Majki zdravo, Beba izleze drka ima sekundarna intolerancija na laktoza. Ima nekoja mama so vakva situacija, sakam da prasam nesto?
Пример денес едно шише, па утре две итн? Се плашам да не е многу нагла промена така или нема врска? Додуша Аптамил пие и кога го сменаа Пронутра не знаев и одма преминавме, немаше никаков проблем.
Јас само еден ден дадов еден оброк да видам како ќе реагира. Утредента веднаш преминав со сите оброци од новото
Ако е од истата фирма, јас одма преминав на друг број, без менување. А ко преминав од Хипп на бебелан, менував постепено
Мајки ми треба совет.Знам дека секое дете е посебна приказна. Треба да почнеме и со вечера (8 месец). Како да направам ред односно да ги вметнам подоите измеѓу со оглед дека за пола месец ќе тргнам на работа? Со ужинки кога се воведува, како тоа влијае на подоите? Фала
3 недели воведување вкусови и со горните непца си ја подгризува долната усна и не отвара уста за жива глава. Ми се чини толку далечно воведување прв оброк… Секако пробувам, имам готови кашички и пасирам домашно и парчиња по blw. Ништо и никако не сака. 6+ е. Во хранилка, во релаксатор, на кревет. Ни овошје ни зеленчук. Некој совет? Веќе имам еден екстремен нејадач, стварно имав голема надеж за второво.
Исти сме Првото беше нејадач, а богами и остана, еве и со малава е исто. Очекував дека ќе јаде, гледајќи го брат и, ама не. Каши неќе, или ако инсистирам ептен ја зема лажичката и лом се прави, а посегнува по јадењето на големиот. Воведување оброци, ама баш оброци ми се чини многу далечно. И со првото беше исто. Врсниците имаа и по две ужини, моево едвај еден оброк
Исти сме. Не отвара уста. Џабе викам пробува вкусови, кога уста не отвара. Еден вкус нема пробано. Ова па е ново за мене, другото ми е јадач. Кога пробуваше вкусови плачеше за уште, секоја каша малку ми беше. Не знам како ќе се справам. Читам по форумов како мајки се справуваат со нејадачи и паника ме фака. Абе во ништо да не се исти.
Банана сака ? Јас на мојата на почеток се и мешав со банана. Зошто само банана обожаваше. И така почна после и одделно да јаде. А зеленчук мешав се со морков или батат. И едно место иммае з акадење , во хранилка , во трпезарија и тишина. Да се знае таму се јаде , нема играње , нема цртан.
@Kolache na mama мене ми е реприза. Само што со ќерка ми, ми успеваше изигрување циркузант, а со ова не. Е вода сака да пивне, што ми е чудно пошто обично вода одбиваат дури и повеќе од храна на почеток. @Палчовка ништо нејќе. Затвора уста и не се дава да проба. Му давам некоја тропалка нешто што знам дека ќе го носи во уста и така успевам два-три пати да му подметнам лажичка. И толку е. После знае и не отвора уста ич. Чак и кога го смеам се смешка со затворена уста.
Мајки како ги анимирате бебковци од 9м..Бебе за некој ден прај 9 и ништо не го интересира,едноставно не го интересира ни да седни за да види играчка или да му зборниш,само шиба,лази не нешто нај нај ама сега најново сака да се исправа па само тоа прај,се беси по кревети,по маси и никако со ништо не можам да му одвлечам внимание.Скапавме по цел ден до него оти глава ќе крши по масиве
@Yowannty скроз исто. Исто и вода многу сака да пие, а син ми пропи вода после година. Туку ај кажете од кога почнуваат со лазење, мојава усоврши вртење со меше на грб и обратно, и сега се поткрева цела држејќи се на едната рака. Следно седнување е или лазење? Кај син ми овие фази каснеа, а богами и не лазеше нешто многу. Првпат пролази на 1 годинка , баш на роденденот, чекорчиња почна, да пушта, на 16 месеци,а прооди на 17 или 18. Среќа малава побрза ќе е од него
Нормално е, ваше е да го вардите. Ние клуб масата ја тргнавме направивме простор секаде кај што можеше, за да шета и да се исправа по кревети и гарнитури. Купете заштити од Jumbo на пример. Имам пријателка ги покриваше масите со ќебиња колку толку да го заштити. После ќе почне да се качува по се и сешто. Ене ја сега рипа по кревети. Ја оставаме ама цело време во спална сме.
6+ е лазењето, таман после фазите што веќе ги совладала. Прво лазење, па седнување. Ќерка ми во обид да пролази седна негде 7ми-8ми месец, па усовршуваше седнување до 9 месеци. Никогаш не пролазе класично. Ама ми беше објаснето дека лазењето има еден куп различни форми, дури и ако може да се извлече по под од една до друга точка се смета за лазење. Така правеше.