Првото е со мрежичка и го има во зегин 308 ден, а второто е силиконско (ја украдов сликата од друга тема ) го има во ДМ ама незнам која цена е
@Freckles. Еве ти одговориле. Јас го имам баш истото од зегин многу е големо и се нервира со таа мрежичката а некако и не ми е хигиенски тешко ја чистам. А силиконското јас имам од wee baby околу 160 денари го купив. Идеална голимина и е погодено нит големо инит мало.
Даа, силиконското е супер, јас вчера го купив за син ми, денес го пробавме, околу 200 денари беше во дм
Има ли некоја бебе што виси се на цицка? Моето е нон стоп на цицка на секој полаа саат. Имаме и еден оброк. На вечер станува по 5 пати повеќе од 3 сати нема сврзано. Размислувам уште еден месец и да го одбијам. Навечер само со цице презаспива.
Друштво, ние денес правиме 6 месеци, и сме печени за групава. Ги исчитав последниве 15ина страни, и кога веќе сите се пожалија за неспиење, да се надоврзам и јас. Инаку, имам близнаци, и скроз се различни во табиетот. До 4 месеци не сетивме дека се две. Ниту грчеви ниту плачки (генерално зборам). Е сега, откако направија 4, се разболеа, бронхитис, па одење на болница 10 дена сабајле вечер, дома по 3 пати инхалации... оттогаш некако едниот близнак почна ноќе да бара да спие гушнат. Може од траума, може и од скок во развој. Родени се во 8ми месец. Едниот близнак си продолжи да си спие сам во креветче, да се буди еднаш за јадење, и да си биде генерално добар (иако претходниве денови и тој малку кенка ноќе за да го прошеташ). А дригиов близнак е скроз различно. Ај што прво сакаше да биде само гушнат, дури и мене ми беше убаво, сега никако не можеме да се нагодоме да најдеме позиција. Не плаче, ама гмечи, кенка, цела божја ноќ. Можеби се и запчиња, ставам гелче, откако ќе ставам заспива...ама пак се буди за брзо. Преку ден претходно си остануваа без проблем со баба им и дедо им, сега не можат да го заспијат преку ден ако не му пеам и не го нишкам јас. Кажувајте техники за откажување на оваа блискост, некогаш и дури грев ми е за другово пошто не е толку захтевно. Едното спие во креветче, другово со нас. Па греота е првово, ама нема место за сите Ако некој бил на обуките на dr.goodnight да сподели искуство во што се состои обуката. Дали во ваков случај успева, и дали е она само следење рутини во истп време и тоа е тоа...
Скоро 7 он се подига на рачиња ама на мама и е страв фала ти многу ќе почнам да го оставам сигурно така му е позгодно
Мајки тука сте ми поактивни Може сликичка од кој вигантол давате на вашите бебуши? Гледам има од 500ие и од 20 000ие
Мајки што одите на работа, каков распоред на јадење имаат вашите бебиња, колку оброци? Јас само го дојам, сега почнав со дохрана, воведов доручек и од вчера почнав да давам и вечера.Додека да тргнам на фаб ке виведам и ручек уште 2 месеци имам. Кога ке тргнам на раб ке бидам отсутна од од 07 до 17.30 а бебето ке треба мин 4 оброка да има додека се вратам. Дали да воведам плус ад, дали да се измолзувам, не сум паметна, ај ве молам искуства.
И моето не сака шише, нејке ни молзено, ад не сум пробала да дадам, несака ни вода, стварно незнам,дали да вметнам сокче како ужина и плус една млечна ужина, дотогаш ке воведам млечни, бебе ке биде точно 9 м кога ке тргнам.
Јас колку што знам еден Вигантол постои, тој @Coco31 што го има ставено. Една капка е 500ие, цело шише 10мл.