Мојава на 5 месеци почна на стомак да се врти и тоа на спиење, преку ден не. Две недели не заспав, пошто не знаеше назад да се врати, па почнуваше да плаче. Само што ќе ја свртам по две минути пак таа од грб на стомак. И требаше две недели некаде да почне газот да го дига кога е на стомак и да се врати на грб. Ама уште месец дена и требаше свесно да го прави тоа додека беше будна, да се врти на стомак и назад на грб. Твоето на 8 месеци еден ден ќе му треба за да ги совлада и двете работи само треба да му текне дека може, а ќе му текне кај и да е.
Па можеш и со ова, не мора да го седнеш. Ќе го легнеш ќе го избањаш од напред и главчето, после во рака за грбче. Инаку идеално е за туш кабина. Ние пробувавме во локо кроко како ќе изгледа полулегнато.
Матичната ми рече само првиот месец дури воведам ама јас некако по синко се водам до година дена му варев/печев па и сега терам така. Кога немам време сум давала и свежо
Варам тоа што е повкусно варено. Јаболче пример за да омекне. Замрзнато овошје да се позгусне (сливи, кајсии домашни). Круша банана давам свежо. Како ќе излегува сезонски кајсии, праски- нема да варам.
Мајки некоја од вас да има порачано од кеги проодувалчињата за бебе 10м кој број порачала.Го мерам стапалцето е скоро 11цм,му пишав нив ми велат број20.Си велам да не се големи
Затоа треба прво со сезнајки да се консултирам,хх Веќе ги пратиле 19,20 Тоа е,Ќе ги заменам ако се големи,за 17,18
Јас на мојата со 11 стапалце и земав 18ка ( од др.тип не кеги) и сосем малку имаат луфта Ајде види сигурно можеш да ги смениш потоа
Нас совет од ортопед ни беше да не се кнап. Ако се кнап 2 недели дали ќе ги носи, после ќе му се витка ноџето. Може добро бројче ти пратиле. Измери си кога ќе стигне, 1цм нека има луфта.
Да, никако кнап за проодување, 1cm мора луфта. Обично ортопедите советуваат најк,адидас за проодување, патиче што лесно се витка а кај адидас се вади и влошката за да си измериш @SarChee
И нас Антоније не советуваше Најк и Адидас да се земат, баш рече Кеги никако. Улошката да се извади и да се мери така што ќе има уште цел прст луфта.
Ви благодарам,утре ќе ги добиеме и баш ќе видам како.Ќе гледам да има 1цм луфта.Ако има повеќе ќе ги заменам. Мене денес во систина на контрола на невролог ми ги препорача др.Ангелкова.Ортопедот ми рече босо да биди.На година ќе му земам секао најк,муслам дека сега олку мало бројче нема ни да најдам.А и ова докториве ела биди паметен кој да го послушаш,сите различни ставови.
Nike Tanjun, нема посовршена патика од нив за проодување. Мојата во нив порасна. Прелесни. Напред доволно еластични и цврста пета за баланс. Со бебе 7 ипол скоро месеци, имам голем проблем. Откако почнавме со цврста храна од 5 ипол месеци почна да кака ретко. Иако јаде многу малку, значи сеуште нема оброк, столицата се менува, станува погуста и какаше еднаш на 5-6 дена. При тоа немаше никаков проблем со нелагодност, грчеви или тврдо меше. Последниов пат, денеска 10 ден не беше какан. 5-6 дена го чекав како и претходно, потоа почнав со интензивни масажи, сливи, јаболчиња, овес. Многу слабо јаде можеби и затоа ништо не помогна. Топли бањи, тапкање по газето легнат на меше пробав се што ми текна немаше ефект. Вчера пробав и со топломерче како крајна опција иако сум против тој метод, веќе бев очајна и загрижена, ништо. Денеска бев на педиајатар. Доби гелче и конечно се искака. Препиша и електролити да пие, по пола доза на ден една недела за да се изрегулира столицата. Искрено, прв пат слушам дека електролити регулираат столица ама и тоа ќе пробаме. Нешто друго што можам природно да пробам да му олеснам, совет некој имате ли? Уште нешто, кога се затвора фонтанелата? Редовно давам витамин д3, а вчера баш едвај ја напипав и е еден прст само. Да не е прерано се плашам.. И мајки на момци, кога седнува во количка, нели го врзувам со каиши, без разлика што е лабаво, некако секогаш се лизга долу, па прашањето ми е, дали делот што поминува меѓу нозе може да направи некаков проблем кај гениталиите оти е стиснато таму?
Истите ги имав за првото и јас сум презадоволна,такви би му купила на година секако. За какањето пробај круша,кај мене одма кака после оброк од круша со овес.