Морам да споделам снаата моја како го облекува детето нејзино. Моите родители го чуваат преку ден и кај нив е секогаш 24 степени ако не и повеќе зш се топлат на дрва. Значи има хулахопки, чорапи и топлинки, дебели тренерки, боди со долги и блуза. Последниот пат му имаше ставено и елек. Кога беше бебе ко ќе го носеа од еден на друг спрат плус го мотаа со ќебе и капче. Сто пати и имам речено на мајка ми дека го претоплуват ама нема разбирачка. Снаата нема фиксно работно време мќи можи да си дојди дома кое било време од денот и да ја и се пушти на мајка ми ако има нешто извадено од алиштата.
Правилото е- колку слоеви облека има возрасниот, за да му е пријатно топло додека седи, за бебуш е исто толку слоеви +1. Пр. ако тебе ти е океј да седип дома по маичка долна и горна, него му облакаш исто и плус еден слој нешто не многу дебело (елече, блузиче, џемперче).
Majkici imame nie zapcee. Sakam da napravam kolacinja vo forma na zab samo nemam recept. Ke mi pisi nekoja?
А зашто се мешате? Вам ако ви се мешаат одма коментари. Мајка му е, како сака така нека го облече, ако згреши ќе увиди сама.
Не знам ти кај виде мешање од овај муабет...реков само да споделам, ни сум помислила да се мешам нити па да и кажувам. Таа се си знај.
Зависи колкаво е детенцето. Мојата е година и носи уште 74ка. Ако си одговара таман 80-86ка купи. Колкаво мислев да не е скакулец ко ќерка ми
Моето е покрупно. Има 6 месеци а носи 12-18. Зависи колкава е бебето. Ама не е грешка да земеш поголем број. Кога тогаш ќе го износи. Може и за две години да земеш
Има ли простор да се грижам за моторички развој? Бебе 8++ не лази, не ни покажува интерес за лазење. Инаку се врти од стомак на грб и обратно. Почнува да се исправа на гарнитура ама уште не оди по мебел (ако е седната на перниче или нешто слично одма успева да се исправи ама ако седи на земја потешко и оди, гарнитурата ни е висока околу 43цм). Седи стабилно ама не знае само да седне од лежечка позиција.
Во ред е се. Каква грижа, мало е уште, секој месец ќе има напредок. Мојата на 9м почна да седнува од лежечка позиција на грб (ама и правев вежби на секое кога лежеше и требаше да ја земам), на 11м почна да седнува од лежечка позиција на стомак, пролази и почна да се исправа држејќи се за мебелот. Поголемата ќерка никогаш не лазеше, не се сеќавам за се, ама знам дека на 1г почна да се исправа држејќи се. Правете вежби за седнување. Кога лежи на грб држи го бебето за едната рака за да му помогнеш да седни, а тоа со слободната рака да се потпира.
Моето е за некој ден годинка, не лази се влече на стомак, не се исправа на гарнитура ( освен во креветче ), кога го ставам да стои секунда не сака да се држи за кревет, одма се врти и кренува назад. И не знае да седне од лежечка положба
Мами после породилно без прекин треба да ми отворат боледување за бебе 9м,значи прво 15дена со извештај од невролог ќе ми отвори матичен педијатар а потоа ќе се продолжи со конзилијарно мислење.Прашањето ми е дали тие првите 15дена се на терет на фирмата или на фондот?Ако знае некоја да ми одговори,фала ви
Здраво мајки, јас прашав еднаш можда беше и во друга тема ама ајде уште еднаш. Бебушот 7 месеци без 3 дена. Последниве 2-3 недели цело време пишти вришти. Ништо не му е погодено, све нешто нервозен, претежно сака во раце и да чепка се и сешто и да го шетам, а јас упорно гледам да е што повеќе на под наместо во раце. Пред 1 недела му изби еден кец доле, немаше некои симптоми од типот на температура или друго нешто невообичаено. Вриштењево на моменти многу иде на нерви, не ме сфаќајте погрешно, си го сакам бескрајно, ама просто е неподносливо, мислам стакла ќе попукаат од што е гласен на моменти. Дали сте го искусиле ова и кога престанува? Дали има некои начини да му до намалам? Во принцип ако го земам и го шетам прекинува ама не може цело време во раце. Некогаш пали ако му пуштам музика ама кратко. Што и да направам кратко трае.