Да ама ако мама нема врзано повеќе од 2 саати сон со месеци не знам колку може да биде смирена и посветена. Секој си ја знае ситуацијата и нема потреба од осудување.
Па не би рекла дека е многу вкупно 3 саати сон за бебе преку ден. Може такво си е и детето. Има деца кои не спијат ноќе, касно заспиваат или немирно спијат. Јас со големиот воопшто немав мака. Он и сега, знае са преспие преку ден и навечер пак 23ч најкасно да си легне. Малово има две дремки едната може да биде и два часа, другата исто или малку пократка и навечер 21ч најкасно заспан е. Ама рано стануваат 6.30 се на нога
Ако некој има и подржува различно мислење не значи дека е осудување. Искрено мислам дека проблемите со спиењето преку ден се поврзани со вечерните заспивања, а тоа може да и даде одговор на членката зошто е тоа така - не мора да значи, ама ете може да помогне.
Бананата зрела е? Ако е без точки, тогаш е зелена, може да е тешка за мешето и да предизвика запек. едит: имам пишувано на темите, мојот има проблем со мешето, и по препорака од педијатар е да не мешам повеќе од 3 намирници додека се навикне на храна. 6++ е
Не сакам да излезе дека осудувам, но зошто тренинг на мало бебе? Јас не би можела тоа да го правам. Ни со првото дете не сум ни знаела дека се прават тренинзи.
Па не беше зелена, малце беше поцрнета. Може и тоа што викаш, многу намирници. Денес 3 максимум ќе дадам.
Да и уште не спие Подобра е не можам да се пожалам дека седи со саати во текот на ноќта ама едноставно такво е детето знаете веке имам доста пишувано. Само сакам да кажам живи сме функционираме нормално не се умира од не спиење
@*katja* Отсекогаш имаше кратки дремки преку ден, уште од втората недела откако се роди. Лошо се искажав во претходниот пост. Се надевам дека кога ќе почнам со тренинг за спиење за дремки дека ќе се поправат, односно ќе успее конечно да ги врзува фазите на спиење. Инаку има разно разни техники во тренингот за спиење, не се сите - остави да плаче додека заспие. А ни таа техника не е нешто многу страшна, иако така звучи. Види, јас исто бев противник, додека не се јави огромна потреба да сменам нешто, зошто веќе не беше одржливо. Еве ќе ти кажам дека како резултат од тренингот имам многу понаспано и порасположено бебе. Претходно беше понервозна, не беше добро наспана, а не можеше ниту преку ден да се наспие зошто едноставно такви и се дремките. Се согласувам дека тренинг за спиење не е за секого, едноставно некои луѓе немаат потреба да го применуваат. Кај нас тренингот испадна полн погодок. Не би навлегувала сега во дискусии да го бранам тренингот, сакав само да пренесам мое искуство, можеби ќе и се најде на некоја мајка. Не сум читала многу, ама ете можам да ја препорачам книгата Precious little sleep, таму си е се' објаснето - што зошто како. П.С. Не е секое плачење од страв и болка. Бебињата се драматични суштества. Вие како родител ќе си осетите кое плачење какво е. Еве пример преска се изнаплака зошто не ја оставив да си игра со кабли. И да, ќе имаат и „негативни“ чувства, и тие се океј. Човечки се.
Не се умира да ама квалитетот на живот е 0 И не е секој вид на тренинг со плачење. Со доктор гуднајт разговарав за темава и нејзините методи воопшто не уклучуваат да се остава да плаче бебе
@Freckles. @Alexandrite @Black girl и другите што пишавте. За тој ден се согласувам дека ради тоа што спиеше три часа одеднаш затоа вечерта заспа во 2. Ама прв пат се случи тоа да спие толку многу и ми беше жал да ја будам. Иначе таа и до пред месец дена и дневното спиење и беше крш трљаше очи а никако да заспие или спиеше во раце, спушто ја ќе стане. Или спиеше само по 15,30мин. Е не знам точно кога да речеме пред ефен месец почна да заспива на секои 2,2 и пол часа имаше 3 дремки и вкупно околу 3часа дневно спиење. Тоа беше супер ама ноќното пак беше исто тешко заспива и никогаш пред 11. Пробано според возраста колку треба да биде будна пред ноќно спиење, џабе. Пишав и погоре поскеднава недела се случи да спие повеќе од 3 часа на ден. Тој ден кога сврза одеднаш 3 спиеше околу 5 часа вкупно. А другите денови 3 и пол,4 часа. Значи не знам до што е ама од старт е вака. Јас на почетокот за 48часа имав спиено само 4 часа. Поминав и издржав многу. Ама веќе 8месеца и почнувам да го осеќам заморот. Насабајле душава ми спие одвај станувам од кревет. Претходно не беше така иако спиев само по 2часа. Па цела ноќ се нишавме и седевме будни. Сега барем после 4ти скок научи со цицање да презаспива навечер. Како што рече @Skyler изгледа такво си е детето,се е пробано и џабе. Ама дека прво често се преиспитувам каде грешам. @see.emily.play не ме сфаќај погрешно не осудувам никого. Секој си имаме авој карактер. Јас не би можела да издржам таков тренинг ако се работи да го оставам детето да плаче. Душава не ми дава. Може и моево не е ок. Ама таква сум.
