Еден мој совет ако сакаш да пробаш, направија потечна пасираната храна и во лежечка положба малку на лажичето дај му, не му го ставај лажичето во уста може да му се гади и од него, остави лажичето вертикално и сама да се лизне храната во уста. Ајде не се секирај кое дете не пројало па и твоето, порано или покасно
Моето јаде од 5 месеци и тоа убаво си крка ама вода не можам да го натерам никако да пие. Пробувам навечер да му подметнам кога ќе се подразбуди, неколку пати ми успеа и после веќе немаше шанси. Со лажиче ја плука си прави балончиња, од шише со клунче се гади, од обично шише ќе проба додека види дека е вода и го фрла. 8 месеци е скоро не знам што да му направам веќе, ми е страв да не дехидрира. 3 оброци има, млеко давам наутро и навечер пред спиење, во меѓувреме му правам домашни бистри сокови и чај пие, ама пак вода си е вода..
@Saf дете да дехидрира треба да е гладно и жедно. А ти кажуваш дека јаде, плус дека пие сокови и чај. Според мене, ама ти си знаеш, сокот и чајот се само дополнителни шеќери кои немаат никаква придобивка за бебето. Моево е 10месеци, тек сега почна да пие вода, од обична чаша и од една со силиконско клунче.
Сокот е домашен без шеќер и најчесто пие сок, чај му давам кога немам направено свежо сокче. До 6 месеци се согласувам дека не треба да се претерува доволно е млекото, ама после 6 месеци, моето со веќе воведени 3 оброци како да не му давам никаква течност?
Ако е без додадени шеќери, сепак овошјето содржи природни шеќери, фактички исто како оброк плус да му даваш. Нуди почесто вода, мора да прифати.
Мајки, кога точно се дефинираат боите на коса и очи? Имам внука се роди со поцрна коса од мојава, некаде пред година скрос плава, мислиш родена светла руса била
Бебе цица преку ден на 3h. Навечер цело време, буквално е со цицка во уста, вака е од раѓање. Докторката ми вика мора навечер да му го скратиш целосно доењето. И викам бар некој подој да има, ми вика сечи целосно. Не е мало на 6м. за тоа?
Кога ќе се воспоставени 3 цврсти оброци, тогаш се прекинува ноќното доење. Нас така педијатар не советуваше.
Знам дека индивидуално,но кога би требало да се исфрли третата дневна дремка кај бебе?Бебе е 9+++ и има 3 дремки,ама некако како да ми ја отфрла третата со тоа што тие две дремки се подолги и навечер заспива порано.
Колку ги оставате бебињата да седат? Јас 10 минути ја оставам да седи на петосед, а на хранилката кога јаде и кога завршува со јадење поседува уште малку, за неколку дена 7 месеци прави.
И мојот само од чаша за ракија пиеше вода, никако на друг начин. Очите околу 2 месеци и на двете деца веќе беа дефинирани. Поголемиот се роди со катран коса, сега е плав исто како што кажуваш. Помалово се роди со светла коса, сега на 4м му е темна ама рано е. Ако седи самостојно колку што има желба, ако се уште не е стабилна не ја ставај на петосед, само во хранилка или количка на 45 степени.
Малото има 9 месеци. Има сува кожа и повремено ја мачкам со лосионот од бел слез на веледа. Е сега втора пат ми се нафрлува по цело тело. Првиот пат мислевме со докторката дека е од воведувањето на нова намирница и ми даде маст да ја мачкам. Ама еве денес сабајлево ја гледам пак црвена по телото а немам нова намирница воведено оти требаше да прими вакцина. Дефинитивно е од веледата. Е сега прашањето ми е со што да ја мачкам после капење за сува кожа? Ексик веќе
Има 3 оброци, и цица измеѓу. По цела ноќ е на града. Денски спие 3 пати по 20 мин до половина час. Измеѓу е буден по два часа. Само од последно преспивање до заспивање ни мине 4 часа многу тешко заспива навечер
Како е можно да се изведе тоа, се буди и сака да цица. Не многу ама се гали. Пишете совет ако ви успее да пробам и јас
Исти сме,само немам воведено уште трет оброк. Ама ова со спиењето дека денски спие по многу кратко а за вечерно тешко заспива ексик.. незнам за вечера што да давам ко ќе воведам..шо даваш ти?
Моето е 6,5 и сме на АД но јас не му кратам ми е жал, знам дека е гладен,ни на првото не му кратев само се одвикна да не цица ноќе
Moj sovet ili ova ili blue cap krema od zegin za suva kozha, atopicen dermatit, psorijaza...bez kortiko, slobodno moze i kaj bebe 0+