Добро е. Си расте, си јаде, спие подобро. Има свои фалинки, ама не е како што беше. Да не го наљутиш само.
Затоа што е пренослив. Јас знаејќи дека имам херпес, не би бакнувала било чие дете. Зашто бебенце рецимо од 2 месеци да има херпес пренесен од мене? Нема потреба. Паниката е од таму што не знаеш дали е во активна фаза за лесно да се пренесе или веќе поминува па нема да се пренесе. А луѓето што ти го бакнуваат детето додека имаат херпес, сигурно нема да ти кажат еј абе активен е шљап на бебето Барем јас така разбрав. Може сум грешка нешто
Па бебе е. Прета со рачињата. Ете моево пример ако го крени некој сака да го фати да го гали, па ако носи некој очила му ги вади, си игра. И после рачињата в уста. Не значи дека само со бацување ќе го пренеси
А зошто да го префаќаат и преземаат сите со раце? Првото ми беше бајче, цело време си лежеше и од старт ма сите им кажувавме дека ние не го држиме во раце, не сакаме ни друг да го држи, фала Богу почитуваа. Второво е живец, не стои на едно место ама не оди кај никој друг освен кај мене и татко му. Треба сами да си имате став за своето дете, тоа го правам јас и сакам да се почитува.
Не би го правела тоа со шприц, немам храброст, страв ми е. А колку ви траеше состојбата? Еве уште не може да спие, се буди.
Една недела. И јас прво немав храброст, брат ми на внуките секогаш така му го чисти па ми покажа тој, воопшто не е страшно и матичната ми кажа доколку стои бебето обавезно така да му го чистиме носето.
Ми се случува веќе два пати пола саат после јадење цврста храна да плаче како да го боли нешто, така 15-20 минути и после од умор заспива. Многу жално плачење, не може да се смири. Некогаш и од спиење во сред ноќ со викање и плачење станува. Искуство некој?
Нема ништо тука што би направило проблем единствено сливата ако направила грчеви. Ај пробај неколку дена полесна храна во смисла некоја што не би направила грчеви, овошјето обавезно лупено (ако не го лупиш), пробиотик не знам дали даваш, водичка обавезно по оброк. Просото како го спремаш, го киснеш прво?
Се ми е лупено, варено и блендано. Водичка некогаш бара и сред оброк, а обавезно давам после оброк. Ептен се радува. Просото го киснам од вечер и другиот ден го варам 20 мин. Така пишува на ќесичката. Бидејќи е суво додавам и вода од вриеното овошје во смесата.