Никако и до нигде. 8 полни е нема уште оброк. Блв никаков прогрес, значи ништо ништо ништо. Сака само да земе во рака и да изгмечи. Толку. И само некогаш носи демек накај уста и фрла и така се смешка као ме зезнал што воопшто сум помислила дека ќе лижне. Последниве денови кашички давам, зеленчук и месо чинам органски не поднесува. Овошни ќе проба некоја лажичка. Што ќе проба што ќе плукне што по раце ќе излепи, се на се недоволно. Последно земав оние ко смуди што се од Хип со овошје и јогурт. Е тоа знае сам два три пати да смукне, два три пати јас да му дадам со лажичка. 90 грама е. И така 2-3 пати на ден и пак нема цело изедено. Гладен не е. Ме цеди. Не само дење туку и ноќе ме исцеди. Ни сум спиела ни сум јадела ко човек, цела искривена сум. И млеко се поише и поише имам и тоа се нервирам сеа на 8 месеци почна да ми прска и цеди. Не знам што да праам, се што знаев и се што прочитав пробав…. Твоето спие бар ноќе да одмориш?
Не. Мојата денес полни 8 месеци и почна да се врти од грб на меше и рачето да си го вади. Претходно рачето и се заглавуваше.
Уште нешто да прашам. Сношти во 9 го сменив последниот пампрес, а наутро во 9 беше скроз сув. Не мочкал, а скоро цела вечер цицаше. Нормално ли е? Е после тоа мочкаше.
Леле Јованти исто. Далеку сме од оброк. Се радувам на секоја лажичка, а тоа е премалку. Да немав вакво бебе, немаше да поверувам кога некој ќе ми кажеше дека не јаде ама баш ништо. Со каши продолжив и јас. BLW не ми ги исполни очекувањата. Битно лажичките стигнаа. Сега баш планирав да излезам да изнакупувам каши па да пробам со нив. Ова ќе е втор обид со купечки. Шмукалчиња не сака, т.е ништо не сака. Вода пие. Бар тоа да не ми е на мисла. Од раѓање не спие моето. Не може да поврзе циклус од 45мин. и се буди цело време. Зомби сум. Градите ми пукаат, мислиш на почеток на доење сум. Многу сум во паника дека тргам за брзо на работа. Ни АД не сака. Цице само. Со спиење како сте вие? Едит: Сега те препрочитав, си ми пишала за спиењето. Више бел ден не гледам пред мене.
Абе тој спие. На пример 7 саат се приближува и веќе почиња да кенка и до 7 ипол најдоцна сме во кревет. Само што, само првото спиење му е час до 2 поврзано, ама тоа е од 8 до 10, а јас тоа време уште сум будна. И од 10 натака веќе се буди нон стоп. Само до полноќ се буди 10 пати. Мислам тој одма продолжува да спие не седи буден, ама на цицка. Последно време ќе цицне и ќе се заврти на другата страна, ама чувај боже ја ако се завртам одма се буди. Не знам како знае и како ме осеќа. Се искривив само на една страна цела ноќ. Претходно на 2-3 часа го префрлав на другата страна за да можам и јас да се завртам, ама последниве месеци и ќерка ми е до мене и не можам до неа да го ставам. Од неа цела ноќ јадам лакти, колена во бубрези, коса ми тегне во спиење, или раката слободен пад ќе ме ѕвекне, тој од другата страна на цицка. Ме штракнаа двајцата. Треба да престанам да читам правила за воведување на намирници и оброци оти само се нервирам. Вака ќе се погоди некое и нема шанси да се држиш до некој шаблон најмалце да следиш некое правило. Све е наопаку со исхранава кај детево. До вчера имав цела кутија сокчиња со јогурт, 4 внатре, сеа исто имам такви, ама овошје со кокосово млеко и уште тегле овошки што веќе ги има пробано основни, ама плус цреша/вишна нешто. Вечер треба да пазарам и ќе доземам теглиња со овошки што ги нема пробано па и алергени оти не можам веќе да давам само основни оти јаде едвај 5 лажички, па му давам повеќе денови исто. Кај што ништо друго не јаде бар овошјево со по некоја лажичка да го поминеме. Да готвам не ми вреди. Стварно не знам што ќе се праи со ова дете.
Има такви денови и моето. Пред некое време три недели се будеше на 20 мин., ќе ме цицне и продолжува. Еднаш броев 40 пати се имаше разбудено ноќта. Други денови халуцинирам, некогаш ни саат не гледам од умор. Среќа е што поголемото е многу поврзан со мм, па спијат заедно, иако последниов период мора да лежам до него и јас дури да заспие. Па ако во тој момент се разбуди бебе ме чека додека го презаспивам. На кревет уште пердув не сум се сторила, исто, мрднам ли се буди. Што ќе воведуваш, нема мерак. Го земав тефтерот со првото да видам како било и го затворив. Други правила со ова, т.е нема правила. Ќе пробувавме сè. Само тоа и ни останува. До следно.
Мајки ги оставате да спијат на меше моево цела вечер се врти на страна лево десно и на меше ама ми е страв да го оставам на меше да спие па почнав до мене да го легнувам ми е страв во креветче да не го осетам дека се свртел
Ние сме исти со тоа што да не ми е шумишот не знам како ќе се успие иако веќе 10 дена и со него па пак потешко заспиваме, ние веќе и 3-4 дена имаме штрајк со јадење и ми текна, по апликација веќе сме во 6ти скок, на здравје кој сака нека честита, есен месец ужаси!
Генерација нејадачи мојов секој оброк му е 5-6 лажички. Секое почнување, убаво отвара уста, јаде 5-6 лажички, најмногу што има изедено е третина тегличка, и наеднаш затвара уста и не сака. Ни вода пие, ни да продолжи сака, ни сака да се насмее, ништо.. Ако го тргнам од хранилка, почнува да се смее.
Леле што деца ќе беа бе стварно Ве читам и ко дома да ми се вашоте деца исто0 Ај што ретко ептен ретко се погаѓа нешто да и легне па да изеде 10 лажички а од се останато не што плука туку нагони за повраќање добива бе Не ми е јасно како на 1 месец пиеше вода и чај од шише, а сега ни под точка разно да повлече. Сакав да прашам дали ги користите оние мрежичките за цицање што се става овошје внатре? Дали се ок? Што ставате обично? И која е целта...да се подлажат и заситат моментално или?
Јас баш пред некој ден почнав да и ја давам и ставив еднаш банана еднаш јсболче си го шмука и си чешка непца така да го бендиса ќе видиме до кога хаха
Јас имам и мрежичка и силиконско цицлче. Мрежичката не и се погоди, има едно запче и знае да го поткачи со мрежичката. А со силиконско си ги чеша непцата и си јаде. Најчесто како ужинка и давам овошје во него и ужива.
Колкаво е бебуше? Ако се крева на рачиња кога е на меше, слободно оставај го. Мојата не спие никако на грб, само на меше од 7 месеци.