Сите знаеме дека добар сон е здравје. Но децата не се програмири тоа се живи суштества со свои потреби и карактер од раѓање. Секој си знае најдобро за своето дете но кај некој деца не успева ништо. Кој не искусил како е со дете не спијач зборам не спијач од прв ден на раѓање а не се разбудило два/три пати во текот на ноќта не разбира како е.
@Erika.greeneyes Спиењето на бебињата е ултра контроверзна тема очигледно, јас секако очекувам дека многу луѓе нема да се согласат со мене. Честопати има осуда за родителите коишто ги тренираат бебињата да спијат. Јас лично не се замарам кој што мисли за мене. Арно ама, поради осудата и маглата околу оваа тема некои родители кои што имаат очајна потреба од некакво решение, не се ни обидуваат нешто да променат и многу многу страдаат во процесот. Јас го споделив моето искуство токму за овие родители. Мене не ми одговараше да се будам стопати во текот на ноќта. Многу скапо ме чинеше. И бебето трпеше - таа беше ненаспана, јас бев нервозна и недоволно способна да го терам денот како што треба со едно бебе. Во врска со плачењето, бебињата плачат заради многу причини. А се' си има како се прави. Од неспиење не се умира, ама е ризик фактор. Кај некој ќе се одрази повеќе, кај друг помалку. Јас ако сум наспана можам на планина секој ден да се качувам. Кога сум хронично ненаспана ако се навалам нагло снемувам здив. Неколку пати сум била на раб да се онесвестам. Со бебе во раце... Дали други мајки уште помалку спиеле од мене? Секако! Ама јас не сум други мајки, јас сум јас. Мојата граница на издржливост е различна од таа на другите.
Го ценам твоето мислење. Моето бебе ете се погоди спијач можеби, не сум ја тренирала да спие. Ама некои начини како полесно да е за мене да можам и јас да одморам и те како користам. Ќе поплаче 5-10 мимути, ништо не и е. Јас инаку сум фан на sleep training. Јесте да на бебче му треба блискост, не му се скратува тоа, но сум слушала случаи до 3-4 години хаос ноќно спиење, што се регулирало со sleep training. 3 или 4 години рает не спиење, не сакам ни да замислам.
Намалимдневни дремки некс и бидст 2 или 3 ама пократки; првата до саат ипол а втора и треа бар по 45 мин за после убаво вечер да си спие.. и пробај бањај ја во корито секој 2 ден да си слапка со играчки ско сака се опуштаат така и поубаво спијат
Малата извади запче на 6 месеци долу, по една недела и второто излезе. Сега гледам и горе има едно. Не е рано малку за горе? Утре 7 месеци прави. И тоа двојка е, сега гледам.
Бебињата се будат и плачат зашто нешто им фали. Гладни, жедни, топло, ладно, галење и потреба за блискост. Ако на неговото плачење не му се одговори и се тренира, не значи дека престанува да се буди, туку престанува да сигнализира дека е будно и нешто му фали. @elenaklasik мислам имаше искуство со Др. Гуднајт па кога ќе може да пише.
Не е целата приказна, се будат честопати навечер кога преминуваат од еден во друг циклус, некогаш сами презаспиваат, некогаш бараат помош да презаспијат и затоа плачат. Не мора да значи дека нешто им е непогодено ако се разбудат и плачат. Плус скокови, регресии, заби, опстипација итн итн. Многу фактори се @anngelique јас купив книга со приказни и многу убави илустрации. Во просвета имаше многу убави книги за дечиња, мислам тогаш ја купив 1001 ноќ.
Да се мислам помеѓу книга или играчка, не знам што им е интересно на деца од годинка . Моето е мало 8,5 месеци и немам претстава