Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    Топла купка, ќе го бањаш во вода за 1-2 степени потопла од обично. Така беше и ќерка ми пред две недели, јас во водата ставив и маст Мукоплант и уште додека ја бањав го исфрли секретот и и се олесни дишењето. Два пати така и помина за среќа.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Имам слушнато/прочитано дека масло, било какво, не се става во нос, зошто се „лепи“ заедно со секретот на гради. Провери дали е точно, да не е рекла-казала....јас лично немам ставено, и не би ставила.
    Можеш да го инхалираш (мојата 4 месеци така живееше, буквално секоја вечер пред заспивање, се` додека не отидовме на море и еднаш засекогаш го изваде секретот) со физиолошки секако, не знам дали има потреба од друго...јас сега и` ставам Диво оригано, ама твојот е мал за тоа, дивото оригано бил алерген, може да изреагира, а да не си свесна :worried:
    Држи го над чај од камилица, давај му да пие чај од босилек и примени го советот на Mayyya за топлата купка, ептен ќе го отвори пред спиење....

    Со лесно :hug:
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.849
    Допаѓања:
    109.898
    Пол:
    Женски
    Една пријателка ми кажа совет, го применив на себе па се надевам дека можете и на дечињата да пробате, мене ме одзатна и дишев многу полесно синоќа. Во 200 мл топла вода растворете една лажичка сол и една лажичка сода бикарбона, 4-10 капки Бетадине за гаргара, јас ставив 10 капки, значи колку е помало детето толку помалку капки ќе ставите. Префрлете во шишенце од потрошени капки и слободно користете, нормално и солта разјадува, не претерувајте, но многу е подобро од капки за нос Едил ;)
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Мајки јас имам еден мал-за мене проблем, не знам како да го кажам, син ми веќе една недела откако настина со носето не ми ја јаде овошната каша наутро, до сега му давам само домашно приготвена каша со овошја кои ги бирам на пазар не прскани и ги мешам во блендер и до сега си ја јадеше полна чинија со сласт без никаков проблем, ама еве откако ми настина не сака да ја јаде, ајде првите денови си велам логично е да не јаде, затнато беше кутрото и не може да јаде, не ја јадеше ни зеленчуковата ниту млечната ама после наредниот ден веќе си почна зеленчуковата и млечната нормално да си ја јаде како и порано, а еве овошната до ден денес не ја јаде. Не знам зошто???? Што се смени? Ја правам како и секогаш, ништо немам променето за да не му се допаѓа и да не ја јаде, навистина се пробав и на сила и со залажување и еден ден пауза не му давав и еве пак истата песна. Денес го оставив и повеќе сати гладен си велам ќе изгладни и ќе јаде ама не, не сака, 2 лажички само и толку, ја затвара устата абе нејќе да ја отвори за жива глава, не знам навистина што да правам, наместо овошје што да му давам??? Или да почнам купечки овошни каши да му давам? До сега не сум му дала никако готова, обично тука во Гр.ги земаат со 3,4,5 овошја во кутија се раствара со вода таа, не е од оние тегличките на Хипп и сега не знам дали таа ќе ја јаде кога веќе оваа домашната не ја сака?? :tmi: :(
     
  5. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Жени фала ви за советите :clap: се надевам дека ќе помогне зошто сиротото веќе се мачи недела дена, се избезумив начисто. Баш имам дома мукоплант не ми текнало деко може и на него да му ставам.
     
  6. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Каков маслинов зејтин во нос? Да и кажеш на свеки таа да си стави :fubar:

    Знаете дека во мојот град дете од 1 година почина затоа што вдишало масло за сончање :!:

    Маслото буквално се лепи за дишните патишта, ги запушува, нема проток на кислород и исходот се знае.
    Сте сретнале препарат за нос во вид на масло?

    Иако се работи за една капка, само една капка масло во нос ни на крај памет!

    ЕДИТ Мукоплант на 6 месечно дете, ја би само по совет на педијатар. И јас на мојот кога првпат имаше бронхит на 16 месеци во прво време по совет на матичната му ставав мукоплант на гради (балзам). Ама како што син ми сега има астма, а една од контраиндикациите е астма, да сум знаела ни на крај памет балзам на гради. Од каде знаете дека и вашето дете не е со таква склоност, па наместо корист ќе направите штета.

    Ама секој со свој памет.
     
  7. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    ^Јас ставав на своја рака од маста количина колку пола лажичка во водата за капење и по мое мислење не би требало да има штета. За на гради директно и јас не би се осмелила да ставам, ќерка ми има 10 месеци. Инаку има и специјално средство Мукоплант што се става во водата за капење.
     
