@jelo мајка проблемот со АД доаѓа од цревата. Мора да се ставиш на диета и да елиминираш најчестите алергени па полека да ги воведуваш. Исто давај Диастоп пробиотик - баш го има наведено АД. Друго, може од намален имунитет да се поизразени. Мислам кремите и често мачкање помага да се смири, ама не и да исчезне.
Шестовалентна, стрептокока и рота денес ни бапнаа Мислев на 6 м е само шесто и ротата Претходно немаше реакции освен столиците од рота, сега да очекувам ли некако многу наеднаш дојдоа, јас не спремна не очекував и срептококата, пратам по бебо апликацијата таму ја пишуваше на 12м .
@Cloverrrr на здравје. ние вака на 2ипол месеци, сите три ни ги ставија, освен поспаност друго немаше.
Сабајле и вечер. Користам диастоп пробиотик, на исхрана внимавам млечни производи многу малку внесувам, скоро ич. Бебчето уште само овошје и зеленчук јаде, немам дадено ништо друго. Водичка многу малку пие. Колку мл дневно вода да давам? Фала женски, утре ќе го носам на дерматолог да видам што ќе ми кажат.. @Rtulka @Freckles. @Matea94
Девојки некој дали има приватно осигурување за бебе и преку која осигурителна….?на мисла сум да уплатам за арно за лошо мислам околу 100 евра годишно се горе доле полисите некој искуство?
Имам јас преку триглав. Не сум го употребила уште за среќа а и од скоро го извадивме. Кога се распрашувавме, во другите компании немаше за бебиња, од 1 год нагоре
Имам од Триглав, но не знам колку се плаќа. Мене ми е во пакет со моето осигурување. Лани 2-3 пати го искористив, ми ги рефундираа трошоците за прегледите и лекувањата за децата.
Да да знам дека е кај секој различно зависи од полисата. Е супер да не се думам значи редовни прегледи и итни значи се рефундираат како што ми објаснуваа и рецепти на розево се ти покрива за арно за лошо подобро да се има
А ви текнува ли каква потврда ви бараа од матичен лекар? Дека е здраво детето или што документ од матичен дека. Еосигурано?
Кај мојава да не ја урочам и се повлече на лактот. На вратчето ако се чеша се појавува чат пат ама не јако што беше. Јас почнав само еднаш дневно да мачкам дали е до тоа не знам. Претходно мачкав 2,3 пати и повеќе се чешаше мислам.
Во документите имаше да се пополни од матичен лекар, но до сега само за мене имав таков пополнето? За децата никој не ми побарал сеуште, но мислам дека треба и за нив. И треба секако да се здравствено осигурани преку Фонд.
Што ноќ ќе беше ова. Вчера во темата 0-6 ја пофалив дека почна да спие. И ете одма да ми го покаже спротивното. Цела ноќ како да дремнуваше само, секои 15 мин пола сат разбудена беше. Преседа на цицка. Не знам што и беше.
Ја незнам што е ова со спиењето 6+ сме од кога имаме оброк бебо станува на секој саат вчера незнам колку пати станавме од бебе што се будеше само еднаш во ноќта добив бебе што се буди на секој 5 мин нз дали грешам во бројот на дренки некогаш има две некогаш три дај боже да е запче да препишам на тоа ете така си се пожалив
Ние сме фамилијарно осигурани и за сите бараа историја од матичен лекар плус за мене од гинеколог. Знаат матичните кога ќе кажеш за приватно осигурување што треба да ти дадат. Тоа е листа со датум кога си бил на преглед кај матичен и за што си бил