Се влече наназад и се врти во круг за 360°. Точно 6 ипол месеци е, смеам ли да ја држам седната во скут барем или уште е рано, она одамна се мести за седење?
По правило не смее да седи се додека самото не седне. Сега на 4ти бев на педијатар и ја прашав и ми рече никако да седи од сега рано е. Е ама, мојов од полулежечка се исправа до седнување сам, значи така не можам да го оставам, а да не седне. Се врти и превртува тоа му е увежбано и не сака така па вришти. И во скут си го седнувам веќе некое време. А и така го седнувам и сам оти седи цврсто и не шантра, па кога треба нешто набрзина да направам и така бива. Со едно ми беше полесно од тој аспект. Едно беше и можев да ги следам сите препораки и да го занимавам. На пример до 2 години телефон имаше видено само на камера со мајка ми. Сега ги седнувам двајцата и пуштам тв, оти морам да се снаоѓам. Ако не го седнев денеска ниту ќе мочав ниту ќе му спремев нему јадење. Тоа е. Како го осеќаш него и како се осеќаш ти.
И мојава станува од полулежечка положба, се исправа во седечка, ама не е стабилна, па може да падне настрана, па не ја оставам така. И јас со првото се по правило терав, ама сега има отстапки . Ќе одам сега да читам за методот BLW ми личи дека така ќе јаде (ќе се занимава и мачка). За каши уста не отвара, ама затоа за домашниот колбас на брат и, се утепа вриштејќи. Морав да ја изнесам малку од соба за да не го гледа.
@Yowannty Потполно иста ситуација кај мене, уште да кажеш дека немаш апсолутно никаква помош од страна, ете, втора јас. Е нам матичната ни рече дека се што бебе самоиницијативно прави, не треба да се спречува. Кога почна сам да седи, значи се чувствува способно и седеше, не го спречував. Ај оди натерај го да лази, на стомак да лежи. Пишти корни. Ама да го држиш исправен на нозе, он потпрен на масичка, празник му е И со тел.ако не му пуштам песнички да слуша, никогаш нема да застане мирен да се најаде. И пробано секако е, ама толку е темпераментен што на едно место повеќе од 2мин не седи. Подобра опција ми беше 20мин песнички, ама најаден во хранилка како човек, без јас да трчам низ соба со чинијата. Дубак, и те како ми се најде за второво, иако го наследи нов од брат му. Без дубак јас во вц не можам да отидам. Само тој ми е посигурен ако сум на некое време надвор од соба. Завчера проба да стане од хранилка. На кревет нема шанси сам да седи. На земја седи ама пробува да зашетува и паѓа директ на фаца. Се што сум забранувала со првото дете, сега има отстапки. И да, две деца двете си имаат потреби. Ако кажам дека само за нив двајца готвам 6 пати, не знам дали ќе ми верувате. Ами тоа бара спремање, па миење па средување. Големово не е дете да се задоволи со кришка крем и млеко, или купена кифла. Он си сака готвено. Секоја вечер си викам ,како денов не беше барем некој час подолг
Јас знам дека е нормално и го вардиме,и на сите чошови имам ставено заштитници.Муабетов ми беше дека е буквално цел ден е само тоа,не го интересира ништо друго
Па тоа велам нормално е ништо друго да не го интересира , и мојава беше таква. Цела сила им е свртена кон тоа да го совладаат. Единствено нешто што ја интересира/ше плус е надвор да излезе, друго ништо. Еве ја и сега освен рипање по кревети и да ни држи предавања (пола се разбира пола не) друго ништо.
@LaDyDoLl сами сме со маж ми во странство. Помош единствено што големава тера градинка до 12 и тоа не секој ден. Сега ќе почнам да и накачувам саати. Ама малово сака само во раце. Да спие во раце, да седи во раце, да го шетам во раце. По цел ден нему му удоволувам. Дефинитивно ми фалат уште 2-3 саати во денот.
Бебо, 8 и 2 недели, поткашлува сиво и му солзат очиња. Полудеќу. Плус на адаптација сме пред тргање на работа.... Дајте некоја магија да спречам посериозно разболување.
Дали е ова реакција од храна или е нешто друго? Мене ми личи ко некоја егзема или псоријаза или друго ама кожно. Само на едното образче има. Инаку му воведувам жолчка, пред 3 дена јадеше 1/4 (претходно 1/8 ). Денес е на ред пола жолчка, па се мислам дали да почекам или да ја дадам секако.
Најјаки ми се коментарите од типот, - абе блазе вас, сами уживате. Сопругов едно време се објаснуваше, ама му викам што имаш да кажуваш, како на некој да му е гајле дека ти немаш време да седнеш на гз. И престана. Еве сношти така падна муабет викам турбо ми е цел ден до 1-2 по полноќ. Следеше прашање демек што правиш толку. Викам ако кажам декасамо 5-6 пати готвам за децава во ден, нема да верувате. Мајката вика, тешко тебе, ќе намачка моето маргарин, крем, кашкавалче и тоа ми е ручек. Немам време да се замарам секој ден со манџи. Ок, твое дете твое право. Моето не знае дека маргарин се јаде за ручек
Никогаш не се знае конкретно од што е вака од око гледано, тоа само ти можеш да претпоставиш. Може да е од внесена храна, но може да е и контактно нешто. Ако се јавило по воведувањето на жолчката веројатно е од неа. Најдобро почекај да се смири и потоа воведувај пак за да бидеш сигурна дали е од неа.
Мајки совет како да се одвикнеме од раце? 5 месеци е и лежи само за пресоблекување и спиење. Во денот има 4 дремки од по 30 мин, тоа се 2 часа, другото време е се в раце. Тешко е, 8 и нешто кг и не можам само в раце да го држам, а немам помош од никој...
Пробај оставај ја на под или на кревет и играј ја со играчки, пеј и, нешто зборувај и да ја замимаваш. На почеток ќе плаче ама може постепено нешто ќе и привлече внимание. Имај трпение, прв ден 5 мин, втор 10 итн… Додека не почне да прифаќа да седи. После постепено почни да ја оставаш сама исто по некоја минута, и понатаму зголемувај