Петиот скок не го осетив, ама ова после него што следи е помачно. Бебе преку ден спие максимум 45 мин или пола час дома. Дремнува. Насвор спие и повеќе. Од кај 18/19 часот трие очи, и се спие, ама најрано заспива во 21/ 21:30. И почнува сагата. Само се буди, и накај 2 часот ја зимам кај мене. И се буди често, бара да цица. Сабајле ќе стане околу 8, па пак презаспива. Мирна е, јаде, ама спиењето и е крш. Почна и да кашла. Прво кашлаше само сабајле. Од денес и преку ден, а ја слушам и сега. И влажно ми стои дека е.
Јас пак со спиењево се навикнав. Не препишувам на скокови. Една дремка има наутро околу 10, после спие околу 14ч. Ако првата е пократка, втората е подолга и обратно. Навечер 20.30ч најкасно е заспан. Спие мирно 3-4ч.после плаче,не давам да цица, не бара, го земам во раце се смирува, пак го легнувам. Кога не можам да издржам го земам до мене. Да издржиме до година вака, после се мислам да кратам ноќни подои.
И мојата е иста јаде колку и да и давам отвара уста , некогаш и плаче ако предранам да и давам , јаде со сласт а потоа повраќа . Незнам зошто. Сега и давам помала количина , па некогаш само блуцне.
Иста возраст е и мојата играчките служат за во уста , кога ќе виде далинско , мобилен и кабел мислам полудува да го земе. Пробува да се исправи само на колена. Од кога почнува на нози да се исправува? Дали треба да ја стимулирам некако да и помагам. сега ја интересира се што стои на маса да дофати.
Јас кога ќе почне да се трга да се исправи ја држам под рачиња и она се мачи ли се мачи напнува некогаш и кога ќе ја земам во скут ја држам простум. Што знам дали тоа се рачуна за стимулирање си го пратам бебето, што сака да прави тоа. А за играчките скроз исто, се што ќе дофати во уста носи и се е по интересно од нејзините играчки. Празно шише од вода да дофати, ма готово, глас не и се слуша си се занимава, ужива
Ејјјјјј се селиме во темава денес не ми се верува, кога ли минува времево. Пристигаме со 5ти скок на грб, бебе е сеуште спијач и сме од тие шо скоковите речиси не ги ни осеќаме. Ох да, никна и првото запче. Убав ден мајки.
Мајки не знам во која тема пишувавте затоа пишав во двете.. Зборувавте за некои лепенки кои се лепат на креветче и со кромидот како се правеше за затнато носе. До вчера ништо не и беше ноќеска наеднаш преку ноќ носот почна да шмрчка и не спиеше убаво цела ноќ. Сабајле со аквамарис спреј и со носефрида извадив мрсули течни прозирни не беа како секрет со боја. Кога е во раце исправена не се слуша кога лежи се слуша како многу секрет да има не можам да и го извадам остај таа што рика и неме пуштапа и не излага ништо.
@Rtulka Фала мила. @Erika.greeneyes Јас ставам сецкан кромид во близина на креветче и досега сме немале проблем со затнато носе. Лепенки немам користено, нека каже некој друг. Тоа што уште хрчка не можеш да го истргаш, не е во носе, стои на грлце и баш е нервозно да ги слушаш, а не можеш да помогнеш. Тапкај по грпчето секојдневно и за 4-5 дена ќе исповрати или искака то шо со се собрало.
Кога ќе ќивне и протекува над уста. Прееска да ме ја избришев на време ќе ги голтнеше. Секретот е прозирен и водест.
Скроз исто беше и мојава, се разбуди со растечено носе, не мораше ни да кивне, само и течеше. Одручекта крена температура која ја држеше три дена, а скоро две недели беше полна мрсули. Чистев со синомарин и носе фрида, другото го повраќаше или какаше. Тој период извади запче. Дали беше од тоа или само така се поклопи не знам. Ама еве овие два дена веќе не чистам носе, конечно мрсулите се намалија.
За носето нешто друго не ви дадоа? За спиење е гревче тогаш и се слева секретот и се затнува носето и нормално не може да спие. Вака кога ја држам исправена не и смета. Инаку нема температура нема ништо друго, весела си е се смее, гуга.
Не, затоа што немаше уште 6 месеци и не ни даде спреј. Ама и капките вршеа работа, и се разводнуваа мрсулите и влечев или при цицање прилично си ги голташе.
Значи исти сме. Нема ништо друго, цкца и јаде кашички како и обично. Пред цицање обавезно чистење со физиолошки па со фрида, бели прозирни. Навечер беше хорор. Го нервира што му хрчи, што не може убаво да дише и ми преспа во раце. Се си мислам дека се заби зашто агресивно се чеша и пика прсте на жлебина напред.