8 месеци е мојата, на ад сме и од 4 месеци некаде, само еднаш давам млеко во текот на ноќта. Она се буди, ќе заплаче, ама само си ја вртам на страна, пуштам шум и си заспива. Така ми е навикната. Уште немам воведено трет оброк, ама спие од 9 вечер до 5 и тогаш веќе не презаспива и гладна е, па давам млеко. Кога ќе го воведам и тој оброк ќе одам исто, ќе пробувам да си ја презаспијам. Ако ваш бебуш цица повеќе пати, не прекинувајте на еднаш ноќен подој пример неколку вечери скратете еден подој, па ќе се навикне, па понатаму уште еден и така.
Бевме на систематски, машала долга е, ама нема ни 7 кг. Има 6830 мислам, така нешто. Ама си напредува одлично. Добив зелено светло за јајце, спанаќ, блитва. Потоа месо, риба и се тоа во 6 месец. Исто од утре воведувам вечера. Треба мокрача да и проверат, со синко беше лесно, ама со бебка ќе видеме како ќе оди. Прими и вакцина ДТП и втората доза стрептокока. Рота овде е во две дози. А јас сум со вирус и татко и, ама она била здрава. Тоа е, ја боцнаа.
Цело. На 6. Сега планирам. Утре да купам телешко, ќе земам и лосос свеж и ќе давам неделава. Пилешко од купечка каша оти немам домашно.
Мене страв ми беше со јајцето, искрено. Сеуште немам дадено белка, планирам сега, во мафин или палачинка. Ама не ми џвака уште бебево и тоа страшно ме фрустрира. Или јас си правам филмови во глава. И риба сега скоро воведов, пастрмка, ја сака многу.
На бебињата до 1 год. основна храна им е млекото, до тогаш се учат да јадат. Давај упорно секој ден, кога тогаш ќе пројаде. Ние почнавме со вкусови неколку дена пред 6 месеци и со полни 6 уште сме на почеток, само по неколку лажички му давам. Нема потреба со форсирање на храна, цел живот ќе јадат, а само сега имаат можност да цицаат. Не тргај ноќни подои, мало е уште и онака не јаде барем нека си цица. Многу деца знам што не сакале да јадат на таа возраст па не сум слушнала на некој да му ставаат сонда зошто на 7 месеци не сака цврста храна. Јас мислам да си пробаш и второ мислење некако многу ми се хардкор совети што ти ги дале.
Јас на 6 месеци му прекинав млеко скроз навечер, прво почнав со чај да го залажувам после само цуцлата и сега не бара воопшто.
34та недела има ли некој скок? Бебуш почна да се буди ноќе со плачки, се врти не сака да спие, не беше вака до пред 2 дена
Само ние сме на АД, да напоменам и премногу млеко пиеше, по препорака од Живковиќ во Ремедика намалив млеко и воведов 3 оброци.
На АД беше? Мене ми е жал навечер да ја “залажувам” со чај или вода. Барем веќе кога и давам , нека биде нешто подобро. Мали се сеуште… а мојава е поситна и навечер најмногу почна да цица Периоди….
На 7 ипол. Не планирав до 8-8 ипол ама др ми рече да воведам и тоа. Сега млеко пие наутро и пред спиење, по 210мл.
Сега ме змисливте за вечерата. Ама овде што сум во една група сите даваат вечера, појадок, ужина на 7 месеци. Некако многу брзо е вовењдувањето на исхраната. Инаку дали вакцинта, не знам што е, ама бебе сака до мене да спие. А јас болна. Он ок е. Се си мислам дека јас рота имам. Синко е прележан со тешка форма а бебе вакцинирано.
Smeam soldevit d3 u sok da stavam? Inaku borbi se vodat doma koga treba da se ispie, niti u lazicka saka a kamo li u usta dirketnk