И мене ми е премногу тоа. Сепак се многу нежни и мали, цел живот ќе јадат малтене . Освен ако нема причина како кај на Ели баткото
Ја имам вакво и сега за сега сум задоволна https://www.encimenci.com.mk/sedishte-serengeti-0-36m-black-cangaroo-066lsa0506
Не дека не смееш во сок но дел од капките ќе останат на шишето и нема правилно да дозираш....во лажиче со сок пробај
Палента, гриз со некое овошје. Од скоро почнавме и немам идеи . Сум заборавила, за првото дете бев поинформирана
Мојот батко до две и пол цицаше, и навечер во сон. Убаво би било да не цицаат навечер ќе си спиеме мирно. Ама јас не знам како да го направам тоа. Се буди, бара цице и заспива. Спие со мене на спална, не сака во раце да заспие.
Мајки бебе некни прима вакцини. Ок помина, на местото на нозете кај што е боцната има црвени точки и првиот ден немаше грутки и скроз изумив да ја проверам и да ставам облоги. Бев болна со стомачен. Сега има како грутки. Што да ставам за да ги снема? Значи толку пазам ама ете вирусот ме исцеди буквално.
Мислам дека облоги од ациди борици би било во ред да ставиш..консултирај утре и педијатар Едит: јас никогаш после боцкање не ставам облоги,ставам лепенка за температура
Мамии која ќе сака да сподели идеи за занимација на бебе 10месеци. Јас идеи стварно немам,цел ден се вртиме во место а и бебе некако не е заинтересирано за ништо ☺
Бебе 9+++ има 3 оброка, многу е лаком а слаб околу 9.5кг има кој шо јаде бара, сега у последни 3 4 дена ми одбива млеко, преку ноќ само 120мл а дента едвај 100 вкупно ако испие, вода и чај пие млекото го плука. Навечер му давам мусли,гриз, овес со неговото млеко јаде нема гајле а за пиење не сака. На АД сме. Дали е нормално или алармот да оклучам?
Од што би можеле да и излегуваат бубулички на бебка на лице? Секој ден и излегува по една, онаква пубертетска, црвена со белко внатре, веќе 3ти ден?
И моето имаше од последните вакцини, на почетокот ставав ациди борици ама поминаа сами од себе после неколку недели.
Го однесов бебето на ортопед, му направија ехо и ми напоменаа дека јадрата сеуште не се развиени, но имало фора до 9 месеци би требало да се развијат. Вежби и широк повој што до сега не сум ставала и правела по препорака од претходната докторка кај што бев. Не знам веќе кого да слушам. Имате ли слично искуство, нормално ли е на 8 месеци да не му се оформени јадрата целосно?
На моето бебе на 7месеци не му беа целосно развијани,ни рекоја дека има фора до 12месеци.Не ми рекоја ни за широк повој ни за вежби само ни зголемија д3 и контрола на 9месеци.Кога појдовме беа целосно развиени.
Колку мислите дека е паметно да и воведам адаптирано на 11 месеци? Многу ми е напорно станување по цела ноќ и цицање. Само од едната града цица, откако појде во градинка почесто некако и ја нудев и во другата немам млеко веќе. Се мислам дека не и стасува и дека за тоа се буди, иако цел ден јаде нешто Може се буди и за да се гали но ете јас сметам дека е гладна, не знам дали е паметно пред спиење да и давам адаптирано, иако многу тешко ми паѓа и помислата на тоа оти сакав да ја дојам многу време, до прваче
Пробај мајка, ќе видиш дали ќе пие прво. Еве моите две не прифатија адаптирано.а би било добро да пијат да можам да излезам од дома без нив