И кај нас имаше бело испакнато 5-6 дена, па два дена дупче пукнато на непцето и излезе. Во меѓувреме препремногу лигавење, ситни црвени брунчиња околу устето и гризење шо и да се најде пред нејзе.
Офф многу време е тоа, белки кај нас нема да е така. Многу плаче навечер на секој пола час се буди нервозен д многу. Вака ако е 4 месеци јас Исто се скроз. Црвените брунчиња мислев дека се од лажичката за јадење, дека почнавме со вкусови. Рацете цели си ги пика и сака и цуцла и прст во исто време да смука Ајде белки и кај нас ќе излезат скоро, ова е измачување и за мене и за бебе
Ве молам за совет. Денес ја забележав папочето внатре има како ѓубренце и и е вцрвенето. Со што да го чистам? Чистев со физиолошки и газичка но нема некоја разлика. 9 месеци инаку, прв пат вакво нешто ни се случува
Јас ја имам chicco liteway 3 и сум многу задоволна. Првото дете се возеше од 6 месеци до 3 години т.е до 18кг а сега ја извадивме за второто и е како нова.
Јас го земав, кај нас се покажа добро. Бидејќи не ме остава со прст да намачкам, мачкам на цуцла. Има појак мирис на анестетик ама не и смета очигледно преку ден кога како а за навечер со последното млеко обавезно и ја мачкам цуцлата и спие мирно. За други немам пробано па да видам евентуално дали има разлика, дали се подобри.
Мммм... 6 месеци имаше бели коцкички Јас од 4ти месец бирав колачиња, пролетни па летни и на крај новогодишни испаднаа
Мајки дали вашите бебиња си ги држат рачињата заедно, како за молење, и ги мрдаат напред-назад? Овие дена нонстоп си игра така, не знам што значи, дали да паничам. Синчето вака не правеше никогаш. 6 месеци наполни пред неколку дена.
Исто и моето, за некој ден ќе прави 6 месеци. Со рачињата склопени, ко да ме моли...не знам што му значи тоа, дали моли за јадење, дали е гладен, жеден, му си игра, му се спие... Не знам превод
Даа и првото ми правеше така, еве и помалото почна после четвртиот скок. Си ги осознаваат рацете, сфаќаат дека се нивни, веројатно почнала и да си ги гледа зачудено и да ги фаќа нозете.
Ниедна, освен одмарање очи по 15 минути Се шалам, мојата од бебе што спие по цела вечер, се претвори во бебе која стално се буди, мора да е до мене и не спие преку ден. Цела е на брат и.
И мојава е скоро 7 месеци, ама нон стоп е на брзо спиење 3 до 4 пати во денот по 15-20 мин Ретко знае да себуспие саат време