По колку капки давате пико ц на 2 месеци бебе? Педијатар ни препиша малтофер 1×9 капки и пико ц 1×14 капки иначе 4350 грама е.. Некако многу ми се гледаат 14 капки затоа прашав.
Моторика и во сон вежбаат. Додека лазеше моево по цела спална го наоѓав, неретко и во сон се дигаше и лазеше низ спална. Се што прават будни повторуваат во сон така што мислам дека немаш простор за паника.
Се што учат и прават преку ден, го прават и ноќе. Додека спијат, да. Конкретно ќерка ми, се исправа на креветче, се фаќа за оградата и оди лево десно. Со затворени очи. Или јас сум грешка и детево е месечар, или е сосем нормално
Дајте предлог играчки за 6-7 месечно. Не сака веќе тропалки, игрална, вртелешка. Повремено со некоја музичка играчка ама брзо му поминува.
Моето има скоро 8, не планирам во скоро време да почнам да работам ама уште сега ми е страв како ќе го пуштам во градинка. Ред нема никаков, во креветче нема шанси да заспие, сам без мене исто нема шанси. Уште во раце се заспиваме и со пеење. Јас сум крива може ама од прв ден сум сама без никаква помош и правев она што ми беше најлесно и за мене и за него. Некоја мајка со вакво бебе да сподели искуство, како се прилагоди во градинка?
Давајте совет. Пишав претходно, 8 месеци, ја мрзи да се потруди да лази. Се врти во место како хелихоптер,а и се полошо, тоа вриштење е кога ќе ја ставам на земја боже мој. Башка separation anxiety на најјако. Грб не можам да свртам. Давајте идеи како да ја занимавам да сака да лежи на земја. Играчките ја интересираат 2 мин и толку.
Трпение Исто беше и моево Сега е 9 месеци, ќе се фрли од раце за доле да е Separation anxiety и јас го осетив. Крлеж.
Здраво мајки. Дали некое бебенце е дијагностицирано со шум на срце? 7 ++ сме бевме кај Живковиќ во Ремедика. Рече дека не е страшно ама пак ми е на мисла. Дали да го носам да направиме едно ехо?
Моето бебе има ВСД шум,дијагностициран одма после раѓање.Штом ви рекол не е страшно,сигурно не е ако го видел на ехо,а ако не да си појдите обавезно.Ние одиме само на следење на ехо на 3месеци а бебе е 9++.Јас ти го препорачувам Драшко во Систина,врвен доктор
Дали може пробиотикот да ствара запек? Био гаја му давам на почетокот беше океј ама сега едвај ќе се искака на 4-5 дена со масажи со стегање.. Читав дека многу мајки се незадоволни од био гаја па консултирав педијатар за промена на пробиотик,вие кој би ми го препорачале? Гледам Waya многу го фалат.
Може да. Кога му давав Ваја имаше запек, не знам дали така се погоди или од пробиотикот беше. После почнав Нормиа престана запекот имаше нормални столици, исфрлив пробиотик пак почна со запек. Така да сметам само Нормиа му помагаше и уште го користиме.