Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки
    Ние имаме веќе две недели проблем. Син ми се исфрли кај курето ситни точки црвени, ни дадоа крема со цинк демек ќе помине. После 3 дена се исфрли уште повеќе и педијатарот не прати на кожно и ни кажаа дека е од пелените и да мачкаме афлодерм и пантексол. Да му ги мешам и да мачкам. Но еве веќе 3 дена тоа е уште жар црвено и нема никаква промена. Стана многу кенкав и цело време рачињата му се доле да ја тргне пелената за да се чеша. Дали некој имал ваков проблем и што ви помогнало?
     
  2. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Смени памперси и мачкај судокрем
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    1.468
    Пол:
    Женски
    Ако е потпарено има една маст за потпарено и е ептен ефикасна.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    1.740
    Пол:
    Женски
    Канестен, Афлодерм и Миробакт од сите по малку измешани. Поливај со хипермаган на бањање. Обично на мојава и поминува од судокрем, ама ако со судо не помине за 3 дена мачкам оваа комбинација, не преферирам ама има подобрување уште првиот ден. Менував и пелини и се само оваа комбинација помага.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    До сега сме немале никакви проблеми со пелените. 8 месеци е син ми и користиме слипи, сменив влажни марамици на еден ден пошто немав бекутан и другиот ден се исфрли. Еве слика ќе прикачам мислам дека не е потпарено него е исфрлено од нешто. Да пробам со канестен имам дома би помогнало тоа ?
     

    Прикачени фајлови:

  6. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    1.468
    Пол:
    Женски
    Немам искуство со канестен, ми личи на потпарено, ама како мислиш така. Маста е многу ефикасна и јас ја зедвќов по предлог на членка од тука и имаше ефект кај ќерка ми.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Може да е потпарено до сега не сум имала искуство прво дете ми е и не знам. Не знам дали да му сменам пелени користиме од раѓање слипи, и имам уште 3 пакети големи од нив. Самохрана мајка сум и си правам залихи да имам чим земам плата и купувам за секој случај да се има за бебе се што треба. И сега не знам што да правам дали да ги сменам или да продолжам со тие.
    Му ставив јас сега канестен, тоа сабајле и навечер се става или?
     
  8. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    1.468
    Пол:
    Женски
    Јас продолжив со истите пелени што ги користев...а за канастенот не знам како се користи, немам досега користено.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    1.740
    Пол:
    Женски
    Купи Канестен 1% , тоа е за габични инфекции, Афлодерм веќе користите и е кортико, Миробакт е за бактерии. Сите три комбинација. Ова го боли и го чеша многу. Било потпарено на почетокот, потоа еднаш два пати да си го промашила кога се искакал 15 мин веќе се воспалува, нежна им е кожата. Менувај пелени на секој 2 -3 часа. Одмивај го со вода и хиперманган , едно кутивче прашок купи трае со години. Се става на врв од ноже растворено во 5 литри вода, розева да стане водата. Го смирува чешањето и прави дезинфекција. Ќе ти сликам се само да стане малава. Ставаш од кремите 2 пати дневно навечер и насабајле. Ова веќе не е потпарено , туку воспалено. На другите пресоблекување користи крема со цинк, било која.
    @Annath извини што те тагнувам ама мислам дека треба помош тука, ако грешам нешто корегирај ме. На кожно само Афлодерм им дале и нема подобрување.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    Не е од пелените ако досега сте ги користеле истите. Од марамиците, можеби и реакција од некоја храна.
    Кога ќе му менуваш пелена, оставај го малку без неа да подише кожата. Одмивај со хиперманган и нека се исуши само, не го бриши. Може да мачкаш комбинација од канестен, гарамицин и афлодерм, не е лоша ни таа погоре комбинација со миробакт. Кај моиве обично крем со цинк помагал, ама ова е јако изразен осип, можеби и воспалено.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Јас вчера и сабајле му ставив канестен и црвенилото како да се повлече малце не е толку црвено жар,а го гледам еве денес не сум на работа и со него сум цело време е плачлив пробува да ја тргне пелената за да се чеша. Го одмивам со хиперманган ја правам светло розеникава и му ставам павловичева оргинал голем слој на тоа место( имам бекутан со цинк да ставам од тоа?), а вчера вечер канестен и сабајле исто. И вечер ќе му ставам па од утре ако не да ги купам тие креми пошто денес немам блиску аптека што работи дека празник.
    Може да е од влажните снемав бекутан влажни марамици и го избришав со слипи влажни и одма другиот ден се појавија две три точки. После наредниот ден повеќе и педијатарот рече ништо не е мачкај со павловичева дебел слој ќе помина ама стана бетер. А го гледам го боли и чеша се мачи не ни спие само кенка.
     
