Пошто нема шанци да јадам јас пред него,и цело време отвара уста кога ке ме види дека јадам нешто,ми бара ми прави ммм како со плачење,и дека тежи 11 кг а само 6 месеци има на тоа помислев. Исто се водам по книга за храна, таму пишува дека во 8 месец треба 3 оброци да има што значи подле 2 месеци веке 3 оброци има,ама да се почне од 6 месец. Јас сум почната од 4 месец што значи 2 и нешто месеци затоа се мислев да не треба 3 да давам..
11 кг на шест месеци малку? А колку треба да има? Не знам какви препораки даваат вашите педијатри, но мојата воопшто не се замара со кг. Битно и е да е здраво, со уррдна крвна слика, свежо бебе, со убава боја, весело, активно. Во првата година од животот на едно бебе прва и основна храна е доењето/ формула.
Да не му е малку јадењето на тоа јас сама мислам,не викам за кг дека се малку,спротивно реално има повеке од колку што треба ама и е висок ,3 педиатар до сега ми имат кажено дека е големо дете,цица многу пошто и голем се роди.Исто не кака како порано по неколку пати на ден,често има и тврда столица и знае некогаш и на зелено да кака. Тоа е тоа за што се мислев дека може да е гладен. Како и дае ке го носам на контрола ке видам пак што ке ми препора педиатрот
Мојот тежеше 10кг на година, сега е скоро 3 год и тежи 14кг Воопшто не е малку, напротив, прерано си почнала со дохрана особено за големо родено бебе ама биднало. Сега почни постепено да воведуваш ужинка или трет оброк. Веројатно си почнала во четвртиот скок кога бараат повеќе млеко и си мислела дека е гладен, не е ни важно ама гледај оброците да бидат здрави и балансирани за да немате поголем проблем понатака со исхраната. Има шанси да јадеш пред него, заедно ќе седнете на маса и ќе јадете, така и треба да биде.
Мајки 8 и пол месеци сме,имаме 3 оброци и измеѓу млеко. Бебе јади се разноврсно и убаво количински. Кака 3 пати некогаш 4 пати по помалце, океј е толку да кака или многу е? Каката и е нормална и по боја зависи што јадела и не е нои тврда ни течна.
Јас пред 6 месеци не планирав да му давам сакав само на мајчинско млеко,никогаш не му дадов ни чај ни ништо и ако имаше страшни грчеви.Во систина се породив они од почеток ми препорачаа вода понекогаш да му давам за да не цица толку многу амаа никогаш не му дадов пошто не сите препорачуват да се даде вода.Кажав дека 4.5 месеци имаше кога почнав со храна и до сега му немам дадено купени кашички,се обидувам максимално да му давам најздрсва храна.Првиот месец почнавме со вкусови по 3 дена истото и уште така правам,секок нов вкус го комбинирам и тестирам по 3 дена, почнав со: морков,јаболко,благ компир,банана,авокадо,слива,паштинак,крушка,финок,басматен ори,просо,амарант,оат флакес,не ми текнува на македонски како ги викате,не ми текнуват сега сите но се водам од една книга на албански јазик и све му готвам на пареа.Како и да е,thank you ке продолжам уште некој ден вака и ке го носам на контрола за да видам што ке ми кажат .
@Grateful воопшто да не се грижиш, сигурно не е гладно. Знаеш, мали се, некои бебиња не знаат колку им е доста, со самото форсирање храна многу лесно може да им се прошири желудничето, после следуваат големите проблеми. Штом е бебче весело ич да не се секираш дека е гладно.
Првата ние ја користевме заедно со cicaplast од Ларош и имавме некое минимално подобрување. Од таа ставав два-три пати на ден. На нас ни беше препорачана од педијатар.
Синко е 9 месеци и некој ден. Од 7ми почна со лазење ама со влечкање. Сеуште е така, се влече како војник и тоа се бутка со лева нога, а се влече повеќе со десната рака. За седење седи, ама пак сум до него не го оставам сам никогаш. Се врти од грб на стомак оддамна уште од 4-5 месеци, а назад само ако е на нешто меко пример кревет, на под не, валда знае дека е тврдо Често знае да клекне баш во позиција за лазење и да се клати напред назад ама движењето му е со влечкање. Брз е и сегде оди. Повеќе ми е за моментот што не се фаќа за да се исправа, можеби затоа што оваа лазечка позиција не е баш најпогодна. Дали има некоја мајка чие дете не лазело класично и кога почнало да се исправа?
Нема врска исправањето со лазењето. Мојава турбо лазеше ама тек на 9 месеци се исправи и тоа и покажавме. Тогаш сконта што треба да прави и после тоа сама се исправаше. Покажи му еднаш како на ограда од креветче да се исправи и слично, ќе почне само после.
Да, мојот прво почна да се влече како војник, па се исправи и тек тогаш почна да лази. После почна по мебел да се движи и прооде. За седењето не ми текнува некаде пред исправањето беше.
Уште не, ама се познаваат како бели коцки на жлебината и агресивно се чешка. Кај вас уште ли нема најава?
Исто и моето има такви бели коцки и често е нервозно. Ке излегуваат? Ај некој искуство за колку време избиле по појавувањето на коцките?
Кај нас 4 месеци На 9 месеци искочи првото. Душа ни извади на сите со тие заби, општо сите заби многу тешко ги извади, еве и за петките голем проблем беше се будеше со плачење по цела ноќ. Конечно на 2 год и 9 месеци завршивме со заби, шестките мислам доста покасно се.