Зависи од политиката на фирмата, некои дозволуваат 1час порано да завршиш со работното време. После искористувањето на отсуството работничката која го дои детето, а работи со полно работно време, има право на платена пауза во текот на работното време, во траење од еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го има работничката до наполнета една година возраст на детето.
Значи започнал процесот. Моето е 7,5м. веќе лази низ пола стан, го исправа телото па тешко ќе му дојде на рачињата па продолжува како војник.
@GoldenFrida не знам дали е баш лазење не е мислам... Ама кога е на меше главчето го спушта подолу и рачињата ги мести како за пленк а газето го крева Не знам дали објаснив убаво .. 7+ бебе
Може прашањето не е за оваа тема но незнаев каде да го поставам, од кога би можело да користиме трицикл?
Мами за дубак знам дека ортопедите не препорачуваат, ама чисто ме интересира од која возраст ги ставате во дубаче тие што користите?
Мене Талевски ми препорача дубак ама да допира на цело стапало не само на прсти исто и за џампер, ние сме за 4 дена полни 8м ама уште не сум купила.
Моја препорака е џампер, имаме и дубак ама избегавам да го ставам бидеќи ќе “шиба” секаде. Со џамперот е топ, пред се безбеден е многу, сите обврски дома ги завршувам без да го мислам, моментално е најсреќен во него, на под ништо живо не сака.
Нешто пред 7 месеци почнав да го ставам. Истиот како на слуката, пред 5 години е купен бидеќи е од внука ми. Син ми е 3то дете што му ја вади маста, мислам уште минимум 3 деца ќе искрепи
И ние истиот го позајмивме , ама не сака плаче , неколку пати пробав да ја ставам , го подесив убаво и не сака
Леле мојот и со 38 температура само тука се расположуваше. Дури и кога не сака да јади само тука се лажи. Пробај со песнички и играчки да и даваш.
Да, го имам и во дубакот ставено неколку пати не го поместува само така си стои. А во џамперот знае да скока. Може да стои и да скока, се вдлабнува тоа стојалчето ако ме разбираш И седиштето се врти 360 степени, има играчки на него, претежно се што е на него гризи дури има една музичка кога пробува да ја гризи со носот ја пушта да свири и се смее
Јас правев дома, од лешници најмногу го сакаше. Ќе купиш лупени, непечени и во блендер ќе изблендаш. Тие сами си пуштаат некоја течност, па се прави убаво. Ако сакаш потечен додај многу малку вода. Само прави по малку зашто мислам до 3 недели може во фрижидер.