  8. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    rainlover и мене ми падна сомнително само си реков што штета би имало па природно е,а не размислив дека се слепува :wasntme: А ова со маслово за сончање дека може да предизвика смрт ми е малкоу дискутабилно, не ради структурата ами ради начинот на кој го вдишало. Невикам дека неможе да се случи,само зависи како се случила целата ситуација и колку количински му влегло во респираторните органи.А што се однесува до свеки си викам ај женава постара е треба да знае повеќе од мене ,по нејзини кажувања порано ставале во село така им помагало го исфрлале секретот :D Ама ако тргнеме по таа логика порано од многу што знаеле,децата им завршувале и од банални работи (ова го имам слушнато од прабаба ми,па ако умре едното ќе си родиш друго :o ) И да не заборавам не ставале маслинов ами обичен зејтин. Е сега не верувам дека свеки сакала да ме зезне оти и таа користи повќе бабини лекови и многу многу нема поверење на медицински лица,но тука двете не се согласуваме. Да не го тупам и јас како Mayyya мислев на течноста не на маста.
     
    На marchi-cool и rainlover им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.985
    Допаѓања:
    108.454
    Пол:
    Женски

    kallias блендирана ли ја правиш кашичката? колку заби има? зашто не пробаш да не го блендираш овошјето толку остави малку покрупни парченца па пробај малку по малку така давај му ја да видиш дали ќе сака. Инаку имаше моменти и ќерка ми кога правеше така и тоа траеше неколку дена. А за овие купечкиве нели со овошје што викаш дека се ,еднаш пробав и на ќерка ми да и дадам ама и се згади несакаше ни да ја мирисне , но сепак ако сакаш пробај да видиш може он ќе ја јаде убави се тие креми :)
     
  10. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    79
    Nie imame 7 meseci ipol i i stavam divo origano poslednive 2 nedeli nikoj ne mi kazal deka moze da e alergeno :^)
     
  11. billyy

    billyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    15
    Moето има скоро 14 месеци и еднаш му ставив Мукоплант на градите ама ептен малку, веќе не му ставам дирекно, слушнав дека некои набоди или на пижамчиња ставале, не знам дали така е подобро. Инаку капките за носе од диво оригано се најдобри, секако ако детето е над 6 месеци
     
  12. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Мајки и јас од свеки послушав совет за маслиново масло и на мое изненадување многу ефектно.
    Цела недела беше затнат,ни назогал,ни мукоплант ништо не помогна. На крај од немај каде детето се будеше со плачење буквално на секои 5 минути, ја послушав свеки и со стапче за уши допрано со врвчето во маслинов зејтин,плитко го забришав во носето. После 5 минути извади суви дебели зелени мрсули и заспа до сабајле. Свекрва ми тоа го правела со двете деца, јас до сега 2 пати и беше ефектно,сепак не збориме за секојдневна навика. Искрено не сум побарала лекарско мислење,ниту сум гуглала низ интернет,ама по некоја моја логика,маслинов зејтин(свеж,не превриван,бидејќи е канцероген)е многу здрав и 100% природен, јас му го ставам во ручекот секој ден по неколку капки, ако така се лепел во градите, тргнувајќи дека уво,грло и нос се споени,по таа логика би бил и штетен за јадење. Не знам, ова е некој мој став,сепак збориме за бришење со стапче за уво,не за прскање на зејтин со пипета во нос.Мислам дека е нема потреба од одење во крајност и вадење од памет како умрело бебе од масло за сончање...На следната контрола ќе ја прашам педијатарката и ќе ве известам, ако ми е грешна логиката прва ќе ве предупредам ;)
     
  13. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Значи Micika80 муабетот беше за капнување маслиново масло, а не пребришување со стапчиња за уши (прашај педијатар и за нив што ќе ти каже, дали се препорачува бркање со стапчиња во нос) да не вадам памет како со маслото за сончање, кое е жива вистина и се деси пред година дена.

    Тргнете од тоа дека не постои препарат за нос во вид на масло, не постои!
    Па, прашајте било кој д-р или педијатар дали се става масло во нос. Баш ме интересира одговорот.

