Јас не стерилизирам, мијам со топла вода и сјај и готова работа, фала богу 8м сме и не сме имале проблем
За шишиња мијам со сјај и топла вода. Еднаш, два пати во ден ставам во нив да стои врела вода. На три, четири денови, ги ставам во тенџере да провријаат. Така тераме два месеци. Туку на колку време менувате цуцли и шишиња? Овие што сега ги има, околу месец ги користиме. Со тоа што имаме 3 шишиња и на секое хранење менуваме различни. Значи два пати во ден доаѓа едно шише да се користи. Пластични се, засега немам мирис забележано.
Инаку едно прашање, вашите бебуши се тепаат по глава сами додека пијат млеко, се шлапка човече се раскости, и увце си тегне кутро увце ќе го направи клемпуш од тегнење!
Првите месеци за се едно нешто стомачето е криво, после забите и ко ќе видеш усвари детето си е таквоо
Ништо нема да му е ако немал контакт на кожа со херпесот. Јас имав херпес скоро. Само не го бакнував бебе и гледав да не се доближи до херпесот, и добро поминавме еве уште нема ништо на него
Накај 10 дена фати. Доста долго му требаше за да престане да се затнува. Мрсулите првин беа прозирни, па после бели.
Истоо, си ги тегне нозете , нема мирување и некогаш и звуци испушта кога е за заспивање посебно е не мирен
Не прави така ама нозете де ги шири де ги носи до устата. Јас се зафркавам дека вежба млекото да не и се зафати, линија држи.
Да ве прашам ви личи ли ова на алергиска реакција? И дадов вчера јагода и денес гледам ваков осип на грбчето и на стомаче има само, ма да и со темп. сме еве 3 дена и заби вади и во градинка почна се одеднаш на раб на лудило сум
Ова може да се и вруќици. Толку закаснета реакција не верувам да има. Ако се сомневаш направи 2 недели пауза, па пак дај и малку и ќе видиш, ако направи пак иста реакција тогаш може да е од јагодата. Осип од розеола се јавува откако температурата ќе спадне.
Мајки здраво дали може да ми кажете искуства со почнување на работа а бебето е на доење? За еден месец треба да почнам на работа и сега несакам да се одмолзувам и да оствам млеко а знам дека е битно да пие млеко,па дали мислите да давам АД еднаш додека да дојдам дома па после да си цица нормлно? Ке бидам отсутна 8 сати сигурно и мајка ми ќе ја чува за тоа време. Фала ви