Здраво мамички. Ние сме 6 месеци веќе Е сега нон стоп сме на цице незнам како да го одвикнам. Заспива и со цице, цуцла несака. Имаме проблем и со спиење. Пред 11 не заспива, се буди 3 4 пати до 7 часот и презаспива само со цице. Пробано скоро се да заспива порано и да не бара цицка ама не бидува. Почнавме и со цврста храна. Јаде се, ама пак цице бара Дење крш спиење. Поздрав
Мајки може имате пишувано ама да прашам, колку пати преспиваат вашите бебиња на 6 месеци? Мојата спие цела ноќ обично, денски преспива 3 пати по 15-20 минути, ама еве ја денес од сабајле трет пат заспа во кратко време. Сношти по долго време цицаше во спиење неколку пати, ама сабајле го најдовме првото запче и си поврзав со тоа. Сега ми е мисла да не има префатено од големиот и да ја мачи нешто, тој со температура и болно грло е. Дали е можно и времето да делува на спиењето? Инаку нормална е, цица, јади нормално, не верувам да ја боли грло и неа.
Izlezena ako sum za da se zalazuva vkolicka da bidi miren za po doma nema potreba .. sekako nemet hranliva.vrednost.
Мајки здраво, на кој начин прв пат стерилизирате шише? Земав стаклено на Авент за давање молзено млекце, дали после секое пиење ги зовривате или само на почеток? И на кој начин?
Со што им го чистите играчките и доле подлогите за играње на бебушиве? а со што чистите играчки и доле подлоги за играње?
Јас подлога пребришувам со влажна марамица,играчки може нешто под чешма,нешто да пребришам со алхохол и тоа ептен ретко освен глодалки и онака бебе секаде седи освен на подлога и се што ќе му се најди при рака лапа во уста.
Јас сеуште еднаш дневно го ставам во вода што врие, ама само вода пие од шишето. Кога го користев за млеко прво со сјај и топла вода, па во стерилизатор.
Na povetok ednas dnevno vo zovriena voda so soda bikarbona gi vriev. Sega samo so bebeski sjaj gi zamivam
Мајки хелллп, дај кажете некој лек за атопичниот дерматит.. лиценцето му е катастрофа... биодерма атодерм имаше ефект на кратко, мустела стелатопија исто и сега пак е... на телото не се толку изразени ама лицето е ептен ... многу ми е жал вака да го гледам
Моето бебче е месец дена, кај нас делуваше Weleda white mallow кремата за лице. Му го среди лицето за два дена.
Как нас само биодерма помогна, ама нон стоп мачкање може по 5 пати на ден, исто 2 недели по тело мачкав по 4 пати, препорачано од дерматолог а пробав бајаги креми
Глодалките исто со сјај и топла вода а подлогата ја бришам со Виолета влажни марамици пошто тие ги употребувам од раѓање