    Некој применува народни лекови, кои во некои случаи навистина можат да бидат од корист, не велам не, ама јас не би да експериментирам со своето дете. Пак ќе речам секој со својот памет!
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Наједноставен лек за затнато носе е кромид :) . Една главица кромид се сече на 4 и се става до детето кога спие, на пример, и навистина помага во дишењето и го одзатнува носето. Е сега, ќе мириса цела спална на кромид, ама не е страшно, се издржува. Ако немате наткасна до креветчето, ако ставате поблиску до детето, во еден слој газа завиткајте го, доволно е. Чај од кромид исто помага, за поголемо детенце се става и мед, за мало, под 1 година, мед не. Мачкање во носе кај дете со стапче се прави само на самиот почеток на носето, никако не се брцка стапчето внатре во носот (ова ми го кажале различни лекари, веројатно е точно).
    За масло не знам, јас не сум им ставала, иако добивав совети за во нос и за во уше дури, ама мене тоа ми беше too much.
    Спреј од оригано е коцкање, не се знае како ќе реагира детето, може и бетер да му стане (мене ми стана, на пример, а не сум алергична на оригано, ама од спрејот имав неубава реакција).
    Има убав спреј, Ацидосалус, ама тој е со пробиотици и е пред сѐ за бактериски инфекции. Се става во нос и во грло, зависи од потребата. На моите прилично им помага. Го има во Зегин и во Еурофарм, скапичок е (900 ден) ама трае, зашто не се става многу.
    За мало бебе се препорачува топла бања, значи во купатило на пример, морска сол во врела вода, да испарува и малото да дише (ама не директно над водата, тоа никако). Или да врие на шпорет тенџере со морска сол, а вратата од кујна убаво затворена). Ама (за сѐ има ама) тоа никако ако има и ларингитис малото на пример, зашто ги задебелува дишните патишта, па станува опасно.
    Советите од страна секогаш примајте ги со резерва, размислете со своја глава пред да направите нешто, зашто секое бебе различно си реагира. И на лекар прашувајте си за сѐ што не сте сигурни.
    И уште нешто, ако бебето е преполно со секрет, се прави и аспирација на лекар. Не е баш најлесна работа, ама убаво се чистат дишните патишта. Ние и правевме на малата, беше стресно и за мене и за неа (морав да ја држам додека со цевче приклучено на апарат и го чистеа носот, ама цевчето преку носот го ставаа и длабоко, влегуваа дури и подолу од грлото и јас се преплашив да не ја повредат, зашто таа па цело време плачеше и се тргаше, цело време си викав А што ако цевчето ја повреди?!), ама имаше резултат, кога ми покажаа колку секрет собрале, неверојатно беше. Ама тоа сепак би рекла дека е за поекстремни случаи...
     
    На marchi-cool, Annath, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    79
    Majki ako nemame alergija na jajce deneska malce zolcka i dadov do sea nisto dali ke smeeme da jademe proizvodi so jajca primer jufki tarana i slicno :^)
     
  16. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Мами да ве прашам нешто како одите на систематски мислам досега до 6 месеци скоро на месец, месец ипол имавме вакцини и одевме редовно сега немаме, а никој ништо некажа кога да одиме освен на девет месеци за вакцина (таа со белег оти немаме), а нели до година треба да се оди секој месец? :?:
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.150
    Пол:
    Женски
    Алергијата почесто е од белката. Домашни кифли со јајца, домашни јуфки и тарана дури после 11 месеци. Тестенини без јајца може да дадеш штом ќе воведеш глутен во исхраната на малото.

    Ануле, нема потреба од одење секој месец на систематски. Тоа повеќе важи првите 4-6 месеци, после нема потреба толку често. Ако ти е за мерењето, дома сама можеш да го мериш малото. Ако имате мака, тогаш на лекар, инаку, реално, нема потреба.
     
    На anule88 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.616
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Od koga smeam da mu davam na bebus sok od dunja?
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.150
    Пол:
    Женски
    Можеш од 7-8 месеци :)
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Во потполно се согласувам со горенапишаново,и баш како што кажа и претходно rainlover потполно била во право со маслиновиот зејтин а и било кој друг. Бев вчера на педијатар и докторката го кажа истотото,значи никако капнување директно во носето само премачкување со стапче за уши на врв на носенце. А што се однесува до зејтинмаслинов може зошто е и самиот по себе здрав. Инаку во носе само Синомарин капки тие се со најголема коцентрација ги има и во помало пакување. Гради може да се мачкаат со Мукоплант и секако топла купка степен, два од нормалната внатре со морска сол. Инаку ние малиот еве го носиме веќе 2 дена на инхалација зошто друго чаре нема оти е мал па да не му се симне на плуќа. Целата процедура не е болна но е многу непрактична бидејќи се инхалира со маска а тој толку мрда што и тие 10 мин изгледаат ко вечност. Најмногу се разочарав од самата ординација која е на глас дека е добра,да не речам една од доста посетените, па и затоа го запишавме малиот таму,но се покајав од односот на докторките.Првот пат едната не ми наплати и воопшти не ни спомна дека инхалција се наплаќа,вториот пат кога мм бил да праша дали може и малата да ја прегледаат, планирааме и неа таму да ја пренесеме да се лечи,таа што била на смена го измарширала и му рекла да си го плати прегледот. Одам јас вчера и на смена на начекавме другата со која имавме одлична комуникација ни вели инхалации се наплаќаат по 200 ден и ја вака :o значи не е за парите ама зошто првиот пат не ни кажа? Па има луѓе кои неможат да си дизволат два пати дневно детето да си го носат на инхалирање па зар да неможат да си го дозволат тоа?! Инаку малата кај што ми се лечи во Свр не се плаќа значи инхалацијата е бесплатна освен ако не сакаш да одиш приватно и кожта упола 100 ден. А да си го купиш е околу 2200 ,значи они од едно бебе го вадат инхалаторот. Срамота!