Здраво, ќе ве замолам за совет која би била покористена опција класична игрална или транспортно креветче? Или некоја друга опција. Бебе 8+ веќе се исправа на нозе не можам до тоалет да одам
Транспортно креветче. Игралната ќе ја користиш додека не прооди што значи макс уште 6 месеци, после нема таму да сака да седи. Креветчето ќе си го користите и за одмори, за кај баба и дедо и слично.
Мојата беба уште малку ќе е 8 месеци. Не е заинтересирана да се врти по земја или да лази ама воопшто. Седи стабилно и само седната ќе си игра и нема појма да прави други движења. Треба да паничам или нормално е, секое дете различно?
Ставај ја скроз легната да истражува да се врти. Кога ќе седне сама остај ја, ама ти не ја наседнувај. Сеедно дали на меше или на грб ќе ја оставаш она сама ќе се сврти, битно да е легната
Пишав во соодветната тема ама не ми одговори никој. Знај некоја да ми израчуна скок во развој? Дали моментално сме или допрва ќе бидиме и до кога? Родено 01.06.2022 Краен термин 06.06.2022 Фалаа
Хихихи ист датум и на раѓање и термин Јас не знам да пратам скокови, ај ќе прочитам кој ќе израчуна Инаку и мојата прцла некако ми глуми последниве дена, ете може скок е.
Ајде запишете ме и мене, ќе скокам со вас. 01.06. До сега не сум приметила скок, сега ќе му обратам внимание
Здраво мајки Сакам да ве прашам едно прашање вака од искуство со вашите деца да споделите какво имате... Малку сум загрижена можеби беспотребно ама сепак... Прво дете ми е 10 ипол месеци има. Вака не искажува некако љубов спрема мене, не сака нити да ја бакнам, нити да ја гуушнам . Јас до сега ја чував , сега ќе почнам на работа. Од мала ја носиме секаде вака со луѓе ја мешаме не е само со нас дома... Во смисла таа и онака малку е подив карактер се познава тоа еве и со сопругот е исто не сака да ја гушка да ја бацува.. ама повеќе му се радува него кога ќе се врати од работа... кога сме со други луѓе, оди кај сите им се радува дури нас не не ни погледнува комотно цел ден може така да биде со други луѓе, значи не не ни приметува нас со сопругот... Дали е уште мала незнам или е такво детето, не ми е сеедно... дури кога сме со други ако ја земам јас како да ме турка не сака ни да ја држам и се чувствувам како нешто лошо да и правам а се се е како што треба има хармонија љубов дома јас нити сум некоја нервозна или незнам на пример лута бесна нешто па да осеќа она... дури и премногу внимание и обрнуваме си играме со неа значи се ок, во развојоте супер дури напредно си разбира се што зборуваме остварува комуникација си гуга мама тата и предмети именува мислам ок во развојот си е... освен ова чисто дека не ми е сеедно колку љубов и давам и и се радувам дека и прво дете ми е а таа абе никако вака дури ме турка со рацете не сака да ја гушкам ми ги трга рацете, доена е малку 3 месеци дали ради тоа нема близина.... со други абе радосна си игра , а мене и дома ми кенка како незадоволство да искажува да и е досадносо мене и ми идат идеи дека не ме сака некако и така .... Какво искуство имате вие со вашите деца? Ви благодарам поздрав до сите
Ич да не му ја мислиш. Еве ја мојава иста таква 2 години ќе прави од 6 месеци е такво. Мене ме бара само кога не е добра, и кога ќе почне да плаче по мене , знам дека не е добра, пошто тоа не и се дешава кога и е арно и ми се темни. Ќе отидне кај некој непознат ти да ја земеш, таа те гура, срам да те фати. На свадба бевме кога имаше година и 4 месеци пола свадба не знаевме каде е, само ја баравме и се допишувавме со маж ми кај е, тој на една страна од салава јас на друга, да ја гледаме од подалеку. Со сите и со секого беше, а прв пат во живот ги гледаше луѓево, со музичари, со конобари што да ти кажувам. Веќе сега повеќе разбира и нешто ако ја плаши, не е сигурна нас не бара. Добри родители сте, не и е досадно со тебе туку знае дека си ти тука кога ќе треба да бидеш, сигурна е во вас, другите се интересни во моментот.
Знам дека ти е криво, од искуство. И нема врска доењето. Големата ја доев до 2год и иста ваква беше како твојата. Бегаше од мене, ме туркаше, плачеше по други. Многу ми беше криво и некогаш плачев што детето не ме сакаше. Ама сега е скоро 5 и пол години и не е исто дете. Сега ме бара, се гушка, сака да си играме. И твојата ќе се смени. Само немој да се нервираш како мене. Нека ја со други ако се радува. Таа пак ќе биде твое дете и ќе дојде момент кога ќе те бара.
Кога помислив дека не може да биде полошо, почна да ми одбива 3та дремка, еве 2 дена се бориме по саат време да се успиеме... после седи буден од 2 до 8 вечер и вришти од умор. Има ли крај ова?!
Бебе е 7 ипол месеци преку ден што спие по пола саат во ред е . Но навечер се буди на 2 саата да цица. Има два оброка. Педијатарот ми нагласи се буди затоа што многу цица преку ден. Се замислив бидејки таа не секогаш бара да цица. Јас автоматски и давам на два часа бидејки не пие вода. Еве веќе внимавам на тоа нудам повеќе вода помалку цицка преку ден. Но како се регулира тоа со доењето? Цицките ми се преполни со млеко, цело време ги осеќам полни. Таа цица по 5 мин многу брзо. И другото прашање колку спијат кај вас ноќеска се будат ли често? Мојата до 5 ти месец не ни стануваше навечер за да цица.
Моето бебе веќе цела недела навечер кога ќе заспие после пола саат се буди со плачење, мижи и плаче ајде нишкање галење..ќе презаспие, па се врти лево десно па пак ќе почне да плаче се така околу 2 саати... стварно не знам што е работата многу сум загрижена. Заспива со млекп, значи не е гладен 3часа пред спиење му е вечерата, преку ден нема мака со спиењето у исто време ми заспива исто си спие навечер ми е ноќна мора веќе, плачам и јас со него. Има 2 запчиња стварно не знам што да праам