?
Обично касаат зашто им е ново во уста, а после им е смешна реакцијата од нас. Пробај да не реагираш, ќе му здосади.
Совет кога е најдобро да се одвикне од цуцла лажливка и како? 8 месеци полни има и е страствен цуцач Јас сакав до 9 некаде да ја одучам, ама се позависна мислам дека е
Што побрзо...јас имам стравствен цуцач а има 21 месец...од секогаш ја сакаше цуцлата ама мислам тие месеци кога му излегуваа 3ките и 4ките не ја извади од уста...пред еден месец беше болен, му се слеваше многу шлајм и повраќаше и кога ќе цуцаше многу му сметаше...тие 10тина дена дури се опорави му ја тргнав скоро скроз...ама кога се опорави почна пак да ја бара, па сега ја кријам..му ја давам само ако се разбуди на сред ноќ за да презаспие...ама горните запчиња многу му се изместени нанапред од цуцањето и само заради тоа би те советувала да ја тргниш што побрзо
Здраво Бебето има 7 ипол месеци и пие формула 2 Babylove од DM. Ама сега моментално ја нема 2 формула што е за над 6 месеци. Дали е подобро да земам формула 1 што е за до 6 месеци од истата фирма, или да земам од некоја друга фирма формула 2? Фала вии
Мајки користела ли некоја Nailner за време на доење? Ми се појави малку габична инфекција на ноктот, па за да не се прошири... т.е не знам ни дсли е тоа или враснал ноктот
Од педијатар добив совет дека најкасно до 9 месеци ако не ја одвикнеме потоа е многу тешко и ич веќе да не пробуваме дури не е доволно голема сама да разбере и да се откаже. Ние ја одвикнавме на 8 месеци, едноставно ги фрливме сите цуцли ( да не паѓаме и ние во искушение да и ја вратиме хаха ) и тоа беше тоа, 2 до 3 дена имаше плачење силно и често, а потоа како ништо да не било заборави..
Здраво мајки, ќерка ми е 6ипол месеци, ови денови се мачиме со затнат нос, температура, кашлица.. и кога ке почне повеќе да кашла почнува да повраќа млеко заедно со секрет.пред 3 дена бевме на доктор и ни кажаа дека е вирус. Но сега некако приметувам дека оваа вечер дише некако побрзо и носето и свире… се плашам некако дали да ја носам на итна? Совет ?
Zdravo majki, nie sme dve nedeli starii ama imame mn grcevi, na aptamilce sme. Kako da go davam becutan cajceto od anason po kolku ml i na kolku vreme?