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    6.776
    Пол:
    Женски
    Со павловичева и бекутан полошо правиш, послушај ги членките што ти пишаа не ставај веќе павловичева
     
    На Tiny Love и Macufka* им се допаѓа ова.
  13. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Во ред мастите ќе ги ставам сабајле и навечер,а после менување на памперс само одмивање и ништо да не ставам ?
     
  14. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    6.776
    Пол:
    Женски
    Немам искуство со проблемот што го имаш ти, ама тука 3ца педијатри ми рекоа не за павловичева. Многу е мрсна и ги затвора порите, што уште полошо е кога има осип. Јас не ставам ништо. Мијам, бришам со сува крпа со тапкање, оставам 2-3 минути голо и ставам памперс. Досега не сме имале ама баш никакво црвенило. Ова совет од бабица. Веледа со цинк ставам само после бањање, 2 пати неделно.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    1.740
    Пол:
    Женски
    Павловиќева на мојава и направи проблем , некаде после 8 месец и ја баталив, најверојатно ова што ги затвара порите , јас тогаш незнаев. Не мора ништо да ставаш помеѓу, Бекутан со цинк сум ставала ОК е , ама Судокрем еднаш дневно и ставам после бањање, пошто мојава серка е минимум 3 пати дневно. Сега ставај тоа што имаш со цинк, Павловиќева не. Вечер комбинација зрно грашок Канестен исто толку Афлодерм и ништо друго. Сабајле пак и купи антибиотска маст, миробакт или герамицин било што и сите три навечер и насабајле 3 дена некаде. Нека оздрави кожата после ставај поретко креми , не мора на секое менување.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Во ред мајка така ќе направам. Ви благодарам многу на сите. Ќе пишам за два-три дена што сум направила за да има во групава да не затреба за некој друг. Дај боже да не притреба на никој.
     
    На Cherry79 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    1.740
    Пол:
    Женски
    Се дешава, јас од искуство ти кажувам, само на мојата и поминуваше од цинк, но по една недела пак се појавуваше црвенило, во многу помала мерка од ова. Мислиш најдобро правиш и пак на крај со кортико ќе завршиш. Ќе помине само жално е што две недели се мафтате. Мене искрено ме чуди што педијатар ве пратил на кожно, а не ви ја дал оваа комбинација. Прво велат крема со цинк ако не помине за три дена или се влошува , ја препорачуваат оваа комбинација. И во аптека да прашаш исто ќе ти кажат. Ниту една од овие креми не одат на рецепт, а решаваат проблем. Со лесно и ќе видиш подобрување ☺️
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Ние бевме после 3 дена кај педијатарот од кога се појавија неколку црвени точки и ни рече мачкај бекутан со цинк. Мачкавме 3 дена ама стануваше се полошо и пак отидовме кај педијатарот и не прати на кожно, докторката рече од пелените може се исфрлил и ни ги даде пантексол и афлодерм. И еве мачкаме ама ништо не помага уште си е жар црвено и почнува да се шири и на десна страна а му беше само на левата страна исфрлено. И вчера и денес како ставив канестен е посмирено малце и не е толку црвено жар по ублажено е малце. Се надевам ќе помине побрзо и ќе се смири детево. Цел ден само кенка,нервозен и рацете доле му се да извади пелената да се чеша.
     
  19. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    5.767
    Пол:
    Женски
    Исфрли ги и марамиците од секојдневна употреба.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Марамици користам само кога сме искочени некаде или на гости. Дома си го одмивам цело време. Не го бришам цело време со марамици. Ама тогаш бевме искочени недела беше немаше од кај да земам и го избришав со слипи влажни. И сега не знам дали е од памперсот или влажните. А имам уште три пакети памперс слипи од раѓање ги користиме и штом земам плата одма купувам по два пакети памперс. Не знам се мислам дали да ги продолжам или да му ги сменам да не направи пак вака да се исфрли.