Мислам дека се радуваат, искажуваат емоции на тој начин. Сајковски ми вика скок у развој али шо знам...Исто мислам дека заби го мачат, едно имаме па чекаме други, не дава да видам,стиска уста а и нејќе да јаде баш...
Не се секирааај мајка, машките се спори.. Моето до пред 2 недели не се ни вртеше па преку ноќ почна да седи сам и да се превртува, луди мали деца
Девојчето и на 8 месеци ми паѓаше наназад... А овој се превртува уште од 3 месеци... појак е ама по смотле, по мрзливо. На ортопед ми рекоа побитно е да вежба вака отколку да го седнувам неприродно јас и да го опколувам со перници. Дури ми личи дека овој и седи ама го мрзи, па си се мести во поза за лазење...
Ок е. И моите беа нестабилни на таа возраст и преку ноќ сами седнаа. За лазење исто се местеа во таа положба и се нишаа напред назад.
Ние уште ни едно, исто мислам ја мачат. Ама па во хранилка најчесто прави, па ме тера да помислам и нешто од храната пр дека се згрозува. Т.е мислам дека повеќе емоции искажуваат на тој начин. Сега сум помалку исплашена од што бев, бев спремба на невролог да одам. Деновиве ќе одам кај друг педијатар, па да видам и таму што ќе кажат
И моето кога е во хранилка така прави. Некогаш од радост, некогаш ако и дојде неубаво од јадењето. Ама најчесто ја врти така главата од радост. Се имам забележано дека и јас некогаш кога и зборувам вртам со главата како Индиец, па најверојатно ме копира.
Majki, bebeto mi e 3 nedeli na aptamilce sme i denes mn mi spie skoro na 4h stanva da jadi, vkupno nekade ima 5 obroci jadeno od po 60ml dali e normalno toa?
Бебка ми е 9+ сеуште немаме запче, но моментално ги има сите симптоми на вадење и плус не сака да јаде ништо само на цицка е, а до пред 4 дена супер си јадеше имавме 3 оброци сега едвај по 1 лажичка 2 пробува и толку. Дали и другите бебенца вака протестираат со нејадење и дали ќе се вратиме во нормала откако ќе пробие запчето. Ве молам за искуства
Моето бебе е помало 5+++, ама ме заинтересира ова со нишањето напред назад дали е нормално. Почна го прави пред една недела и буквално секој пат кога е во скут се ниша така напред назад баш активно, и исто кога ќе ја поткренам со рачињата да седи. Вежба нешто или? Исто и кога лежи 99% од времето она почнува да го крева газот со нозете и да се треска цела.
Се ниша како да сака да седне, се обидува да се дојде во седечка положба? Моите се нишаа напред назад во планк положба кога беа, се спремаа за лазење но никако да тргнат. А тоа кревањето со газ исто го правеа, како игра им беше и како црвчиња се движеа по подлога.
Се ниша кога ќе ја седнам во скут или на под (кога вежбаме кревање од легната положба), не е како за лазење... Од кревањето не можам пелена да и сменам, секое менување она мисли си играме и ми бега со газот.
Мајки, Бебе настинато, нос не тече (а има секрет, хрчи кога диши), кива и поткашлува по маалку суво. После сме на доктор, ама дали во меѓувреме да набавам нешто за имунитет, евентуално нешто друго од спрејчиња/капки? Моментално со Аквамарис спреј и аспиратор третирам.
Жени, дали давате некаква ужинка измеѓу доручек и ручек за малите од 9+++? Тргнав на работа и ми кажуваат дека едвај го дочекува ручекот, пес гладен бил. Ваков ни е распоредот отприлика сега: 06:00 - доење откако ќе се разбуди 08:00 - доење пред работа 09:30 - доручек 14:00 - 14:30 (зависи од втората дремка) - ручек 18:00 - доење после работа 19:30 - вечера 21:00 - доење пред спиење И после цела ноќ журка стандард Претходните денови додека усогласам смени на работа имаше периоди кога не цицаше од 4 сабајле до кај 16 попладнето, што е многу и затоа бил апла гладен. Овој распоредот погоре го имам тестирано и функционира, со тоа што втората дремка ми ја заспиваше на шетање, сега и така се бунтувал Any ideas? Ако му оставам молзено да му дадат накај 12 да не се зезнам па со дневен млечен оброк, да не му биде после потешко за одвикнување? Вие како правите?
Штом не пие млеко помеѓу појадок и ручек нека му дадат ужинка или оставај измолзено млеко. Многу време е гладен да седи. Моите помеѓу појадок и ручек прво имаа ад млеко, а по некое време го заменив со ужинка.