Мојава е 6++ и исто се понаша, не вришти ама цееееело време кенка, намуртена, помалку се смее. Не сме во скок и не знам на што да го препишам ова вештерчење. Помага само надвор шетање. Е сега јас друга мака имам. Како е можно да бара млеко на 2, максимум 3 часа? Значи јаде каша 100 грама, и после 20 минути вришти за млеко, и цело го пие. На оваа возраст докторката вика дека 4 5 оброка максимум треба да има, а она на 2, 3 саати вришти. Е од друга страна уште пие по 100мл... Некој со вакво искуство?
Јас ни надвор не можам да го прошетам асално, нејќе да седи во количка, цееело време плаче и вришти ко да го коле некој. За јадењето јас не можам ред да му фатам пошо дремките секој ден му се различни. По саат време успивање за едвај пола саат спиење, ама секој ден во различно време.
На колку месеци прооде? @Maca Macka не можам ли така да и истегнам рака? Можеш вежбички да ми пратиш ако имаш? Иначе не пишав, ни браво ни чао уште не прави
Пред годинка, не знаеше да лази а кога беше стабилен во седење се туркаше со рацете и газето и се исправаше на креветот, после се пушти брзо, јас го паткав за рачиња, го оставав само да се исправа за почеток а користевме и дубак.
Па ти нема да ја влечеш. Ќе ја држиш за раче, она ќе се исправа сама За чао и браво, мојата накај 10 месеци почна да прави
Не покажува желба за исправање, да држам за раче и ептен малку ја потегнувам ама не дава напор да стане... Аххх макиии
Мојата така со таа вежба сама се напрегаше, се потпираше со слободната рака. Ти не треба да ја влечиш ако не сака, треба само да помагаш да ја задржиш инаку не би имало ефект. Прво почна од лежење на стомак да се седнува, па потоа од грб научи. Можиш и од лежење на страна да пробаш дали ќе сака. Ако не сака остави, не е неопходно вежби, на поголемата ќерка никакви вежби не и правев. По правило сами треба да научат. Инаку поголемата ќерка на 16м прооде, не лежеше на стомак, не лазеше и моторички во се каснеше вака кога споредував. Исто и станување, вртење, се буквално.
Како тоа од грб седнуваат не ми е јасно, јас не можам. Мојата е година, лази, се исправа, седнува, станува, ама од грб директ во седечка положба без да се сврти никад не дошла.
Е како не можиш, не ти правеле вежби ко бебе изгледа . Мојата така секое станување од спиење уште замижана седнува. Се потпира со двете раце на една страна, ги поместува неколку пати и седнува. Сега спие инаку ќе ја натерав да седни за да опишам детално постапката.
Кога почнавте да им давате на бебињата сами да грицкат бисквита, банана, смоки (бебешки) за да почнат да учат да џвакате? Ние сме 7 месеци па совет добив дека е време ама мене мн ми е страв Кога е најпаметно да се почни а да не е прекасно? Секој совет е добредојден. Ви благодарам
Моето е 7 месеци. Му редам варен морков, брокула, компирче, карфиол. Банана, крушка. Гмечи, фаќа и носи во уста и џвака.
Мамички ве молам за мислење. И пишав на педијатарот ама уште ја нема да врати. На бебуш од вчера му се појавија некои бели наслаги на врвот на јазичето и беа ептен малечки. Денеска се проширени и освен на јазичето има и на усните од внатрешна страна и кај образите од внатрешна страна. За некој ден ќе полни 8 месеци и изгледа ќе ни искача првото забче. Дали е поврзано со тоа или има фатено некоја бактерија. Јас гледам се да е исчистено, стерилизирано пошто се става во уста и кога лазе знае да го лиже ламинатот или плочките ако не го приметам. Ми личи како кандида ама не знам прв пат се соочувам со ова.
Мајки ни дадоа сируп цетиризин за настинка, за некој ден ќе полниме годинка. Сега читам во упатството дека е за над 2 годишна возраст. Според вас да давам или не?
На сите сирупи против алергија пишува дека се над 2 годишна возраст. Штом ви е дадено од доктор давај.
Да не е некој вирус, колку време му се, на моето цел јазик му беше бел. Не изгледа ше така како точки.