ние пројдовме еден куп вакви вирози, последната и со бронхиолит. Ама пројде и гледам секоја наредна настинка/вироза мн лесно ја поминува. Заби нема уште, ама во процес е и од тоа и чури нос. Дадов оперил 2 пати кога беше најгусто, со одобрение на педијатар. А големата не ја отпишувај, многу се важни деновите во градинка пред школо. Носето ќе пројде, тоа е второ дете
6.5 месеци бебе, 5 скок на најјако плус сипаници и две запчиња излефуваат долу. Нема каде не му излезе брунка, температура 38.5 веќе два дена. Спие само во раце, по два три пати го бањам, го мачкам цица ам многу е жално. Се надевам дека од утре веќе ке се смири температурата и дека ке престане осипот. Само да се пожалам. После сипаници со што се мачка кожата да не останат белези. Поголемото сите корички ги излупи, додека го чешаа не се чешаше одпосле кога поминаа ги излупи како за инат, што да го мачкам да не останат лузни. Џабе ги делев предходно се измалтретиравме сите без веза. Има ли крај на овие вируси, сипаници чуда од нова год глава не кренавме. Синко голем не го пуштам никаде ни во градинка ни на карате ни со деца, збеснат е и он. Вие што имате поголеми деца вака ли е и кај вас? Почнав на бебе да му давам молерс место бебитол омега и на големото исто, се надевам дека ке живнат малку.Едвај издржувам веќе и психички и физички.
@macalavica јас не ги делам веќе, големиот пред 5 дена пиеше антибиотик за грлото, некни пак со температура беше од вирус. Овие дена спиеме сите заедно, носот му е затнат, тешко спие се разгалува и тој. Секако скоро секој вирус е пренослив и во инкубациски период, а заедно се тогаш. Еве и мене денес грлото ме боли. Многу се измачивте вие, баш ми е жал, ама се надевам дека маливе барем имунитет ќе развијат и ко ќе тргнат в градинка полесен ќе е тој период. Со помин да е што побрзо.
И кај мене големиот оди во школо, кога ќе сетам(ако воопшто приметам) дека има најава за вирус, болест, му велиме да не го гушка, да не го бакнува бебе. Ама џабе е, сите заедно спиеме и тој си бара внимание, особено кога е болен. Последно пред недела дена фати ларингит, после продуктивна кашлица која уште еве трае со премногу шлајм. И бебе е размрсулавено. Секаде го пуштам, секаде оди. Додуша поголем е, освен прополис спреј во грло и по потреба септаназал, не давам ништо друго. Ајде еве има најава за затоплување, да се надрваме дека ќе замрат малку вирусиве.
Јас сум у блага паника малово го држеше чичо му а он на устата имаше херпес во излекување завршна фаза, две секунди го задржа дур да земам кеса го земав му ги измив рацете лицето све. Не го балнуваше нормално ама си направив филм сега. И еве не можам да се смирам.
Господ здравје да ти даде ме смири ❤️❤️❤️❤️ ко избезумена сум двеста посто, а утре одиме на пат може и ради тоа ме мава психа
Истото и нас ни се деси, една комшивка ја држеше можда 20тина минути, ко ја земав ја приметив разранета во устата од херпес, животот ми се скрати. Лонг стори шорт, здрави живи сме, не фати бебето херпес, не се пренесува така лесно.
Зошто бе креваат бебе а имаат херпес, ти доаѓаат дома со кашлица, со деца измрсулавени кои кашлаат? Добро луѓево кај нас имаат малку култура?
Неспиење, кенкање, денски, навечер дури и во количка, место не го држи кутрото а заб никаде на повидок