Ух мајка знам колку е тешок тој период, овие преоди со дремкиве мислам најтешки ми беа. Јас чисто како идеа што правев, и после брзо се адаптираше. Кога ќе му дојдеше време за дремка, го одмарав дома, го носев во спална, му правев атмосфера за спиење, со пригушена светлина со се, или го шетав, или ако беше е ладно, со кола го возев. Ако заспие, заспие. Барем пола саат. И после една недела вака, скроз му ја отфрлав дремката и навечер го заспивав порано. Пробај мајка, со среќа
Kolkavi ste? Isto i moeto, sega skoro 8 meseci ima. Horor e spienjeto. Citav deka ima i yoj period regresija vo spienje sto konecno zavrsuva na 10 meseci,pa da vidime.
Ние наполнивме годинка, сакав да споделам само дека му се појави алергија, па ми кажаа дека може да е од сусам или некој таков алерген. Купувајте чисти кифли, јас му давам леб, ама ете сигурно некој сусам да сум дала. Чао од нас, идеме кај големите, помина година цела
Не се води по дремките колку ги има, гледај да има доволно саати во спиење во деноноќието за неговата возраст. Наместо да спие 3 пати по 1 ипол саат може ќе спие 2 пати по 2 саати на пример. Мојата скрати на 2 дремки на точно 6 месеци. Сега е 13++ и гледам крати на 1.
И мојот исто окулу 7 месец скрати на 2. Една недела после роденденот скрати на една Така што, не се води точно по книга, по самото бебе, твое е да пробуваш како него му одговара
Што користите за флеки? Перам со бебешкиот течен персил, ама од слива му е исфлекана лигавка и неискача...
Испери ја на 60 степени, цут ќе се направи. Јас перам со прашокот Персил и такви работи на 60, секаква флека излeгува.
На ќерче и никна запче. Боцка и го гледаме бело ама не е пораснато скроз Чекате да порасне до крај или кога ќе го забележите се кажува дека има запче? И сакам колачиња да и нарачам или да чекам ?
Од инстаграм, има различни типови едните се 70, едните 80 едните 100ка. Конкретно забите се 70, детенцето 100ка и натписот 80. Јас вакви нарачав само друга боја и име, ќе стигнат петок ќе ги прикачам Едит: земав 7-8 за сликање не да се најадеме
Здраво на сите. Бебуш ми е 7 месеци, лаза од 5ипол скоро 6 месеци, на 6 веќе почна сам да се исправа и да застанува на нозе, супер напредува, ама ме загрижува тоа што не може да седне од легната положба. Дали е тоа нормално? Од лазање си се врти си седнува или со вртење на страна ама од лежење на грб не може се мачи, знам дека е мал ама ми излезе некоја статија дека требало од 7 месеци да седнуваат сами од таа положба и малце се загрижив.