Мајки ве молам за совет...малата е 7 месеци ама имаме проблем што не сака да седи ниту во хранилка а пробав и во дубак не сака да го види постојано бара да ми е во раце или евентуално на под со еден куп играчки околу неа ама и тоа е кратко... веќе не се издржува ниту можам да подсредам нешто дома ниту да му обрнам внимание на поголемото дете...пробав цртани или музика да и пуштам на тв за да гледа барем кратко за да седи во хранилка ама џабе...како да ја научам да седи во хранилка за два месеци тргам на работа никој вака нема да ми ја чува напорна е...
Да не е од некое играче од тропалка го ставило во усте па се исекло моето имаше нешто слично на горното усте препишав на тропалката
Мајки, сакаме да земеме кенгури (два, дека за близнаци) и тоа од bebe home, пошто за поклон имаме ваучер оттаму, па да го искористиме. Дали некој има земено оттаму да ми препорачате, и тие што имате искуство да ми кажете на што да се внимава при изборот. Не сме во можност да ги видиме во продавница, па би зеле online. Беблациве се сега околу 6700 гр. и имаат 6 месеци. Валјда од сега па до октомври би можело да се користат, па едно од прашањата ми е, дали има и некоја летна верзија, да не им биде мн жешко во нив допрва... Фала ви.
Исто мила, исто станува исто спие, кенка, плаче, лудило а ја во 5:30 од милион пати стани легни сум зомби веќе
Мајки, ова со триењево очи ме загрижува искрено, ај кога му се спие ама тој трие и кога се смее и кога му е досадно. Нормално е ?
Исто и мојата така прави и плус кога спие се трие, ние сме 6++.мислам дека до вадење на заби е ги чешаат непцата барем така читав сега колку е точно
Мајки дали некоја има од овие две колички?Првото го пораснав само со зимска ама сега ми треба некоја вака полесна а да не е прескапа.
Тие што ги гледав им пишуваше некаде до 15кг, некаде до 20 кг. Само која кичма би издржала 15, па и 20 кг
Јас купив до 9 ама моето буцко на 6 мес имаше 9 па купував друг до 15кг. Сега има 11кг на 8 и пол месеци, маж ми го носи без проблем
Извадивме заби два од еднаш, еве го сега спика сам син мајкин се мачел. Пролази малку лази лази п ќе тресне. Леле ми порасна детево
Некој искуство кај бебе алергија на жолчка? И стручен педијатар за потврдување на дијагноза, како понатаму?
Мајки едно прашање. Како поминувате со фаза вадење на прв заб. Дали може од тоа нос да тече? Плус се појави егзема на лице и кенкање навечер, цицање цело време. Топлес сум цела вечер