Ние сме преку фирмата кај што работам фамилијарно осигурани сите преку Кроација, ко се породив само матичен број и матичен лекар ми побараа од малата, ништо друго.
Јас млечно скроз исфрлив, ако јадам е овчо или козјо кисело млеко. Еднаш земав едно овчо од друга фирма и прво мене ми се појави, па некој ден на синко. Претпоставка ми е дека не е чисто овчо, туку со кравјо мешано... И не јадам и јатки, кикирики. Водичка се дава месец х 10мл зљ да не смета на доење. Значи на 6-7м треба 60-70мл да пие.
Мајки колку мл вода им давате на вашите бебуши? И уште нешто дали хрчкање од носе е знак за лекар??? Веќе една недела ми хрчка ставам аква марис и денес направив инхалација со физиолошки … до кога се чистат така инаку друго не кашла ништо….????
Malata vo paket so nas ja osiguravme vo Triglav, za nea bese okolu 50 evra. No, mislam deka redovni pregledi ne se pokrivaat, samo koga ima realno neli problem. Ama ako ima nekoj poinakvo info neka kaze.
Исто, од бебе кое на два месеца преспиваше по цели вечери, сега се буди на секој пола час. И мора да ја гушкам и да спие до мене. Цела сум вкочанета. Туку бебка е цела исфрлена на газе, а приметив и дека по тело има. Ново не сум дала освен сега праска, ама она е исфрлена пред праската на газето. Се мислам од пелените да не е.
Леле исто сега ни наплаќаат што сме спиеле предходно по цела вечер Некаде читав се исфрлувале од самото воведување на цврта храна од промената на текстурата на каката и слично демек со тек на време ќе се средело не им била навикната кожата на таа текстура
Жени јас не знам дали бебето ми е прегладнето или прејадено од кога сме на АД и каши, вчера воведов втор оброк - колку млеко треба да пие со вториот воведен оброк во рок од 24часс. Сега ми поврати малку се плашам да не му биде нешто. Инаку за спиењето исто. Сака само да се гушка.
Најверојатно е дека се во скок 5, фазата Врски На мојава денес и завршува, па да видам од вечер како ќе биде Жива ненаспана, вкочанета сум. Инаку на бебка моја омилена играчка и е една кокошка која всушност е играчка за куче. Какви тропалки, кучешката играчка ја сака.
Ноќеска детево ме мрдна, преташе, креваше нозе. Ми идеше да го треснам од земја ( Господ нека ми прости). Претепана сум. Да си се искажам.
И јас да си се искажам. Втора вечер по ред не сака да спие. Денски дремки супер. Вечерно спиење, нема спиење. Се прашувам дали нешто ја боли. Значи заспива отвара очи не е заспана ја спуштам почнува скока прета како да не и ни биле затворени очите а таман мислев заспала. До 2:30 вака. Тек во 2:30 заспа. Маж ми се обиде 2 пати да ја заспие лелее мајко плачење до солзи вриштење почна да липта не можев да ја смирам одвај. И после нормално јас нишав цела ноќ. Викам да не и излегува запче ама уште нема. Таман почна убаво да си спие. Сега што е ова??? Да не има некој скок на 7 месеци?
Јас да се приклучам во ненаспани... таман го пофалив дека спие убаво тој ми покажува спротивно. Уствари он си спие ама цело време на страна спие, свртен накај мене и обавезнооо ми бара раче да му држам инаку не сака да спие. Трета вечер по ред е ова вака... само јас да го држам за раче. Затоа сум вкочанета.. Од 5 скок уште две недели според апликација ни останува. Денски спие дури и повеќе од претходно. @JuLleE во право си за 5 скок и за фазата. И да лепенче е за мене, кај татко му сака а кај друг не
Сигурно е запче, исто беше и кај мене пред да излезат запчиња,ми беше кажано од педијатар дека навечер најмногу ја осеќаат болката кога мируваат кога не се активни,затоа мачкај со гел за запчиња.
Пак јас. Луѓе што е со моево бебе? Дневни дремкие ок. Има три дремки вкупно 2.5-3часа.. Заапива брзо со кратко нишање минута две. Ама штом дојде ноќно заспивање како е можно бе, не сака да спие. Како друго бебе да заспивам. Пробсв и порано и покасно легнување. И по последната дремка пробав и 2часа будност,2 и пол. 2:45, 3 секако пробав и никако не сака да спие. Нервозава кај мене расте. Не сум способна своето бебе да го заспијам. И на моменти на жифци ми иде... нека ми прости господ. Ама заморна сум со друг нема шанси да заспие друг не остава да ја ниша одма вришти .. 7 месеци сме. Има ли надеж, до кога вака?
Да те утешам Еве ја мојава, во 8 дремна едно пола саат и толку. Почна да трља очи и дадов да цица сега, се пододмори и еве ја брмчи ко да е 11 сабајле
Утро мајки Детево не си го препознавам, ај да се придружам во ненаспаните. Јака ви душа вие што издржувате нон стоп вака. 3 ноќи око несака да склопи само да го нишаш и во раце да спие. Вчера во 12ч кога го јадеше млекото премираше 1 саат и мислев дека е потопло млекото. Кашата во 15ч ја изеде без плачки, ама кога дојде ред во 18ч пак за млеко Плачеше 1.5 саат неутешно и не можевме да го смириме ни јас ни мм. Се спаковавме и правец кај матичната, и таму пиштеше така, вика се е во ред не е настинка а нема знаци ни за заби. Цела ноќ дежуравме не спиеше, 7 часот утрово 38.2 Дадов ефералган еве се симнува и заспива со рацете во уста, и строго во раце. Заби ќе се ?