Педијатаров на децава, ми вика нема врска која боја се мрсулите... А и еве малово е со водичка растечена од носето, а на брис стрептокока ... Не кашла, весел е, јаде... Ама си ја има.
Мами бебе на гости фати на камин и си џишна три прстина,средното е повеќе црвенко е а на врвот има и како кругче бело.Што да правам,хелп.
Ништо посебно, пантенол крема ако имаш некоја намачкај и тоа е. Немој да го пукнеш кругчето во никој случај.
Ништо не ми дадоа. Ако направи проблем, температура, уво, тогаш по антибиограм. Додека е мирна ништо. На своја рака прскам спреј од диво оригано. Е сеа има кандида во уста, ама мислам дека е поврзана со заби, а не со бактеријата. Страшно изгледа. А бебе весело и јаде и спие и пие. Некој за ова да не знае што како е? И дали треба брадавиците да ги третирам? Нормално ми изгледаат. Јекодерм намачкај.
За изгорено одма рака во маргарим или путер и нека постои, ни плик ни ништо нема да се појави освен слабо црвенило, проверено мила
Брадавиците со сода бикарбона да ги третираш, за беба нистатин капки обавезно ако не поминува со сода бикарбона на газичка и да пребришеш, а кандидата нема врска со забите, ќе пројде мила
Ќе пукнам со ова неспиење значи. Станат од 4ипол, обично пие млеко и презаспива до кај 6-6ипол. Ама некои денови не како еве баш денес. Се почести се овие денови што станува околу 5. Таман помести накај 6 и нешто да станува и пак на старо се враќаме. Дневни дремки 2, во нормални денови прва дремка околу 10 (30-40 мин), а втора околу 1 (1-1ипол саат). Навачер уште од 6 покажува знаци на спиење и го легнуваме до 6ипол ама дур заспие знае и 8 да фати. Сакам да кажам не го држиме со сила буден, спие кога му се спие. Проблемот е што не спие, ќе приумреме од умор. И на работа почнувам и не знам како ќе се тера вака. Иначе е 9 месеци. И ваков е од раѓање и не знам кај грешам како да спие повеќе ова дете и на кој се погоди неспијач. И јас и татко му сме спијачи.
Дали некоја мајка ја уплатила програмата на dr.goodnight или некоја друга слична програма што се нуди online да сподели искуство со методи на sleep training на бебе? Ме интересираат конкретно искуства со сертифицирани програми/консултанти што користат Ferber или слични методи на sleep training. Какви искуства имате (доколку имате), кога сте започнале, колку време траел тренингот да се постигнат резултати, колку сте задоволни? Би била благодарна за секоја споделена информација.
Важи, баш ќе ти бидам благодарна да споделиш. И јас се помирив дека ќе мора на овој начин. Нека биде со лесно и со што помалку солзи! ♥️
Да и јас прашав за лепенкиве. Марина ми рече за деца над 2 години се. Ми препорача балзам Павле да ставам на марамче во близина на бебе 50цм. Нас многу ни помогна. 6+ сме. Се надевам ќе и помогнам на некоја мајка со информацијава.
Мајки по колку време, минути дневно сакаат на меше вашите бебуши од 6 месеци???? Мојов несака ич го ставам по 5 мин 3 4 пати на ден и повеќе од 5 6 минути неможе да издржи…..